МакедонијаДимитровски во интервју за УКРАИНФОРМ: Каква било размена на територии ќе креира преседан за окупација на други државиКакво било менување на границите, доколку се легитимизира од меѓународните тела, ќе постави опасен преседан, правејќи екстремно тешко за другите земји да се спротивстават во идни случаи на секцесија или окупација. Таквите акции ќе бидат без преседан и дестабилизирачки, бели заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во интервју за УКРАИНФОРМ, осврнувајќи се на мировната иницијатива за ставање крај на конфликтот. Во интервјуто Димитровски меѓудругото говори за тоа како Македонија гледа на гаранциите за мирот во Украина, за можноста за заеднички воени вежби во иднина, за поддршката што земјава и ја дава на Украина. -Украина ја поддржуваме од самиот почеток на војната, всушност ја поддржуваме од 2014 година по анексијата на Крим од страна на Русија и не многу држави во светот ја изразија својата загриженост поради тоа. Најдобра гаранција е Украина да влезе во НАТО. Ние ги поддржуваме мировните иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп, но мора да бидеме внимателни што ќе произлезе како резултат од оваа мировна иницијатива. Со нетрпение ја чекаме средбата меѓу претседателот Зеленски и рускиот претседател Путин со цел да се постигне траен и праведен мир. Така што од почетокот, ние говориме за праведен и траен мир и тоа го вклучува и територијалниот интегритет на Украина, истакна Димитровски. Тој вели дека постои разбирање дека има територии кои се под окупација, но исто така и дека е мошне тешко да се протера Русија од тие територии, кои се окупирани од неа. -Цврсто го поддржуваме принципот на територијален иннегритет како фундаментално меѓународно право. Какви било менувања на границите, ако се летитимизира од меѓународните тела, ќе постави опасен преседан, правејќи екстремно тешко за другите земји да се спротивстават во идни случаи на секцесија или окупација. Таквите акции ќе бидат без преседан и дестабилизирачки. Препознаваме дека некои украински територии се под окупација и не можат да бидат повратени со сила засега. Како и да е суштински е Украина никогаш да не ги прифати овие територии како загубени. Така што во таа насока ве поддржуваме, дека тие се окупирани од други нации, како и дека геополитиката се менува со текот на времето, рече Димитровски. Тој вели дека не знаеме што точно ќе се случи по 10, 15, 20, 40 години, а што се однесува до гаранциите додава дека Македонија смета дека Украина треба да добие најдобри гаранции, кои може да ги добие од ЕУ, земјите од Западна Европа, земјите од НАТО, САД. -Исто така разбираме дека Русија има побарувања, односно Украина да не влезе во НАТО. Тие велат тоа е причината за војната. Така што можеме да работиме со тоа. Има други идеи како да и се дадат гаранции на Украина. Особено е важно гаранциите да бидат дадени од најголемите западни сили во светот, САД. Досега американскиот претседател Доналд Трам вели дека Америка има волја да даде такви гаранци, нагласи Димитровски. Повтори дека сепак најдобра гаранција е Украина да влезе во НАТО, но напомена и дека е разблирливо дека тоа не е можно во моментов. -Северна Македонија е земја која е членка на НАТО и разбираме колку е важно за една земја да биде членка на една таква организација, која е чадор. Ако Украина беше членка на НАТО претходно, оваа војна немаше да се случи, додаде тој. Во однос на континуираната поддршка кон Украина, Димитровски вели дека за земјава таа поддршка и солидарноста се мошне важни не само од морален апскет, туку и од политички. -Како што занете дента кога Путин ја лансираше агресија врз Украина, подоцна ја оправда тврдејќи дека Украина не е суверена нација и дури ги оспори украинскиот идентитет, сугерирајќи дека Укранците се во суштина Руси кои станале Украинци. И ние знаеме дека овој наратив е катастрофален и всушност ние сме го искусиле овој наратив низ годините, бидејќи и македонскиот идентитет беше негиран од некои од соседите, нашиот јаизк беше негиран, како што е негиран и вашиот украински јазик. Но, ако оспоруваш нечиј идентитет, нечија оригиналност како нација во историска смисла, тоа е всушност однесување карактеристично за Средниот век, а не за 21., кога секоја нација треба да има право на суверенитет и развивање на својот идентитет, нагласи Димитровски. За воената и хуманитарната поддршка кон Украина тој посочи дека Македонија од членките на НАТО е петта, која дала најголема воена поддршка, согласно висината на БДП. Нагласи дека ја цени одлуката на НАТО за можност за одржување заеднички воени вежби со украинската армија. -Подготвени сме да партиципираме во какви било вежби доколку има НАТО одлука. Украина ја разви армијата за време на војната, секако и многу жртви беа дадени, но генерално имате воен капацитет, а тоа ќе биде мошне важно за иднината на ЕУ. Нашите две земји се кандидати за членство во ЕУ, ние тропаме на вратата и се поддржуваме едни со други да станеме членки на ЕУ. Како што покажувата сегашните околности мошне важно е Европа да ја преземе одговорноста за сопствената самоодбрана, потенцира Димитровски во интервјуто за УКРАИНФОРМ. Тагови: Зоран Димитровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27