Димитров на он-лајн дебата во организација на бриселскиот тинк-тенк Вилфрид Мартенс Центар за Европски студии

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на бриселскиот тинк-тенк Вилфрид Мартенс Центар за Европски студии  учествуваше на он-лајн дебата на тема: „Балканот во нова ера – преглед на хрватското ЕУ претседателство ".

За време на дискусијата се направи осврт на досегашниот тек на т.н. прво „виртуелно" претседателство со Советот на ЕУ од страна на најмладата земја членка – Хрватска, во контекст на исклучително сложени околности со оглед на пандемијата, кое и покрај тоа успеа да испорача повеќе клучни чекори – како одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија. Притоа фокус се даде и на следните чекори и очекувања за време и по хрватското претседателство во однос на нашата евро-интеграција, како и на новата методологија за пристапниот процес, динамиката во регионалните односи и секако на исходот од вчерашниот виртуелен Загрепски Самит ЕУ-Западен Балкан.

Во таа прилика, министерот Димитров меѓу другото истакна: „Можеби хрватското претседателство со Советот на ЕУ може да се нарече „виртуелно" во логистичка смисла, но за нас дефинитивно беше суштествено во политичка смисла. И за тоа сме им исклучително благодарни на нашите хрватски пријатели. Во однос на вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан, самиот факт што се одржа во вакви околности, како и досегашната и идната поддршка од страна на ЕУ за справување со здравствените и социо-економските последици од пандемијата, се повеќе од јасен сигнал за значењето и идното место на Западен Балкан во Европската Унија. Чувството на заедништво и солидарност кое се создаде во текот на кризава со пандемијата меѓу ЕУ и Западен Балкан, неопходно е да се одржи и во пост-пандемската иднина и употреби како двигател за конечно комплетирање на ЕУ проектот, што е од несомнен заемен интерес."

Во дискусијата, покрај МНР Димитров учествуваа и хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман и европратеникот и претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер (Европска народна партија), а во улога на модератор беше Патрик Волер, секретар за надворешни односи на ЕНП, соопшти МНР.

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер