Димитров: Мизрахи да ја врати таблата или Спасовски да предложи нејзино разрешување

Министерката за труд Мизрахи или да ја врати таблата со Северна Македонија или премиерот Спасовски да предложи нејзино разрешување до Собранието, бара министерот за надворешни Димитров.

Со гестот рече, Мизрахи ги проблематизира односите со нашиот јужен сосед, но флагрантно го прекршува и Уставот, а тоа повлекува политичка и кривична одговорност..

–Државата нема да дозволи ваква инфантилност. Министерството за труд и социјална политика не е нејзин приватен стан, како што Уставот не е обично парче хартија. На министерката може да не и се допаѓа Уставот или договорот од Преспа, но тоа не и дава право да не ги применува. Без начелото на уставност и законитост од државата нема да ни остане ништо. И мене не ми се допаѓа проектот „Скопје 2014“ но одам на работа во МНР, вели Димитров.

На прозивките на Димитров, Мизрахи кусо одговори дека се неосновани,а таблата тврди дека била истата од времето на Царовска.

Димитров реагираше за потегот на Мизрахи, откако во петокот добил вербалната нота од Грција за прекршување на Договорот од Преспа. Иако, еведентно е дека обврските не ги почитува ниту јужниот сосед, каде се уште земјава се именува како „Скопје“, а не се променети ниту сообраќајните табли, Димитров нема конкретен одговор дали МНР реагирало и каков одговор добиле.

“ Примената на договорот секогаш може да оди побрзо и потемелно но има чекори кои се премногу видливи . Ние исто така реагираме во делот на примената на обврските на другата страна Грција исто така редовно реагира на почитувањето на обврските на нашата страна...??? Но во овој период кога сме во историска шанса конечно да ги почнеме пристапните преговори дури би рекол и да го тргнеме договорот наш интерес е да го почитуваме сопствениот устав.”

По ваквиот одговор на Димитров, Канал 5 се обиде да добие став и од прес службата на министерството, но ни беше кажано да се обратиме утре.

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер