МакедонијаДимитровски на министерскиот состанок на ЦЕИ во Белград: Владата е целосно посветена на европскиот патКако што информираат од МНРиНТ, фокус на годинашните дискусии беше ставен на стратешката важност - изнаоѓање на модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку поврзаност, иновации и евроинтеграција. Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Белград учествуваше на вториот дел од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Централно - европска иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање со иницијативата. Како што информираат од МНРиНТ, фокус на годинашните дискусии беше ставен на стратешката важност - изнаоѓање на модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку поврзаност, иновации и евроинтеграција. Истовремено, беше потенцирано дека проширувањето на ЕУ не е само технички процес - тоа е геополитичка неопходност. -Процес кој е предвидлив, базиран на заслуги и со поголема вклученост на земјите-кандидатки во политичките дијалози, програми и иницијативи на ЕУ, би дал посилна политичка порака и ќе може да се спротивстави на фрустрацијата и скептицизмот кај граѓаните во регионот, нагласил Димитровски. Посебно акцентирајќи ја нашата позицијата, Димитровски укажал дека нашата земја има потреба од поверодостоен, конзистентен и сигурен процес на пристапување. -Владата останува целосно посветена на европскиот пат, барајќи конструктивни решенија базирани на компромис преку дијалог со нашиот сосед, Република Бугарија. Целосно се согласуваме дека билатералните договори со соседните земји треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, истакнал заменик министерот. Тој додал дека билатералните прашања за историјата и идентитетот мора да останат надвор од процесот на пристапување, а проширувањето мора да остане базирано на заслуги и Копенхашките критериуми. -Потребен е целосен ресет во дијалогот со Бугарија, со цел обновување на довербата и напредно ориентиран пристап. Комуникацијата и соработката во рамките на проектот „Коридор 8“ е добар пример за билатерална соработка, заклучил Димитровски. Во смисла на регионалната соработка, за време на состанокот, министрите уште еднаш ја потврдиле улогата на ЦЕИ, како иницијатива која придонесува за ефективно решавање на актуелните регионални прашања и истовремено претставува цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.Тагови: Зоран Димитровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаВтор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фуЖителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС. На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија. Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација. Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти. Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума. Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“. Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми. Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари. Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво. Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“ Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на МоскваБелата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал законот за пакет нови, сеопфатни санкции против Русија, кој претходно беше усвоен од Конгресот. Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции насочени кон руски политичари и компании, законот вклучува мерки против рускиот извоз на нафта и гас, кои Москва ги користи за финансирање на војната. Законот, меѓу другото, го овластува Трамп да воведе санкции за петте најголеми купувачи на руски енергенти, како и за петте земји што најмногу ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите во енергетскиот сектор. Овие мерки би можеле дополнително да ги затегнат трговските односи на САД со Кина и Индија, кои увезуваат големи количества руска нафта. Законот го носи името на покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој одигра клучна улога во неговото усвојување. Покрај санкциите против Русија, законот обезбедува и рамка за продолжување на санкциите против Иран до 2031 година. Зеленски му се заблагодари на Трамп Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот. „Најдобриот начин да се оддаде почит на споменот за Линдзи ќе биде целосното и брзо спроведување на одредбите од овој закон“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. „А најдобрата награда за сите што ни помагаат да извршиме притисок врз Русија за да се стави крај на војната, ќе биде мирот“, додаде тој. Кремљ предупредува на последиците од новите санкции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред Трамп да го потпише законот, предупреди дека дополнителните американски санкции би можеле да ги искомплицираат напорите за постигнување мирно решение во Украина.Тагови: Доналд Трамп русија санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29