Директорот на ЈСП „Скопје“ Илиевски бара помош од владата откако цената на метанот поскапе

Билетот за автобускиот превоз не се планира да поскапи, нема да се повлекуваат еколошките автобуси кои возат на метан ниту пак се размислува за редуцирање на автобуските линии.

Ова е ставот на новото раковдство на ЈСП по драстичното поскапување од 120% на цената на метанот односно од 50 денари пред нова година на 110 денари за само неколку дена. Оваа нова цена на метанот која се должи на растот на цените на светските берзи ќе му направи нова финансиска загуба од милион евра ако не се вклучи владата со субвенции или регулаторна не ја замрзне цената на нивото од пред нова година укажува првиот човек на ЈСП Илиевски.

Со став се огласија и од Макептрол кој се увозници од каде укажуваат дека цената на метанот е во директна зависност од увозната цена на природниот гас кој од 292 долари во декември пораснала на 890 долари во јануари. Олеснителна околност за да нема уште подрастично зголемување е тоа што Макпетрол склучила договор со руски Гаспром за набавки кои се со 30% пониски цена од берзанската.

И покрај сите потешкотии со долгови од околу 4 милиони евра и цени на метанот кои прават еден автобус од новите 33 на ова еколошко гориво да вози 2 и пол пати поскап од дизелите сепак новиот директор оптимист дека до март ќе има повторно беспалтен превоз за пензионерите и за две години дека ќе почне и беспалтниот превоз за сите.

Српските власти идентификуваа19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за бомби

Српските власти  досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ србија, соопшти синоќа српското МВР.

Според објавата од српското МВР, утврдено е дека осум од дојавите стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.

За да се идентификуваат испраќачите на овие пораки, а со оглед дека се странски државјани кои не живеат во Србија, српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.

Според објавените податоци, за четири дена МВР процесуирало осум лица, српски државјани.

Двајца од нив се уапсени, а против шест малолетници се поднесени кривични пријави.

Од 11 март до денеска телефонски или преку електронска пошта, до различни институции во Србија стигнаа стотина дојави за наводно поставени бомби на јавни места и во објекти, како трговски центри и бројни училишта, мостови, плоштади итн.

За брзо возење казнети 147 возачи на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на државата, казнети се 147 возачи.

Од МВР информираа дека од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 31 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Службеници од Полициската станица Центар вчера во 17.40 часот на улица „Македонија" во Скопје ги лишија од слобода скопјаните Д.К.(19) и А.А.(28).

Како што денеска соопштија од МВР, тие биле затекнати при извршување „тешка кражба" во објект на улица „Македонија". Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава по член 236 од Кривичниот законик.

притисни ентер