Директорот на Борусија бара мислење од членството за договорот со „Рајнметал“ - Канал 5

Директорот на Борусија бара мислење од членството за договорот со „Рајнметал“

Генералниот директор на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке изјави денеска дека сака да се консултира со 218.000 членови на клубот во врска со контроверзното партнерство со германскиот производител на оружје „Рајнметал“.

Директорот на Борусија бара мислење од членството за договорот со „Рајнметал“

„Би сакал да имаме целосен увид во тоа што мислат нашите 218.000 членови“, рече Вацке, ден откако беше изгласано повлекување на овој спонзорски договор објавен минатата пролет.

На годишното собрание на клубот, одржано во неделата, 556 од 855 гласачи гласаа против ова партнерство, 247 се изјаснија „за“, а 52 беа воздржани.

Резултатот од овие консултации не е обврзувачки, но генералниот директор на Борусија, кој денеска одржа говор пред состанокот на акционерите, рече дека гледа „јасен сигнал“.

Неколку денови пред финалето на последното издание на Лигата на шампиони, кое Борусија го загуби од Реал Мадрид на 1 јуни во Лондон, клубот од Дортмунд и „Рајнметал“ објавија склучување спонзорски договор на три години, чија вредност не беше обелоденета.

„Рајнметал“ е еден од најголемите производители на артилериска муниција во светот, со очекуван профит од околу 10 милијарди евра, поттикнат од конфликтите во Украина и остатокот од светот.

Навивачкиот магазин на Борусија Дортмунд, Schvacgelb, објави дека потпишувањето на тригодишниот договор со „Рајнметал“ ги шокирало повеќето навивачи и оти производителот на оружје оттогаш го „променил надворешниот имиџ“ на германскиот клуб, што „наведе многу членови да размислат да престанат да се идентификуваат како навивачи на Борусија“.

„Рајнметал“ беше еден од главните германски производители на оружје за време на Првата и Втората светска војна, а во Втората светска војна ја користеше практиката на принудна работа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. 

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс.

Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат.

Истрагата е префрлена во Париз

Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот.

Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“.

Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Поранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. 

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“

За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер