Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
2Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
МакедонијаДимковски: Градинарите изземени од викенд-забраната за движење, за другите земјоделци посебни дозволиЗемјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници се изземени од забраната за движење во викенди (саботи и недели) од 16:00 часот до 05:00 часот.Другите земјоделци, пак, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството, да образложат и да остават меил за контакт. Откако Подрачната единица ќе изврши проверка на доставените податоци, ќе ги препрати до Министерството за земјоделство, а потоа и до Министерството за информатичко општество од каде земјоделците на својот меил ќе ја добијат дозволата. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски, информирајќи за вчера донесените владини одлуки, стапува во сила и Уредбата според која – додека трае вонредната состојба нема да течат роковите за прибирање понуди за давање во закуп државно земјоделско земјиште до три хектари. -Заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено кај градинарските култури, во делот на забраната за движење во викенд деновите се исклучуваат земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Тоа значи дека оваа категорија земјоделци не треба да вади посебни дозволи. Но, укажуваме, ова исклучување да се искористи исклучиво за вршење на земјоделските активности во пластениците, напомена Димковски на прес-конференција. Тој уште еднаш нагласи дека заштитата на јавното здравје е примарна поради што, апелира, земјоделците да ги почитуваат сите препораки на Владата за заштита од КОВИД-19. Во однос на Уредбата за земјиштето, Димковски појасни дека откако ќе заврши вонредната состојба изборот на најповолен понудувач во почнатите постапки со прибирање понуди за давање во закуп државно земјоделско земјиште до три хектари, ќе се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињатаПивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива.Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете. Подарок-пакетчињата содржат практични училишни материјали и внимателно одбрани производи, како симболичен гест на грижа и внимание за децата на нивниот прв училиштен ден. Акцијата започнува денеска, 31 август и ќе трае до крајот на септември 2026 година, односно до распределување на однапред утврдените количини на подарок-пакетчиња. „Првиот училиштен ден е еден од најважните моменти во детството и спомен што останува за цел живот. Со оваа иницијатива сакаме да придонесеме овој прв ден да биде позитивно и незаборавно искуство. Особено сме задоволни што акцијата, која минатата година наиде на одличен прием, повторно ги обединува нашите партнери околу една заедничка и значајна цел: создавање радосни моменти за најмладите членови на заедницата и нивните семејства“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје. Акцијата се реализира со поддршка од дистибутерската компанија НЕЛТ и партнерските маркети: Веро, Рамстор и Шпар, кои се приклучуваат кон иницијативата и овозможуваат подарок-пакетчињата да бидат достапни на повеќе локации низ земјата. „Тргнувањето во прво одделение е голем и возбудлив чекор не само за секое дете, туку и за целото семејство. Со оваа акција сакаме да им подариме внимание, охрабрување и мал знак на поддршка на првачињата во моментот кога го започнуваат своето образовно патување. За нас е особено важно што, заедно со нашите партнери, и оваа година ја продолжуваме иницијативата и создаваме вредност за заедницата преку грижа за најмладите генерации“, изјави Јована Вазиќ, менаџерка за корпоративни работи и одржливост на Бамби. Родителите и старателите чии деца годинава тргнуваат во прво одделение ќе можат бесплатно да подигнат подарок-пакетче на означените места во вклучените продажни објекти. За да се обезбеди еднаков пристап, на сите вклучени локации ќе важат исти правила, со можност за подигнување едно подарок-пакетче за секое дете кое годинава тргнува во прво одделение. Исполнувањето на овој услов ќе се потврдува исклучиво со краток увид во соодветен документ со кој се потврдува возраста на детето, без копирање или задржување на документот и без евидентирање какви било лични податоци на детето. Целосната листа на вклучени продажни места, периодот на акцијата, расположливоста на пакетчињата и правилата за нивно подигнување ќе бидат јавно и навремено објавени на следниот линк. Со продолжувањето на оваа акција, Пивара Скопје и Бамби ја потврдуваат својата посветеност кон општествено одговорното работење, партнерството со локалните заедници и поддршката на иницијативи што создаваат позитивни искуства за децата и нивните семејства, соопштуваат од компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter