Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!
1Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!
СветДиректор на руска компанија за оружје е нападнат со чекан пред неговата зграда,се бори за животАндреј Кондратјев, заменик-генерален директор и главен дизајнер на руската одбранбена компанија „Курганприбор“, бил нападнат со чекан пред неговата станбена зграда во градот Курган на 22 мај, објави локалниот портал „Област 45“.Според информациите од рускиот Телеграм канал База, кој е познат по своите врски со руските безбедносни служби, нападот се случил додека Кондратјев се враќал дома од работа. Кондратиев претрпел сериозни повреди на главата и бил хоспитализиран. Според првичните извештаи, нападот би можел да биде поврзан со неговиот професионален ангажман, иако конкретните мотиви и околности сè уште не се познати. Сторителот сè уште не е уапсен. „Курганприбор“ е компанија под санкции од САД и Европската Унија поради поддршка на руската агресија врз Украина. Специјализирана е за производство на компоненти за ракети, системи за водење и други клучни елементи на воена опрема и оружје и често се опишува како еден од столбовите на рускиот воено-индустриски комплекс. Украинските власти сè уште не го коментираа инцидентот, а „Киев Индепендент“ наведува дека не бил во можност независно да ги потврди наводите за нападот на директорот. Иако Украина претходно ја презеде одговорноста за операциите насочени против лица вклучени во инвазијата, во овој случај тоа не е директно поврзано со настанот. Околу десет дена претходно, на 9 мај, 74-годишниот инженер Владимир Недошивин, еден од дизајнерите на рускиот тактички ракетен систем „Искандер“, беше тешко повреден во градот Коломна во Московскиот регион. Според руските медиуми, Недошивин бил пронајден во несвест на скалите од неговата зграда и починал неколку дена подоцна во болница. Според рускиот портал Компромат, Недошивин по пензионирањето водел осамен живот и се борел со алкохолизам. Истражителите велат дека физичката пресметка се случила откако Недошивин наводно мокрел во заедничка просторија на зградата, што предизвикало реакција од 32-годишниот сосед и водоинсталатер Анатолиј Колобајцев. Според сведоците, вербалната расправија прераснала во физичка пресметка, при што осомничениот го турнал инженерот по скалите. Недошивин со децении работел во КБМ, клучна руска компанија за развој на ракетни системи, каде што директно учествувал во развојот на системот „Искандер“, кој руските сили активно го користат во војната против Украина, објавува „Јутрањи лист“. Овие инциденти се случуваат во контекст на сè почести насилни настани што влијаат врз поединци поврзани со руските воени и безбедносни структури. Пред нешто повеќе од еден месец, на 25 април, поранешниот заменик-началник на Главната оперативна дирекција на рускиот Генералштаб, генерал-потполковник Јарослав Москалик, беше убиен во експлозија на автомобил пред неговиот дом во Балашиха, исто така во Московската област. Истрагата покажа дека експлозијата била предизвикана од импровизирана експлозивна направа.Тагови: директор оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка! Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблем од ваков обем. На прес-конференцијата присуствуваа многубројни граѓани, меѓу кои и лица што претрпеле штети од добитокот. Нивното присуство ја нагласи сериозноста на состојбата и очекувањето институциите конечно да покажат слух за проблемите со кои секојдневно се соочуваат и да ги заштитат нивната безбедност, имот и труд. „Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски. Според информациите изнесени на Кризниот штаб, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ општината. Се уништуваат земјоделски насади, се оштетуваат приватни имоти и јавни површини и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот. Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и точно утврдена одговорност. Планот треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки што ќе спречат повторување на проблемот. Тој посочи дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени стотици пријави и иницијативи. Поднесена е и кривична пријава за мачење животни, а собрани се докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени уште во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост. Досегашните делумни интервенции, истакна тој, не обезбедиле трајно решение. Градоначалникот го отвори и прашањето за здравствената состојба и благосостојбата на животните. Побара одговори кој го следи добитокот за кој се донесени решенија за одземање, кога се извршени последните ветеринарни прегледи и дали се проценети здравствените и епидемиолошките ризици. Митовски нагласи дека институциите мора да ги спроведуваат сопствените одлуки и дека ниту партиската припадност ниту приватните интереси смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните на нормален и пристоен живот. „Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача Митовски до Владата. Тој истакна дека останува со граѓаните во барањето за итно постапување и заштита на нивните интереси, нагласувајќи дека трпението е на крај и дека Крива Паланка очекува конкретно решение, сега и веднаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter