Директор им дал бонус на работниците од 22 милиони евра- кешот им го истурил на масите (ВИДЕО) - Канал 5

Директор им дал бонус на работниците од 22 милиони евра- кешот им го истурил на масите (ВИДЕО)

Една компанија во Кина стана хит на социјалните мрежи откако нејзиниот извршен директор одлучи да им даде на своите вработени солиден бонус.

Директор им дал бонус на работниците од 22 милиони евра- кешот им го истурил на масите (ВИДЕО)

Извршниот директор на Henan Kuangshan Crane Co. одлучи да им даде на своите вработени бонус од дури 22 милиони евра, од кои 7,3 милиони беа дадени на настан со посебен услов - вработените да земат колку што можат да носат пари во рацете.

Прославата на која се одржа оваа необична распределба се одржала на 13 февруари. Беа поставени 800 маси за приближно 7.000 луѓе.

Видео објавено на интернет покажува маси покриени со банкноти, додека други снимки покажуваат работници кои носат пари во пакети.

Според South China Morning Post, компанијата, основана во септември 2002 година, остварила вкупна добивка од 33 милиони евра за 2025 година, што значи дека речиси 70% од таа добивка била распределена меѓу своите 7.000 вработени.

Ова е компанија која произведува и сервисира кранови и е присутна во повеќе од 130 земји низ целиот свет.

Како што објави еден кинески весник, во март 2025 година, истата компанија поделила 195.000 евра како бонус на 2.000 вработени по повод Денот на жената.

Како резултат на овие практики, директорот на компанијата бил окарактеризиран како „шефот кој најмногу сака да дели пари“, а тој одговорил дека „не е тоа што јас сакам да делам пари, туку младите луѓе се оптоварени со автомобилски кредити и хипотеки и секое олеснување што можеме да го обезбедиме помага“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија

Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.

МВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија

Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија.

Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан.

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема.

Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори.

Директно поставуваме прашање до Филипче и очекуваме одговор, против кого маршираше Филипче викендов? Против бугарските фашистички окупатори или пак против бугарските администратори?

Да не заборавиме дека токму тој со Заев велеше дека Бугарите не биле окупатори, туку администратори.

Затоа и тие 300 луѓе со кои маршираше, патем луѓе на Заев, му се максимумот кој може да го достигне.

Филипче е прочитан од граѓаните и тие не му веруваат, а потврда за тоа се и анкетите на кои јасно се гледа дека токму тој има рејтинг од 3%.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. 

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8, што ќе значи целосна доизградба на коридорот и целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, истакна на денешното поставување камен темелник на новиот автопат, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, станува збор за исклучително важна делница која треба да обезбеди целина на автопатското поврзување на западниот дел од државата, преку Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, овозможувајќи целосно поврзување на Коридорот 8.

-Овие 12 километри се исклучително важни и треба да дадат смисла и целина на целокупното автопатско поврзување, не само од Скопје до Охрид, туку и на целиот Коридор 8. Со ова автопатско поврзување, целиот коридор добива смисла, рече Николоски.

Тој нагласи дека градежните активности започнуваат токму на локацијата каде што завршува автопатот Охрид – Кичево, од каде трасата ќе продолжи кон Букојчани. Истовремено, на делницата од Букојчани до Гостивар веќе интензивно се работи на изградба на автопатско решение.

"Се работи за терен кој што е планински, кој што е исклучително тежок, терен кој што бара многу знаење, многу искуство и сметам дека изведувачите кои што се избрани, заедно со надзорот и со техничката поддршка, ќе можат да завршат одлична работа и сум убеден дека во предвидениот рок од 4 години проектот ќе биде завршен", посочи вицепремиерот Николоски.

Проектот, предвидува изградба на современ автопат со две возни ленти во секоја насока, со ширина од по 3,5 метри, како и помошни ленти од по 2,75 метри од двете страни. Проектираната брзина ќе изнесува од 110 до 130 километри на час.

"Станува збор за една исклучително тешка задача којашто ќе ја имаат изведувачите, коишто ќе добијат целосна поддршка од Владата, од Министерството за транспорт од ЈП за државни патишта", потенцираше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Тој се заблагодари на премиерот и посочи дека почетокот на изградбата е дел од развојната визија поставена во 2024 година, со која државата треба да се позиционира како значајна крстосница на двата паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10.

-Сакам да се заблагодарам на премиерот, затоа што овие работи не се случајни, ова е дел од визијата која што беше поставена во 2024год. кога оваа Влада беше формирана. Ние решивме државата да ја развиваме како раскрсница помеѓу двата пан европски коридори - Коридорот 8 и Коридорот 10. Македонија нема излез на море, но има уникатна географска местоположба, која што со силни инвестиции во автопатите и железниците, треба да значи економски напредок за бројни генедариции коишто доаѓаат после нас, го заврши своето излагање министерот за транспорт, Александар Николоски.

Изградбата на делницата Букојчани – Кичево претставува значаен инфраструктурен чекор кон подобра поврзаност, побрз и побезбеден транспорт и зајакнување на стратешката улога на Македонија во регионалните транспортни коридори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер