3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
МакедонијаДимитриевски: ЗНАМ е почеток на поинаков пристап во македонската политикаПартијата Движење ЗНАМ – За Наша Македонија ја одбележа втората година од постоењето. На прославата пред присутните 400 гости, пријатели на ЗНАМ, сопартијци,обраќање имаше претседателот на Движењето, Максим Димитриевски.„Одбележуваме почеток на еден поинаков пристап во политиката во нашата земја и знам дека сме на вистинскиот пат Македонија да ја направиме поубаво место за живеење, рече Димитриевски“. Тој нагласи дека ЗНАМ е континуитетот на она што Македонија ја прави држава на македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во неа од Крушево до АСНОМ и потоа. Навраќајќи се на почетоците на Движењето, Димитриевски рече дека приказната којашто се започнала во Куманово се проширила низ државата и се заокружила, во Скопје, со основањето на партијата - Движење ЗНАМ – За Наша Македонија. „Создадовме политички субјект во кој се обединија луѓе за кои етиката, моралните норми, чесноста и посветеноста се дел од секојдневното делување и животот во целина. Разработивме нови политики коишто ги преточивме во Програма со конкретни решенија и тоа им го понудивме на граѓаните. И денес, одбележувајќи го вториот роденден, можеме со задоволство да констатираме дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија е политички субјект кој е препознаен и етаблиран на македонската политичка сцена, со членство кое постојано расте и има стабилна партиска инфраструктура во 53 општини во Македонија и градот Скопје“, нагласи тој. Димитриевски рече дека во ЗНАМ членуваат граѓани од различна политичка провиниенција и идеологија, од различна етничка и верска припадност, што покажува дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која обединува. Тој истакна дека со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето. „Влеговме во Владата врз база на нашата Програма која стана дел од Владината Програма. Ја презедовме одговорноста. Побаравме и добивме одговорни ресори, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација. Нашата цел не беа фотелјите, нашата цел се резултатите. Реформите во овие ресори, кои се од голема важност за функционирањето на целата држава се спроведуваат, проблемите се решаваат“, потенцира во својот говор Димитриевски. Тој се осврна и на локалните избори 2025 година и нагласи дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија успешно ја реализирало зацртаната цел со освоени 39 илјади гласови на советничките листи и 44 советници во општините и градот Скопје, како и градоначалничко место во Куманово. Димитриевски рече дека ЗНАМ чекори во вистинската насока и ги остварува програмските цели, при што ги реафирмираше петте главни столба на кои се темели политиката на партијата: 1. Интеграција на Република Македонија во Европската Унија. 2. Република Македонија како современа, демократска, модерна, европска држава, втемелена на илинденските и на асномските вредности. 3. РепубликаМакедонија како самоодржлива држава. 4. Република Македонија како држава што испорачува правда за сите граѓани, која промовира нулта толеранција кон политичкиот криминал, корупцијата и ефикасна борба против организираниот криминал. 5. Стабилни меѓуетнички односи како столб на македонската држава. „Тие се меѓниците кои ја дефинираат Македонија како национална држава на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во неа, припадници на различни етнички заедници. Нашата заложба Македонците, како народ кој ја основал оваа држава, да не се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава, полека, но сигурно се реализира и неправдата што ја имаше во изминатите години се исправа“, појасни тој. Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски се осврна и на членството на Македонија во НАТО, како гарант на мирот и стабилноста на државата и нејзиниот територијален интегритет и безбедносен интегритет. „Дозволете ми да нагласам дека нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави и односите што ги имаме со нив се од исклучително значење за нас и се надеваме дека ќе се продлабочуваат, бидејќи се покажа дека секогаш можеме да сметаме на нивната помош и поддршка“, нагласи тој. Димитриевски потенцира дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не отстапува од определбата за членството во Европската унија. При тоа, како што рече, мора да се зачуваат достоинството и националните интереси на државата. „Во Европа да, но со зачувани достоинство и самобитност. Во Европа да, но со високо крената глава, како и сите други“, нагласи тој. Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски се осврна и на работата што треба да се заврши дома за да се постигнат целите надвор. Како еден од факторите за тоа, тој ја посочи внатрешната сплотеност и единство помеѓу сите политички чинители во земјата, за што Движењето подготви Национална Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии. „Во ЗНАМ сеуште сметаме дека има време Македонија да се обедини и да се врати на Крушевските и АСНОМ-ските принципи. Само како средена, стабилна, праведна и модерна држава, со економски развој, со доверба во институциите нашиот пат е сигурен и безбеден и ќе може да имаме успех дома, но и на меѓународната сцена“ рече претседателот на Движењето ЗНАМ– За Наша Македонија, Максим Димитриевски обраќајќи се на одбележувањето на втората година од основањето на партијата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter