3МКЦ и МОТ продолжуваат да ја поддржуваат независната и современата изведувачка сцена: „Локомотива“ со две перформативни дела на 51. МОТ
СветБорел: Новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекадеНовинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии .Новинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии преку разоткривање на неправдите, барање на одговорност од лидерите и овозможување граѓаните да носат одлуки базирани на информации, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. - Во 2024 година, кога се одржуваат избори во над 60 земји ширум светот, работата на новинарите е позначајна од кога било. На овој Светски ден на слободата на медиумите, ја почитуваме нивната работа и храброст. Како наши очи и уши, новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде, наведе Борел во изјавата дадена во име на Европската Унија. Тој нагласува дека ЕУ цврсто ги осудува сите акти на насилство, вклучително и заканите, врз новинарите при вршење на нивната професија, без разлика дали потекнуваат од држави, организирани групи или поединци. - Не смее да има неказнивост за ваквите злосторства, без разлика каде се случуваат, дециден е Борел. Според него, новинарите и медиумските работници кои известуваат од вооружени конфликти мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право. - ЕУ изразува жалење за драматичното зголемување на бројот на убиени или повредени новинари додека известуваат за разорните последици од војната. Премногу новинари ги загубија животите во последните месеци додека ни ги пренесуваа вестите од Газа. Новинарите, исто така, продолжуваат да се изложени на ризик на дневна основа додека известуваат за руската агресивна војна против Украина, како и од конфликтите во Мјанмар, Судан и на други места, се додава во изјавата. Борел натаму посочува и дека ЕУ изразува сериозна загриженост поради праксата за оневозможување на пристап на независните медиуми до конфликтните зони како начин за контрола на информативниот простор и ограничување на пристапот на јавноста до објективно известување базирано на факти. - Ширум светот, независните медиуми се соочуваат со голем број егзистенцијални закани. Повеќе од кога било, ние мора да преземеме решителна акција за да обезбедиме дека медиумите можат да работат во остварливи политички, економски и правни услови, потенцира Борел. Тој нагласува дека ЕУ направи значаен чекор во тој правец со усвојувањето на Европскиот закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата. - ЕУ останува цврсто посветена на својата заложба за заштита на слободата на медиумите и плурализмот ширум светот. Во одбраната на слободата на медиумите, ние го штитиме не само нашето право да знаеме, туку и нашата способност да ја обликуваме иднината водена од вистината и одговорноста, додава Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаСДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со МакедонијаМицкоски нема ама баш ништо свое. Сè копира од Вучиќ. Не може да направи ниту една работа без да позајми нешто од кампањата на Вучиќ, неговиот шеф на балканската ОКГ.Сега ги промовира мерките на Вучиќ за младите. Вели дека брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комуналии. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ? Мицкоски рече дека ќе ги замени младите со „економски работници“. Изјави дека треба да увезе уште 100.000. Зошто сега овие мерки? Дали Мицкоски се подготвува за избори? Чуму овие теми од кампањата на Вучиќ? Чукаат ли на неговата врата истраги од Унгарија и Србија? Кредити, банка, дрога… Кампањата „Очи в очи“ со граѓаните е уште една работа преземена од Вучиќ. Така работеше и тој пред избори. Во Србија Вучиќ падна, но изгледа дека сè уште владее во Македонија. Медиумите на Вучиќ сè уште работат. Во Србија РЕМ му ја укина емисијата „Колегиум“ на „Информер“, а во Македонија АВМУ молчи. Во Србија Алта банка е во стечај, а во Македонија Мицкоски ја спасува насила и ги крие сметките и трансакциите. Во Србија се планира расформирање на БИА, а во Македонија БИА сè уште е во Владата. Стоиљковиќ и неговата екипа владеат. Во Србија ги нема навивачите и хулиганите, а Македонија ја претставува еден од нив – Душан Адамовиќ, почесен конзул и бизнис-партнер за струја и броила. Во Србија се апсат криминалци, а во Македонија Мицкоски го извади Симо од затвор за да купува гласови во Брвеница. Пари нема. Тоа е она што сигурно го знаеме. Нови задолжувања за нови криминални тендери. Кога и тоа ќе пресуши, еве ни избори. Мафијата ќе бара уште четири години за да краде. Тогаш граѓаните ќе знаат дека секој што ќе остане дома, им го дал својот глас. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Култура„Галена, Мазена, Пазена“ – самостојна изложба на Ана В’чкова во КСП Центар-ЈадроВо сабота, 28 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во КСП Центар-Јадро во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Галена, Мазена, Пазена“ на визуелната уметница Ана В’чкова, курирана од д-р Ана Франговска. Поставката, која се реализира во соработка со Pioneri Art Platform и со поддршка од КАМ маркет и Д-р Пановски, ќе биде отворена за посетителите до 7 декември 2026 година. По неодамнешното претставување во „Prima Center Berlin“ во Берлин, реализирано со поддршка од Министерството за култура и туризам – овој циклус дела за првпат се претставува пред скопската публика. Во продолжение ви пренесуваме дел од кураторскиот текст на д-р Ана Франговска: „Домот никогаш не е само простор. Тој е збир од навики, повторувања, допири, мириси, остатоци и мали секојдневни дисциплини преку кои се обидуваме да воспоставиме ред во нешто што постојано ни се измолкнува. Во него телото се одмора, се храни, се разголува, се негува, старее и се менува; во него се таложат предмети, отпадоци, сеќавања и траги. Домот е можеби најинтимната архитектура што ја населуваме, но истовремено и една од најнормативните. Во новиот циклус на Ана В’чкова токму таа противречност станува појдовна точка на визуелното истражување. Нејзиниот интерес за домашниот простор не е нов. Тој веќе е присутен како истражување на местото во кое интимното и рутинското се преплетуваат и во кое односите на грижа, контрола и потребата за ред добиваат своја секојдневна форма. Но во новите дела домот повеќе не е само тема или сценографија. Тој станува материјална, телесна и психолошка состојбa. Односот меѓу телото, предметите и домашниот простор се доближува до концептот на ориентација на Сара Ахмед, според кој телата се движат низ светот следејќи веќе воспоставени линии на блискост, навика и употреба (Ahmed 2006). Кај В’чкова токму тие познати линии се прекинуваат. Мијалникот повеќе не е само мијалник, чинијата не служи само за храна, чипката не е само украс. Телото, исто така, не останува стабилен центар на сликата. Познатите нешта се присутни, но нивните меѓусебни односи се разместени, создавајќи своевидна дезориентација на домашното. Она што го познаваме станува малку чудно. Но ова разместување не завршува со она што е фотографирано. Напротив, најрадикалната операција во циклусот се случува врз самата фотографија. Фотографијата престанува да биде рамна и стабилна површина. Испечатена врз текстил, таа се собира, превиткува, набира, затегнува и деформира. Иглите ја прободуваат. Металните елементи ја фиксираат и истовремено ја повредуваат. Чипката ја опкружува, прикрива или декоративно ја дисциплинира. Епоксидната смола ја зацврстува, но истовремено ѝ дава влажна, сјајна, речиси органска присутност. Сликата станува кожа. Фотографиите произлегуваат од речникот на секојдневието: мијалник, одвод, храна, презреано овошје, цвеќе, инсекти, чинии, чипка, женска кожа, раце, стапала, телесни фрагменти. Тоа се нешта кои во вообичаениот режим на гледање ги распределуваме во различни категории – убаво и грдо, чисто и нечисто, пожелно и непожелно, интимно и јавно. В’чкова намерно ги доведува во непосредна близина и ги лишува овие поделби од нивната сигурност. Цветовите се појавуваат покрај нечистотијата во одводот; декоративната чипка опкружува инсект; презреаното овошје се наоѓа на границата меѓу храната и распаѓањето; женското тело се преклопува со ткаенината, а кожата со површината на сликата. Убавото и непријатното повеќе не можат лесно да се раздвојат…“ За уметницата: Ана В’чкова (1998) е дипломирана визуелна уметница при Факултетот за ликовни уметности – УКИМ во Скопје, на отсекот сликарство, модул сценографија. Нејзината уметничка пракса опфаќа спектар медиуми, од сликарство, фотографија и графички дизајн до видео. Излегувајќи надвор од границите на една дисциплина, В’чкова е привлечена од можноста за комбинирање различни техники, текстури и визуелни јазици. Ваквиот хибриден пристап претставува основа на нејзините креативни истражувања, овозможувајќи ѝ да создава суптилни и автентични наративи што одекнуваат кај публиката. Нејзините дела ја истражуваат динамичната врска меѓу медиумот и пораката, со цел да изградат непосредна и трајна поврзаност со гледачот. Преку внимателна интеграција на традиционални визуелни форми и современи дигитални процеси, таа ги преиспитува утврдените уметнички конвенции и начини на гледање. Нејзината пракса е втемелена во уверувањето дека формата и содржината се неразделни, секоја постојано ја обликува и преобликува другата. В’чкова е членка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и има учествувано на повеќе групни изложби и меѓународни резиденции, меѓу кои: Ликовна колонија Галичник (2025), Non-linear Archive во Скадар (2025), резиденцијата Infrared во Приштина (2024), Скопски урбани приказни (2025), Femina (2024), Зимски салон (2024), Skala (2022), Manchester Art Fair (2021). Таа има реализирано самостојна изложба во „Prima Center Berlin“ во Берлин, Германија, под наслов „Галена, Мазена, Пазена“ (2026), самостојна изложба во рамки на филмскиот фестивал „Sирни“ (2025) во Скопје, а во 2023 година ја има остварено својата прва самостојна изложба насловена „Diversus“ во МКЦ, поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.Тагови: Ана В’чкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМКЦ и МОТ продолжуваат да ја поддржуваат независната и современата изведувачка сцена: „Локомотива“ со две перформативни дела на 51. МОТДолгогодишната соработка меѓу Младинскиот културен центар (МКЦ), МОТ – Меѓународниот театарски фестивал и организацијата „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“ продолжува и во рамки на 51. издание на МОТ. Ова партнерство, кое низ годините овозможува континуирано претставување и развој на современите уметнички практики, е пример за важноста на поврзувањето на јавните културни институции со независната културна сцена. На 23 ноември (понеделник), со почеток во 20 часот, во салата „25 Мај“ во МКЦ, „Локомотива“ ќе се претстави со две перформативни дела – „Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото“ и „Мочуришна драма (AT)“, во авторство на Викторија Илиоска и Марија Хубер. „Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото“ е кореографски истражувачки проект кој на перформансот му пристапува како на подготовка за иднината во која веќе живееме. Преку телото, движењето и колективното искуство, делото ги истражува економската, политичката и еколошката нестабилност како секојдневна состојба. Во фокусот е опстојувањето како кореографска и политичка стратегија – способноста за заедничко носење на тежината, истрајување и создавање форми на поддршка во услови на неизвесност. Вториот дел, „Мочуришна драма (AT)“, е перформативно предавање на Марија Хубер, која преку своето драг-алтер его Крокодилска Солза ги истражува флуидните граници меѓу драг-перформансот, кореографијата со предмети и филозофското предавање. Низ лични искуства, кантри песни и прашања за ранливоста, заедничкото тагување и создавањето отпорни простори, делото отвора простор за поинакво промислување на квир и деколонијалната драматургија. Соработката меѓу МКЦ/МОТ и „Локомотива“ е долгогодишна и суштински важна за развојот на современата изведувачка сцена во Македонија. Низ годините, ова партнерство создава простор за афирмација на нови уметнички практики, експериментални формати и интердисциплинарни пристапи, овозможувајќи независните уметници и организации да бидат активен дел од фестивалската програма. За МОТ, соработката со „Локомотива“ е дел од континуираната заложба фестивалот да биде отворена платформа за современи уметнички изрази, критичко промислување и нови сценски јазици. Билетите се по цена од 400 денари и може да се набават онлајн преку bileti.mkc.mk.Тагови: МКЦ Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter