Димковски: До средината на септември треба да се исплатат сите обврски од интервентниот денар за лозарите и овоштарите

Основните субвенции на лозарите ислатени, а до средината на септември и лозарите и производителите на праски до средината на септември треба да ги добијат предвидените интервентни по еден денар за килограм грозје и праски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски при денешната посета на Подрачната единица на МЗШВ одговорајќи на новинарски прашања рече дека средствата ќе се предвидат со ребалансот на Буџетот за оваа година.

Тој појасни се доцни со исплатата бидејќи пријавувањата на лозарите за оваа мерка се врши до 25 декември во изминатата година и дека Министерство не знае колкава килажа за исплата ќе достават лозарите и овоштарите, а затоа што буџетот се прави порано.

Воедни информира дека основните субвенции за лозарите се исплатени.Тој појасни дека во делот за Повардарие кои не беа исплатени четири години вклучувајќи ја и Винаријата „Стефани" се исплатени околу милион и пол евра.

Министерот Димковски потсети дека минатата година МЗШВ имало интервентни мерки за пченицата, оризовата арпа и затоа и сега вети дека и годинава истите обврски кон земјоделците ќе бидат подмирени.

Воедно информира дека се очекува просечна година кај лозарите со најавените приноси што би се движеле во просечно ниво на просечни години, а откупот да биде околу 105 милиони килограми грозје колку што најавиле винариите.

-Извозот во гајби за винско грозје некаде колку што е во просечните години ќе биде околу 10 милиони килограми и мал вишок грозје што се претпоставува. Но многу е рано да зборуваме за вишок, бидејќи треба да видиме какви ќе бидат временските услови и многу ни е важно како ќе започне бербата, информира Димковски.

Тој појасни дека во тој случај и разговорите со винариите се дека не треба да има вишок, односно целокупното количество на грозје да биде откупено за да не се доведе во ситуација да се кризира со цената или да не дојде до некое намалување.

-Во разговорите со нив сепак цената ќе ја утврдат во зависност и од квалитетот и од сортата и од шеќерните единици, односно од класите, појасни министерот Димковски./МИА

Палестинците ги одбија вакцините од Израелците, рокот им бил пред истекување

Палестинските власти го раскинаа денешниот договор со Израел да им донираат милион дози вакцини против коронавирус, со објаснување дека не сакаат вакцини чиј рок е пред истекување.

„Откако техничките тимови на Министерството за здравство извршија увид во првата пратка на вакцините Фајзер, добиена вечерва од Израел ... утврдено е дека не ги исполнува карактеристиките предвидени во договорот“, изјавил за новинарите владиниот портпарол Ибрахим Мелхем.

„Владата одбива да прифати вакцини на кои им се приближува истекот на рокот“, додаде тој.

Претходно денеска беше објавено дека Израел ќе им даде најмалку милион дози на Палестинските власти (ПА) за да ја забрза вакцинацијата на Западниот брег и Појасот Газа.

Според договорот, ПС се согласиле да им дадат на Израел реципрочен број на дози од една од нивните пратки, што треба да пристигнат на крајот на годината.

Израел бил критикуван затоа што морал да стори повеќе за да ги направи вакцините достапни за Палестинците. Околу 55 проценти од израелските граѓани се целосно вакцинирани, а околу 30 проценти од Палестинците примиле само по една доза.

Кинезите објавија снимка од внатрешноста на нивната нова вселенска станица (ВИДЕО)

Кинеските астронаути вчера пристигнаа на нивната нова станица во орбитата на Земјата, уште еднаш потврдувајќи дека Кина станува нова вселенска сила.

Вселенското летало Шенжу 12 беше лансирано вчера според модулот на вселенската станица Тијанхе од центарот за лансирање Џикуан во северозападна провинција Гансу, а на вселенската станица слета околу седум часа подоцна.

Видео преносот од кинеската Национална вселенска агенција (ЦНСА) покажува како астронаутите влегуваат во јадрото на модулот, а еден од нив се врти за 360 степени. Следните три месеци астронаутите ќе ги поминат во модулот.

Тие наскоро треба да ги подготват своите живеалишта и да го отворат влезот во товарното вселенско летало Тијанжу 2 што претходно се приклучило на основниот модул.

Командант на мисијата е Ни Хаишенг, воздушен пилот од Народноослободителната армија, кој веќе учествувал во две вселенски мисии. Другите двајца астронаути исто така доаѓаат од војската.

Централниот модул на кинеската вселенска станица има одделни простори за живеење за секој астронаут, велосипед за вежбање и центар за комуникација.

Астронаутите поминале повеќе од 6.000 часа обука пред лансирањето, пишува „Сајанс алерт“.

Изградбата започна во април со лансирање на Тијанхе, првиот и најголемиот од трите модули, а станицата се очекува да биде завршена следната година.

Астронаутите Ни Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо имаат намера да ги испитаат важните функции на главниот модул и да спроведат научни експерименти за време на нивниот престој во вселената.

Уште тројца астронаути треба да долетаат до станицата во октомври.

За да се заврши вселенската станица, ќе бидат лансирани уште два лабораториски модули, секој со тежина од околу 20 тони. За 2022 година се планирани уште два товарни лета и две мисии со екипаж.

Во меѓувреме, Меѓународната вселенска станица (ISS) треба да престане да работи по 2024 година, иако НАСА соопшти дека потенцијално може да остане оперативна и по 2028 година.

Доколку ISS престане да работи во следните неколку години, Кина ќе биде единствената земја што ќе има постојана станица во вселената.

Решиле да ги испразнат улиците од бездомници, па им направиле село под автопат (ВИДЕО)

Пред шест месеци, ко-основачите на хуманитарната организација „Основна храна и лекови“, Хоситл Морено и Ешел Сисанк Елдриџ одлучиле да ја активираат заедницата во градот на американскиот западен брег, Оукленд .

Во 2019 година, Оукленд, град со 425 000 жители, шести по големина во државата Калифорнија, официјално имал четири илјади пријавени бездомници. Упатените веруваат дека пандемијата значително го зголемила тој број.

Градот се обидел да го реши проблемот на неколку начини, вклучително и обезбедување безбедни привремени паркиралишта со преносни тоалети и пристап до електрична енергија. Но, овие места се покажале како бескорисни за оние кои немаат возила, но исто така биле опасни за живот.

Неколку хуманитарни организации кои знаеле што се случува на терен, решиле да организираат посебен проект - социјално село со куќички изградени од земја и слама.

Тие се здружиле со специјалист за такви згради, Елиот, кој ги проучувал древните градежни техники и сега е уверен во вештината што гарантира 700 години трајност на куќичките.

Морено и Елдриџ, делеле храна, лекови и санитарни материјали за време на пандемијата и на тој начин се запознале со најголемите проблеми на бездомниците. На крајот на годината, со помош на низа волонтери, тие одлучиле да го расчистат нивното место за собирање - просторот под автопатот и да изградат неколку живеалишта за различни потреби.

Бидејќи пристапот до чиста вода и кујнски апарати е меѓу најголемите проблеми за бездомниците, тие изградиле тоалет во околината со топли тушеви и тоалети, кујна и шпорет. Различни хуманитарни организации и здруженија редовно им донираат облека, книги, храна и други потреби и секогаш имаат пристап до важен лек - Наркан (Налоксон), кој служи како прва помош за предозирање.

Заедницата функционира како вистинско големо семејство во кое секој има свои одговорности. Без разлика дали станува збор за готвење, набавка, одржување на градината или чистење, секој има своја работа и тоа им гарантира безбедно прибежиште.

Проектот е жив веќе шест месеци, што хуманитарците го сметаат за добар знак. Тие се надеваат дека нивниот проект ќе се прошири во градовите низ целата земја.

притисни ентер