Динамо Синара прв полуфиналист во Лигата на шампионите - Канал 5

Динамо Синара прв полуфиналист во Лигата на шампионите

Ракометарките на Динамо Синара први се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите откако во реванш четвртфиналето на домашен терен го победија романскиот тим Баја Маре со 30:25 и со тоа ја анулираа предноста на противникот од првиот дуел од 25:23. Со вкупен резултат 53:50, шесткратниот шампион на Русија избори пласман на завршниот турнир во Будимпешта.

Динамо Синара прв полуфиналист во Лигата на шампионите
Олга Акопјан од Динамо Синара со 9 голови беше најефикасна на дуелот, додека во редовите на Баја Маре настапи македонската репрезентативка Елена Ѓеорѓиевска, но не се запиша во листата на стрелците.

Во 16:30 часот почнува дуелот меѓу европскиот првак Ѓер и македонскиот шампион Вардар. Предност од шест голови (24:18) имаа Вардар. Вечерва играат Ларвик и Турнигер (29:26 за Ларвик првиот натпревар) и утре се игра последното четвртфинале Будуќност – Виборг (28:22 прв натпревар за Будуќност). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена

 Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. 

Тошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена

Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена.

– Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено.

– Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје.

Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони

Охрид денеска е политички центар на Балканот. 

Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони

Претпладнево претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги пречекаа претседателите од регионот кои учествуваат на состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони.

Афродита Рамос е во Охрид, ја имаме во живо. Афродита што беше кажано за завршната прес-конференција?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложен стартот на судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска во Охрид по барања за изземање

Со видливи модринки на лицето 26 годишната Сара Ѓорѓиеска се појави во Основниот суд во Охрид, каде што требаше да започне судењето против нејзиниот партнер 31 годишниот Кристијан Корабоски за насилство. 

Одложен стартот на судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска во Охрид по барања за изземање

Но обвинетиот не беше спроведен во судницата а според инфрмациите се наоѓал во притворскиот дел во судот. Сепак судењето беше одложено. Пред почетокот на рочиштето одбраната барала изземање на судијката која го води случајот Александра Поп Стефанија, што било одбиено. Но по барањето за изземање на сите обвинители од ОЈО Охрид треба да одлучи ВЈО Битола со што ниту еден обвинител не може да постапува во овој предмет и ново рочиште судот закажа за 1 декември.

Обвинетиот Кристијан Корабоски не беше спроведен во судницата. Од судот подоцна образложија дека тој се наоѓал во притворското одделение на судот поради изолација, бидејќи во салата за судење се наоѓала Сара Ѓорѓиеска која е оштетена.

-Во салата за судење не беше присутен обвинетиот К.К истиот се наоѓаше во притворското одделение на Судот, а поради изолација, бидејќи оштетената С.Ѓ беше присутна во судницата,- -Основен суд Охрид.

Нејзиниот адвокат барањата на одбраната ги оцени како обид за одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста. Во врска со отсуството на обвинетиот од судницата, Шајн рече дека Сара не била прашана дали може да присуствува на рочиштето, туку дека тие инсистирале таа да биде присутна.

-Сметам дека заради одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста која ја има обвинетиот Кристијан Корабоски. Видовте не беше присутен во судницата. Тој беше присутен во судот во притворското одделение. Требаше да биде присутен во судницата како што е присутна оштетената.

Дали беше прашана оштетената дали сака да биде присутна во судница.

Оштетената Сара не ја прашаа, ние инсистиравме да биде присутна, да си ја каже вистината за целокупниуот настан бидејќи правда мора да има за овој случај. изјави – Ѓоко Шајн – Адвокат.

Сепак, во официјалното соопштение на охридскиот суд не е наведено дали одлуката на судијката Поп Стефанија, обвинетиот Кристијан Корабоски да се соочи со Сара се однесува на целата главна расправа или само на денешното рочиште.

Според обвинението Кристијан Корабоски се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, сторени при вршење семејно насилство.

Настанот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија која започнала во домот на обвинетиот, а продолжила во автомобилот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер