Димитров: Македонија кон средината на 2019. и формално членка на НАТО, ако се оди како треба

Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба.

Ова го порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Еуро Вестерн Балканс, објавено денеска, на денот кога Македонија ја доби и формално поканата за отпочнување преговори за членство во НАТО, кое го пренесува МИА.

На прашањето дали Македонија може да влезе во НАТО следната година и дали процесот на пристапување ќе биде брз како што беше најавувано шефот на дипломатијата нагласи дека станува збор за технички процес, што може да се сработи за неколку месеци.

- Но, тој исто така е поврзан со исполнување на нашите обврски од Договорот со Грција. Ни претстои референдум и процес на измена на Уставот. И откако ова биде финализирано, ќе може да ги потпишеме протоколите за пристапување, кои потоа ќе бидат ратификувани во Парламентот на Атина и во другите земји-членки. Ако работите одат добро во прашање се месеци. Можеби кон средината на следната година ќе бидеме формално 30 земја-членка на НАТО, порача шефот на дипломатијата.

Во врска со неговите очекувања од референдумот истакна дека смета дека граѓаните ќе го подрржат договорот, бидејќи, како што рече со него е покриен најсензитивниот дел, идентитетот и јазикот.

- Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Најдовме начин да направиме разлика меѓу културното наследство и што ние мислиме кога ќе кажеме Македонци во Макеоднија и што Грците мислат кога ќе кажат Македонија и Македонци. На многу начини ова е крај на една ера за Македонците, која беше полна со предизвици и прашалници, вели тој.

Прашањето е одѕивот, вели, поради тоа што Избирачкиот список не е ажуриран.

- Формално имаме 1,8 милиони гласачи, но најверојатно имаме помалку граѓани кои живеат моментално во земјата, додаде тој.

Референдумот ќе биде голем предизвик, нагласува Димитров и додава дека во голема мера ќе зависи од опозицијата и начинот на кој таа ќе постапи.

- Ако ја препознаат историската шанса и историскиот момент, ако сите повеќе мислиме на земјата, а помалку на нашата политичка иднина, тогаш ова ќе биде мошне успешен референдум. Следните денови ќе мора да донесеме одлуки, како да го сториме ова. Влогот е многу голем и сметам дека нема поголема патриотска должност за секоја влада во Македонија, од креирање на ваква можност, нагласи шефот на дипломатијата.

На прашањето дали Владата има стратегија ако референдумот не успее, вели дека во моментов фокусот е на победа.

- Ќе размислуваме позитивно и ќе се фокусираме на план А. Имаме премиер кој целосно инвестира во ова. Не станува збор да се остане на власт, тоа не е клучната намера. Имаме голема мисија за земјата. Се обидуваме да направиме работи, кои не сме ги направиле изминатите 20 години, во една, две или три години. Тоа е предизвик, но немаме време за губење, нагласи Димитров.

За Договорот со Грција вели дека заслугите се и на двете страни.

- Не можете да се борите да вложувате напори за да се отворат вратите на НАТО и да го продолжите патот кон ЕУ, бидејќи влегувањето во НАТО и да се биде дел од европското семејство значи дека ќе бидеме сојузници со нашите грчки соседи, вели тој.

Пет години отсега, додава Димитров ќе се отври голем потенцијал не само во однос на евроатлантските аспирации, но и во однос на нашата билатерална соработка со Грција.

- И нема ништо поприродно од тоа нашиот сосед да биде нашиот најголем поддржувач, додаде тоју.

Во врска со одлуката на ЕС за отворање преговори во јуни следната година, Димитров нагласи дека проблемот за нас е што пропуштивме многу шанси чекајќи на станицата.

- Возовите поминуваа и сега нашето патување е многу потешко и води на угорнина, бидејќи проширувањето не е популарно. ЕУ се соочува со своите сопствени проблеми, од Еврозоната до Брегзит и миграциската криза, која е и криза на солидарноста. Значи контекстот сега е многу покомплексен и потежок од што беше порано. Процесот на влез е многу поригиден, постриктен и подолг. Затоа мора да се соочиме со оваа реалност и да сториме што можеме. Политиката е уметност на можното и мора да ги увериме сите дека многу помалку чини да го направиме Балканот европски, отколку да ги игнорираме позитивните работи кои произлегуваат од нашиот регион, рече шефот на дипломатијата во интервјуто за Еуро Вестерн Балканс, кое го пренесе МИА.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер