Шоу бизПо рекордната турнеја, Тејлор Свифт на тимот му исплати бонус од 168 милиони евра (ВИДЕО)Пејачката Тејлор Свифт го изненади својот тим кој работеше на нејзината рекордна турнеја „Ерас“.Во нејзиниот нов документарец „Крајот на една ера“, таа откри дека им дала бонуси во вкупен износ од 197 милиони долари (168 милиони евра). Им пишувала писма и им давала бонуси Потегот се случил по завршувањето на турнејата во декември 2024 година и вклучувал сè, од продукцискиот тим и асистентите до танчерите, музичарите и техничарите. Заедно со паричните бонуси, Свифт подготвила и лично напишани писма за благодарност до секој член на тимот, што предизвикало бројни емотивни реакции снимени во новиот документарец. „Давањето бонуси е многу важно, бидејќи за мене е важно да поставам стандард со турнејата „Ерас“. Луѓето кои работат на турнејата, ако турнејата заработува повеќе, добиваат поголем бонус“, рече пејачката додека подготвуваше писма за својот тим. Сите во тимот беа пресреќни Иако индивидуалните износи на бонусите не беа откриени, документарецот ги снимил нивните искрени реакции. Продукцискиот асистент Макс Холмс беше толку шокиран што кога го отвори пликот, едвај можеше да проговори: „Еве го тоа, мислам дека ќе се онесвестам.“ Пејачката лично ги предаде бонусите на својот сценски тим. Танчерката Камерон Сондерс ја прочита гласно трогателната порака: „Драга Кам, патувавме низ светот како што беше планирано. Ја воодушевивме публиката, но бевме и далеку од семејството.“ Многумина плачеа од радост, а Свифт ги прегрна членовите на тимот, покажувајќи колку ја цени нивната посветеност. Турнеја што ги сруши сите рекорди Турнејата „Ерас“ ги сруши сите рекорди. Тејлор Свифт одржа 149 концерти во 53 градови на пет континенти. Според „Њујорк тајмс“, турнејата генерираше 2,077 милијарди долари приходи само од продажба на билети, со проценети дополнителни 400 милиони долари дополнителна продажба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРусокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно местоЕдна од најубавите спортски новинарки на светот, италијанската новинарка Дилета Леота повторно привлече внимание со својот изглед на социјалните мрежи, откако се јави од студиото за време на еден натпревар минатиот викенд. Таа објави фотографии од своето работно место, а како и обично, беше во провокативна модна комбинација. За известување од една средба атрактивната Дилета одбрала црна, проѕирна комбинација, под која јасно се гледаше црн градник, истакнувајќи го нејзиниот буен биста. Со ова издание, таа уште еднаш ги израдува своите повеќе од 9 милиони следбеници, па така не недостигаа коментари и комплименти. https://www.instagram.com/reel/DepXu-Usoih/?utm_source=ig_embed Многумина се фалеа дека „направиле зум на фотографијата“, а други ѝ велеа: „Стануваш сè поубава и поубава...“, „Какво чудо...“ и слично. Дилета Леота во последните години е заштитно лице на британската компанија DAZN во Италија, а откако во мај годинава се породи по вторпат, нејзиниот изглед е постојано под лупа на јавноста и во центарот на медиумското внимание, бидејќи неверојатно брзо ја врати својата совршена линија. Дилета и нејзиниот сопруг, германскиот голман Лорис Кариус, имаат две деца. Првото дете, ќерката Арија, го добија на 16 август 2023 година, а интересно е тоа што Арија се роди на истиот ден кога е роденден на Дилета. Второто дете, синот Леонард, го роди на 9 мај 2026 година. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
ЖивотАјкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналотАјкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап. Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа. Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг. По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон. Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот. Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота). Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mkКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00