Димитров – Палмер: Поддршка од САД за Договорот од Преспа и членство во НАТО и ЕУ

Евроатлантските перспективи на земјата, како и актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот биле тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со Метју Палмер. 

Евроатлантските перспективи на земјата, како и актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот биле тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на земјата.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој, се додада, нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.

Димитров и заменик помошникот државен секретар Палмер, разговарале и за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, стои во соопштението. /МИА

„Најжешката“ атлетичарка се пласира на Олимписките игри, но платата ѝ била премала (ФОТО)

Една од најатрактивните спортистки на светот, атлетичарката Алиса Шмит обезбеди пласман на Олимписките игри во мешана штафета 4х400 метри.

Очигледно спортскиот успех не е проследен со очекуваната заработка од спортот.

Имено, атрактивната Германка привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави, па е дел од кампањите на бројни брендови со кои има спонзорски договори. Заработува и од социјалните мрежи каде има околу 5 милиони следбеници.

Сепак, оваа дваесет и петгодишна девојка, која годинава ќе дебитира на Олимписките игри во Париз, не е презадоволна од „скромната“ плата. Имено, Алиса откри дека нејзините главни приходи доаѓаат од германска спортска фондација и дека изнесуваат околу 700 евра.

Адеми: Сиљановска Давкова го прекрши Уставот

Од ДУИ веднаш реагираа зошто Сиљановска не го употребувала уставното име на државата при давањето на заклетвата…

Арбр Адеми ја обвини претседателката дека уште првиот ден го прекршила Уставот….

Силен земјотрес од 6,4 степени го погоди Мексико, засега нема информации за причинета штета

Исклучително силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 75 километри во близина на брегот на Чиапас, на 37 километри од Тапачула.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ, граѓаните велат дека земјотресот бил „силен и траел долго“.

Според сведоштвата на луѓето, земјотресот бил почувствуван и во Гватемала, на повеќе од 150 километри оддалеченост од епицентарот.

„Нѐ разбуди“, напишало лице од Гватемала.

притисни ентер