Димитровски од Трст: Земјите од Западен Балкан се интегрален дел од европската архитектура на стабилност, нивната интеграција е стратешка неопходност за Европа - Канал 5

Димитровски од Трст: Земјите од Западен Балкан се интегрален дел од европската архитектура на стабилност, нивната интеграција е стратешка неопходност за Европа

 Европската Унија и земјите од Западен Балкан се меѓу зависни, а безбедноста не е еднонасочна улица. Овие земји не се периферија на континентот, туку интегрален дел од европската архитектура на стабилност. 

Димитровски од Трст: Земјите од Западен Балкан се интегрален дел од европската архитектура на стабилност, нивната интеграција е стратешка неопходност за Европа

Оттука, интеграцијата на земјите од Западен Балкан, не е само политичка цел, туку и стратешка неопходност за Европа во целина. Ова го истакнал денеска во Трст заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, на Kонференција по повод одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

Настанот, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил одржан под покровителство на италијанската Влада и воден од потпретседателот на Владата и министер за надворешниработи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани и министерката за надворешни работи на Романија, Оана Тоу, како земја актуелен претседавач со иницијативата.

Конференцијата, според соопштението, била посветена на „Триесет години соработка и посветеност: oд политика кон акција и регионална поврзаност“, а во фокусот на дискусиите биле регионалната соработка, поврзаноста и европската интеграција како клучни предуслови за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на Европа.

Димитровски, како што е наведено, потенцирал дека Северна Македонија ги исполнува своите обврски. Земјата го усогласува законодавството, целосно се придржува до надворешната и безбедносната политика на ЕУ и активно придонесува кон регионалната стабилност.

- Сега, истакна тој, е неопходна реципрочна поддршка. Таа треба да дојде во вид на конкретни интеграциски мерки како СЕПА, роаминг, зелени коридори и развој на инфраструктурата. Реалното олеснување на четирите слободи, капитал, стоки, услуги и луѓе, не е симболичен чин. Тоа е темелот на економската конвергенција и подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопшти МНРиНТ.

Во рамките на конференцијата, Димитровски, имал средби со колеги од земјите учеснички, меѓу кои и со државниот секретар за безбедносна политика во унгарското Министерство за надворешни работи и трговија, Петер Старај.

- Централни теми на разговорите беа интензивната соработка што двете земји ја развиваат во изминатиот период како потврда за стратешкото партнерство, заедничката заложба за унапредување на дијалогот и натамошно динамизирање на секторската соработка. Посебно беа истакнати одличните економски врски, потврдени со фактот дека Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Северна Македонија, стои во информацијата.

ЦЕИ, како што е наведено, во изминатите три децении претставува значаен мост кој ги поврзува регионите, институциите и политиките. Основана во 1989 година, брои 17 земји членки и е позната како една од најстарите и најинклузивни регионални иницијативи на европскиот континент, која успешно ги поврзува земјите членки на ЕУ со државите кандидати и ги трансформира политичките цели во конкретни резултати на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија

 Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фу

Втор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија

Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС.

На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.

Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација.

Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти.

Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума.

Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“.

Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми.

Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. 

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари.

Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво.

Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“

Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал законот за пакет нови, сеопфатни санкции против Русија, кој претходно беше усвоен од Конгресот. 

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина.

Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции насочени кон руски политичари и компании, законот вклучува мерки против рускиот извоз на нафта и гас, кои Москва ги користи за финансирање на војната.

Законот, меѓу другото, го овластува Трамп да воведе санкции за петте најголеми купувачи на руски енергенти, како и за петте земји што најмногу ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите во енергетскиот сектор.

Овие мерки би можеле дополнително да ги затегнат трговските односи на САД со Кина и Индија, кои увезуваат големи количества руска нафта.

Законот го носи името на покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој одигра клучна улога во неговото усвојување.

Покрај санкциите против Русија, законот обезбедува и рамка за продолжување на санкциите против Иран до 2031 година.

Зеленски му се заблагодари на Трамп Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот. „Најдобриот начин да се оддаде почит на споменот за Линдзи ќе биде целосното и брзо спроведување на одредбите од овој закон“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

„А најдобрата награда за сите што ни помагаат да извршиме притисок врз Русија за да се стави крај на војната, ќе биде мирот“, додаде тој.

Кремљ предупредува на последиците од новите санкции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред Трамп да го потпише законот, предупреди дека дополнителните американски санкции би можеле да ги искомплицираат напорите за постигнување мирно решение во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер