Дипломатската офанзива на Брисел и Вашингтон за решавање на косовското прашање - Канал 5

Дипломатската офанзива на Брисел и Вашингтон за решавање на косовското прашање

Интензивната „шатл дипломатија“ за косовското прашање го исчекува епилогот во Охрид.

Дипломатската офанзива на Брисел и Вашингтон за решавање на косовското прашање

Дипломатската офанзива на Брисел и Вашингтон која четири дена во низа се одвиваше во Белград, денеска ја заокружи високиот американски дипломат, Габриел Ескобар. Потеницира дека во Охрид не очекува чуда, ниту потпис на Европскиот предлог, но оти очекува напредок во разговорите, кои би можеле до крајот на годината да резултираат со конечен договор меѓу Србија и Косово.

-Морам да нагласам дека ова е пред се договор за нормализација на односите, а не за меѓусебно признавање. Американската позиција е дека Косово е независна земја, но тука не се работи за тоа. Во исто време, она што го очекуваме во Охрид е признанието дека Заедницата на српски општини е важен дел за односите меѓу Србија и Косово. Тоа ќе се оствари, но прашање е колку брзо ќе се случи и кој модел ќе се примени. , вели Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД.

Речиси во исто време додека Ескобар ја одржуваше прес-конференцијата во Брисел, во авторски текст првиот европски дипломат Жосеп Борел, кој в сабота во Охрид ќе ја има клучната преговарачка улога во разговорите, порача дека е време за одговорност и за напредок. Магичниот круг мора да престане, време е да се фокусираме на големата слика.

-Оваа средба се разликува од претходните. Не само поради тоа што претседателот Вучиќ и премиерот Курти ќе се сретнат во Охрид, а не во познатите сали на Европските служби за надворешни работи во Брисел, туку и поради тоа што ќе се фокусираме на Анексот за имплементација на неодамнешниот договор, кој ќе резултира со далекусежната нормализација на односите. , пишува Борел во денешниот авторски текст.

Според најавите, Борел и Лајчак во Охрид прво ќе имаат одвоени, а потоа и заедничка средба со Вучиќ и Курти, а главна тема ќе биде одредување на редоследот и роковите за имплементација на Договорот од 11 точки. Српскиот претседател Вучиќ, кој категорично е против признавањето и членството на Косово во Обединетите Нации, за вечерва најави обраќање до јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер