Димитриевски: Мора да ја спречиме корупцијата, мора да ја вратиме правдата

 Мора да ја спречиме корупцијата, мора да ја вратиме правдата. 

Ние во Македонија имаме судови и судии, правда немаме. Имаме обвинителства и обвинители, а обвиненија само за оние кои пркосат со власта, изјави вечерва Максим Димитриевски, претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ, За наша Македонија во Кавадарци.

Од позиција на иден претседател на државата рече дека во првите сто дена ќе предложи стратегија за борба против корупцијата и криминалот. Но, особено за борба против политичкиот кримина бидејќи, како што нагласи, главниот криминал и корупција се токму во политиката. Народот е сила, истакна тој, а партиите постојат за народот и кога ќе се однародат, народот им вели „не“.Затоа повика за обединување на народот и упати порака дека е можно тоа.

Димитриевски се осврна на нивната програма „Манифест за Македонија“, упати критики за тоа како се одвивале работите во изминатите триесет години, говореше за променетите општествени вредности и најави промени.

- Масовноста овде значи дека сме на вистинскиот пат, истакна тој, подвлекувајќи дека треба да се создадат услови за внесување достоинствено во Европа, да се вратат тие што заминаа.

Димитриевски критикуваше за лоша организираност на работите во државата која има се, многу предности. Најави еднакви права, но и обврски за сите, беше дециден дека Македонија е Република и таква и ќе остане. Овие избори, рече, се суштинскиот момент. Сега е моментот. Да се излезе масовно на избори.

Нашата цел е, додаде, Македонија да ја трансформираме во самоодржлива држава. Држава што ќе биде своја на своето. Граѓаните, подвлече, заслужуваат поубав и подостоинствен живот.

- Масовно да излеземе на избори на 24 април и да ја дадеме поддршката, таму каде што се граѓаните, а граѓаните се со ЗНАМ, за наша Македонија, а јас како претседател на Македонија, ќе го дадам својот максимум за сите и ќе бидам претседател на сите, порача тој од Кавадарци.

Караванот на Димитриевски претходно ги посети Демир Капија и Неготино. Во Демир Капија тој најави дека ќе иницира законски решенија за директна помош на вистинските винопроизводители.

- Од позиција на претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а се со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси. Тоа ќе придонесе во равојот на економијата, како и во зголемувањето на приходите во буџетот, рече Димитриевски.

Дневен хороскоп за 17. мај 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 17. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања.

Кариера

Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка.

Здравје и совет

Држете се подалеку од каква било негативност.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават.

Кариера

Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите.

Здравје и совет

Продолжете да истражувате за здравиот живот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Разграничете ги приоритетите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина.

Кариера

Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив.

Здравје и совет

Имате поголема сигурност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска.

Кариера

Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето.

Здравје и совет

Бидете активни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Шоуто во кое се впуштивте , се развуива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов.

Кариера

Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши.

Здравје и совет

Довршете си ги заостанатите обврски.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине.

Кариера

Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете.

Здравје и совет

Користете ги паузите за одмор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови.

Здравје и совет

Не се предавајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства.

Кариера

Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе мечтаете со отворени очи.

Животот во раскошниот дом го замениле со автобус (видео)

 – Овој пар има 7 деца, сите живеат на тркала

Нивниот живот е динамичен и сакаат да го поминуваат во патување.

Познато е тврдењето дека секому му е потребен безбеден дом и покрив над главата, а тоа обично подразбира стационираност на едно место. Иако многумина посакуваат постојан сопствен дом, други со задоволство го менуваат за поскромни и поедноставни услови. Ова големо семејство докажа дека трошоците за живот не мора да се секогаш големи, туку дека понекогаш времето е пари и она што го доживуваме во животот.

Едно деветчлено американско семејство одлучило својот раскошен дом да го замени со автобус.

@jdandbritney

(null)

♬ original sound - AmericanFamilyRoadTrip

- Порано мислев дека, ако имам големо семејство би требало да имам и поголема куќа. Како просторот да е клучен за детето да израсне во успешна и добро ситуирана личност. На децата им е потребно вашето време. Имавме голема куќа, но таа бараше одржување и ни беше товар, ни го одземаше драгоценото време што го имавме за себе. Се одлучивме за поинаков пристап кој ни дава максимална можност за квалитетен живот - значајни искуства, развој на карактерот, учење и градење на односи – навела мајката на седумте деца во објавата на Инстаграм.

Таа истакнала дека за да го постигнете тоа не ви е потребно да живеете во голема куќа, туку како нив, во автобус.

Нивниот мобилен мини-дом има сè што му е потребно на целото семејство. Тие редовно споделуваат моменти од автобусот со лицата што ги следат на Инстаграм и Тикток.

Автобусот е на два ката и ги има сите неопходни елементи за функционирање на едно семејство. Децата имаат свои кревети, брачниот пар има свој заеднички кревет, како и кујнски елементи. На видеото објавено на Инстаграм може да се види како децата имаат свое катче за учење и одмор, така што буквално ништо не им недостасува.

Имаат када, туш кабина, топла вода и сите придружни елементи во бањата. Како што наведува оваа инфлуенсерка во описот на објавата, на нејзиниот сопруг му биле потребни осум месеци да го направи овој автобус, да го регистрира, да го осигура, но тие уште од почетокот имале свој оригинален дизајн. Засега во тој дом ги посетила само нејзината мајка, која рекла дека одлично спиела и дека ѝ било убаво.

Ова семејство привлекува големо внимание кај луѓето на Инстаграм, но многумина ги напаѓаат родителите поради тоа што ги ограничуваат децата на толку мал простор.

-Што ќе правите кога децата ќе станат тинејџери?

- Планирате да се усидрите некаде?

- Овие деца ќе бидат сè поголеми и поголеми, и автобусот нема да биде доволен.

- Не можам да преживеам во простор за кампување од 40 квадрати со петчлено семејство, хаха

- Ова е лага... нема шанси да се сместите со сите тие деца во овој автобус - беа дел од коментарите.

Многумина ги критикуваат овие родители дека не се грижат соодветно за семејството и дека децата немаат приватност, и дека овој потег е многу себичен од страна на родителите. Мајката на прозивките одговорила дека не мора да ги имаат сите одговори од денес до утре и дека засега совршено уживаат во својот подвижен дом кој им овозможува да посетат многу земји потполно бесплатно и многу поволно, така што засега немаат намера да се сместат на некое место.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер