Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање
1Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
2Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
МакедонијаДиректорот на Дирекцијата за ТИРЗ се сретна со извршниот директор за владини работи на Магна ИнтернационалДиректорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари успешна средба со Мисти Рајс, извршен директор за владини работи на Магна Интернационал, компанија која во државата веќе има две фабрики во рамки на ТИРЗ Струга и ТИРЗ Штип. На средбата, информираат од Дирекцијата, се разговараше за тековните активности на компанијата на глобално ниво, напредокот во Македонија, како и можностите за нови потенцијални инвестиции. Димовски, како што велат, ја истакна улогата на Дирекцијата за ТИРЗ и Владата во создавањето стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина за странските инвеститори, потенцирајќи дека континуираниот дијалог со постојните компании е клучен за долгорочен раст и проширување на инвестициите. Тој нагласи дека институционалната поддршка и координацијата со останатите државни органи претставуваат основа за одржување на довербата кај странските инвеститори. Потенцирајќи ги фабриките на Магна кои работат во рамки на зоните како едни од позначајните капацитети, тој посочи дека главната цел е обезбедување услови во кои постојните инвеститори ќе можат успешно да се развиваат, да ја унапредуваат својата продуктивност и да креираат додадена вредност за националната економија. Мисти Рајс изрази задоволство од досегашната соработка со институциите и од оперативните резултати на компанијата во земјата, нагласувајќи дека Магна Интернационал внимателно ги следи можностите за понатамошно проширување на своите активности, во согласност со глобалните стратешки приоритети на компанијата.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирањеВо Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем.Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем, нов модел на финансирање на универзитетите и построги критериуми за избор на наставниот кадар. Заменик министерот за образование Дритон Сулејмани го образложи предлог решението кое треба да обезбеди и нов систем за обезбедување квалитет, со построги правила за акредитација и периодична евалуација на високообразовните установи, како и поголема отчетност во трошењето на јавните средства. Уште на стартот, предлог-законот наиде на критики од опозицијата, која тврди дека наместо суштински реформи, предложените решенија отвораат нови проблеми и бара нивно повлекување или значителни измени преку амандманска расправа. Предлог-законот веќе предизвика реакции во академската јавност. Дел од професорите ги поддржуваат повисоките стандарди, но предупредуваат дека критериумите за избор во звања би можеле да бидат тешко остварливи за одредени научни области. Забелешки има и за новиот модел на финансирање односно дека би можел да ги стави во понеповолна положба помалите факултети. По расправата во матичната комисија за образование, наука и спорт, за пакетот реформски закони од високото образование ќе биде организирана јавна расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди Португалија Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата. Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаПродолжува растот на авиосообраќајот во земјаваАеродромите во Скопје и Охрид бележат зголемен интензитет на авиосообраќајот, покажуваат најновите податоци за првата половина од годинава. Од ТАВ Македонија велат дека двата аеродроми се меѓу 15-те најуспешни во мрежата со која управува компанијата, а воедно го бележат и најсилниот раст на патничкиот сообраќај во регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека во првите шест месеци низ двата аеродроми поминале речиси два милиони патници, што е за близу 30 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Во меѓувреме, авиокомпанија „Виз ер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, а според Николоски, тоа дополнително ја зацврстува позицијата на скопскиот аеродром како една од најголемите бази на компанијата во регионот. -Во првите шест месеци на двата аеродроми Охрид и Скопје има 2 милиона патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за 2 милиона патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се 4 милиони патници годишно е нешто што реално е остварливо,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски. Дополнителниот авион меѓудругото овозможи отворање на две нови авиолинии – до Палермо и Алгеро, со што се зголемуваат бројот на дестинации и фреквенцијата на летови. Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат тоа да придонесе за развој на туризмот, економијата и отворање нови работни места, додека од „Визер“ оценуваат дека проширувањето на базата со 7-ми авион е потврда за довербата во македонскиот пазар и ќе овозможи подобра поврзаност со европските дестинации. -Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции,- Неџат Курт - Генерален директор на ТАВ Македонија. Во првите шест месеци годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани повеќе од 13 илјади летови. Новите линии кон Палермо и Алгеро стартуваа минатата недела, а Николоски најави дека се водат разговори и за воспоставување две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице до Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter