Димитров и Коѕијас во Њујорк ги бранеа националните интереси, заедно заминуваат за Брисел

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на преговорите за името во Њујорк ги бранеа националните интереси, но покажаа одлучност дека решение за 25-годишниот спор мора да се постигне.

Двајцата министри вчера и завчера преговараа во седиштето на ОН во Њујорк, под покровителство на медијаторот Метју Нимиц, откако минатата недела преговори имаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, по кои од македонска страна беше објавен предлогот Република Илинденска Македонија, како решение најприфатливо за двете земји.

Сепак по завршувањето на преговорите во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со куса изјава во која посочи дека се уште нема конечно решение за спорот за името, но напомена дека двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде.

- Како што знаете имавме средба вчера и денеска, разговаравме еден и пол ден. Можам да кажам дека многу работевме. Прашањата се добро дефинирани, нивниот опсег е стеснет. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои многу работевме, рече Нимиц, по завршувањето на состанокот со двајцата министри.

Медијаторот истакна дека Димитров и Коѕијас заминуваат за Брисел, каде ќе продолжи дијалогот и додаде дека иако се уште нема конечно решение двете страни се подготвени напорно да работат за да го најдат.

- Преговорите се значително интензивирани, како што рекоа двете страни имаат важни позиции, во прашање се националните интереси. Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа, додаде Нимиц.

Димитров и Коѕијас завчера речиси шест часа разговараа со медијаторот Нимиц, а вчера преговорите траеја околу два часа.

Македонската страна пред средбата во Њујорк го изнесе ставот дека предлогот Република Илинденска Македонија е добар за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот - предлози од Нимиц.

Ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц биле темите на преговарачката маса во Њујорк, според министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, кој вчера истакна дека смета оти постојат политички и технички предуслови за договор.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера од Солун порача дека Грција во преговорите не оди за да даде нешто.

- Не одиме за да го дадеме името Македонија, како што тврдат некои, одиме да земеме назад нешто што е дадено пред 70 години, рече Ципрас.

Ципрас смета дека името без одредница, „упатува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчката Македонија“, а во преговорите Атина се стреми ова да го добие назад, нешто што според Ципрас, „не е лесно“.

Грчкиот премиер додаде дека е време двете земји да постојат заедно, да соработуваат и да живеат во мир во корист на целиот регион.

Грчката опозициска партија Нова демократија, пак, веднаш упати критики до Ципрас поради неговата изјава од Солун.

Од грчката партија, преку соопштение, коментираа дека „Ципрас смета дека неприфатливото име како што е Илинденска Македонија е победа за земјата“.

- Премиерот, кој имаше неуспех во сите преговори што ги водеше за Грција, денес има храброст да тврди дека неговата Влада се стреми да земе назад, а не да даде име на Скопје. Очигледно смета дека е победа за нашата земја, неприфатливото име како она „Илинденска Македонија“ за кое разговара со господинот Заев, пишува во соопштението од грчката конзервативна, опозициска партија. /МИА

Бајден: Полицајците го претставуваат најдоброто во нас

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа во Северна Каролина се сретна со семејствата на четирите полицајци кои беа убиени за време на службена акција. 

Средбата доаѓа само една недела по сличната посета на најблиски на двајца убиени полицајци во северниот дел на сојузна држава Њујорк.

Патувањето беше со цел да ја оствари оваа посета, но во приватна атмосфера, без многу камери и зад затворени врати.

-Целата нација жали со овие семејства, изјави тој по следното застанување на кампањската турнеја во Вилмингтон, Северна Каролина, каде објави нови мерки за отстранување на оловните цевки од водоводниот систем на САД.

Toj потоа се обрати во Воздухопловната национална база на Северна Каролина каде локалните служби за безбедност можеа да дојдат без многу патување и во време кога сеуште се опоравуваат од смртта на нивните колеги, но кои помогнаа во обезбедувањето на претседателот.

-Мажи и жени од службите за безбедност, вие го претставувате најдоброто во нас, изјави Бајден од подиум во базата.

Тој уште еднаш повика на порестриктивни мерки за поседување оружје и повеќе пари за полицијата која е во првите борбени редови.

Минатата недела во Северна Каролина беа убиени четири полицајци откако лице кое требаше да го уапсат поради поседување оружје како поранешен осуденик отвори оган во нив од полуавтоматска пушка АР-15.

За време на акцијата уште четири службени лица беа повредени. Осомничениот беше убиен.

Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати

Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплавите во јужен Бразил, 60 лица се водат како исчезнати, а околу 15.000 жители се евакуирани.

Брана на хидроелектрана во бразилската држава Рио Гранде до Сул се урна поради поплавите предизвикани од неколкудневните обилни дождови, а најмалку 500.000 луѓе останаа без струја и чиста вода, јавува Би-Би-Си.

Во акцијата за пребарување и спасување беа вклучени и хеликоптери, а во некои населби жителите се качија на покривите на нивните поплавени домови.

Борел: Новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде

Новинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии .

Новинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии преку разоткривање на неправдите, барање на одговорност од лидерите и овозможување граѓаните да носат одлуки базирани на информации, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

- Во 2024 година, кога се одржуваат избори во над 60 земји ширум светот, работата на новинарите е позначајна од кога било. На овој Светски ден на слободата на медиумите, ја почитуваме нивната работа и храброст. Како наши очи и уши, новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде, наведе Борел во изјавата дадена во име на Европската Унија.

Тој нагласува дека ЕУ цврсто ги осудува сите акти на насилство, вклучително и заканите, врз новинарите при вршење на нивната професија, без разлика дали потекнуваат од држави, организирани групи или поединци.

- Не смее да има неказнивост за ваквите злосторства, без разлика каде се случуваат, дециден е Борел.

Според него, новинарите и медиумските работници кои известуваат од вооружени конфликти мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право.

- ЕУ изразува жалење за драматичното зголемување на бројот на убиени или повредени новинари додека известуваат за разорните последици од војната. Премногу новинари ги загубија животите во последните месеци додека ни ги пренесуваа вестите од Газа. Новинарите, исто така, продолжуваат да се изложени на ризик на дневна основа додека известуваат за руската агресивна војна против Украина, како и од конфликтите во Мјанмар, Судан и на други места, се додава во изјавата.

Борел натаму посочува и дека ЕУ изразува сериозна загриженост поради праксата за оневозможување на пристап на независните медиуми до конфликтните зони како начин за контрола на информативниот простор и ограничување на пристапот на јавноста до објективно известување базирано на факти.

- Ширум светот, независните медиуми се соочуваат со голем број егзистенцијални закани. Повеќе од кога било, ние мора да преземеме решителна акција за да обезбедиме дека медиумите можат да работат во остварливи политички, економски и правни услови, потенцира Борел.

Тој нагласува дека ЕУ направи значаен чекор во тој правец со усвојувањето на Европскиот закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.

- ЕУ останува цврсто посветена на својата заложба за заштита на слободата на медиумите и плурализмот ширум светот. Во одбраната на слободата на медиумите, ние го штитиме не само нашето право да знаеме, туку и нашата способност да ја обликуваме иднината водена од вистината и одговорноста, додава Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

притисни ентер