Борис Георгиевски ДВ: Прашање до МНР Димитров. Постои дискрапанца, ЗПВРСМ Османи рече дека добиваме зелено светло за почеток на пристапни преговори со ЕУ, додека нешто поразлично слушаме од вас и министерот Рот на денешнава прес конференција.
МНР Димитров: Вчера вечерта имав контакти со Париз, разговарав со канцеларијата на канцеларката Меркел во Берлин, разговарав со претседавачот на ГАК во Загреб, имав контакти и со Холандија.
Денеска дебатата на КОРЕПЕР продолжува попладнево и консензусот, работата не е докрај завршена. Има големи изгледи и позитивни сигнали од огромно мнозинство од земјите членки, меѓутоа текстот и дебатата не е докрај завршена и КОРЕПЕР не е тело што носи политички одлуки.
Во моментов се’ уште се води дебата во ЕУ како да се одржи Советот за општи работи. Белгија ја „заклучи“ државата, преведувам буквално од англиски lockdown, вчера или завчера (и мене ми се споени деновите веќе) и многу е тешко кој било од Министрите на земјите членки да присуствува во Брисел на 24 март. Правниците на ЕУ разговараат како тоа да се организира, дали можат сите да бидат преку видео врска и се надевам дека ќе се донесе правилна одлука.
Мислам дека ЕУ ќе згреши многу ако прати сигнал дека е толку оптеретена со здравствената криза што не може ништо друго да прави. И ќе биде многу важно после волку многу работа и волку многу напор, кога сме на чекор до тој заеднички успех, ќе биде многу важно да се најде начин да се одржи на 24 март тој состанок.
За нас, за македонската јавност, би повикал на внимателност. Мислам дека после искуствата од 2018 и 2019 год., должни сме кон народот да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките и пораките.
Значи изгледна е многу ситуацијата, меѓутоа не е докрај завршена работата, се’ уште е во процес.