Димитриевски: Ќе ја напуштиме владата ако Меџити повторно свика координација со албанско знаме

Доколку се повтори вицепремиерот Изет Меџити да свика координација со министрите на ВРЕДИ во Владата, а на која ќе има албанско знаме, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе ја напушти владејачката коалиција .

Доколку се повтори вицепремиерот Изет Меџити да свика координација со министрите на ВРЕДИ во Владата, а на која ќе има албанско знаме, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе ја напушти владејачката коалиција – порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на подкастот на Канал 5 „На кавга со Иван“ кој ќе се емитува вечерва.

Трагедија на училишна екскурзија: Момче се удави во море, другите деца гледале од брегот

Тинејџер се удави во популарната туристичка атракција Вест Витеринг во Сасекс додека наводно бил на училишна екскурзија со група од 50 ученици.

Неименуваното момче, за кое се верува дека е од Лондон, било еден од учениците во училиштето кое во вторникот организирало патување до познатата туристичка атракција.

Брзата помош во моментот на пријавата била во голема гужва, поради што многу подоцна дошле на терен.

Другите деца, за кои се верува дека се негови соученици, биле видно вознемирени додека стоеле на плажата и го гледале транспортот на тинејџерот од брегот.

Портпаролот на брзата помош потврди дека момчето било однесено директно во болница од крајбрежната стража.

„Службите за итни случаи и Крајбрежната стража на ХМ беа повикани да му помогнат на момчето кое се удави кај плажата Западен Витеринг околу 13 часот во вторникот на 2-ри јули. 17-годишното момче беше пренесено во болница каде за жал почина“, рече портпаролот полицијата.

„Неговите најблиски се информирани. Во тек е истрага за да се разберат сите околности на инцидентот“, додаде тој, пренесува Мирор.

Полицајците ги известиле родителите за смртта на тинејџерот вчера попладне.

Вест Витеринг е познат по своите врски со славни личности, со тркалачки песочни дини и широки плажи и е дом на ѕвезди како Кејт Винслет. Други големи имиња кои живееле во областа се британскиот актер и пејач Мајкл Бол, актерот Николас Линдхерст и фронтменот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс.

Плажата е исто така многу популарна меѓу граѓаните, а годишно ја посетуваат до милион луѓе, според локалниот туристички одбор.

Белата куќа и официјално се огласи за кандидатурата на Бејден

Американскиот претседател Џо Бајден не размислува за повлекување од функцијата претседателски кандидат, соопшти денеска Белата куќа.

„Апсолутно не“, беше одговорот на портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на новинарско прашање дали Бајден размислува да се повлече од изборната трка, пренесува Ројтерс.

„Тој разбира дека е фер луѓето да го поставуваат тоа прашање. Го видов претседателот во Западното крило (на Белата куќа) пред да отидам на говорницата на брифингот со новинарите. Изгледаше одлично“, рече таа.

Претходно денеска, Бајден разговараше со лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, со демократскиот претставник Џејмс Клибурн, копретседател на кампањата Бајден-Харис и со поранешната претседателка на Домот Ненси Пелоси.

Си-Ен-Ен објави дека Бајден и американската потпретседателка Камала Харис разговарале и со сите членови на изборниот штаб на Бајден за овогодинешните претседателски избори и дека „детално го опишале влогот на претстојните избори“.

Според неименуван извор, Бајен рекол дека „кога ќе те соборат, се враќаш“.

„Да го победиме ова“, биле зборовите на Бајден на крајот од разговорот.

Келнер откри трикови како ги казнува непријатните гости: Не ми е гајле за бакшишот (ВИДЕО)

Дилан Карино од Тексас објави неколку видеа на TikTok, каде што открива дека „казнува арогантни клиенти во ресторан“.

Тој тврди дека поединците често ги игнорираат правилата на кафеаната - и очекуваат добра услуга, па во такви моменти применува одредени „трикови“.

На почетокот открива дека дозволува „грубите гости да чекаат по 20 минути“, а потоа се преправа дека не ги видел.

„Седнавте на масата со валкани чинии? Никој не те послужил? Дали го прашавте дали е слободно? Тоа не е во ред“, објасни младиот човек.

Дилан ги посочува и клиентите кои сами носат пијалоци во барот. Потоа применува поинаква „тактика“.

„Сакате палачинки? За жал, немаме повеќе смеса. Сакате да појадувате? Престанавме да го служиме пред шест минути. Можеби не требаше да носите кафе во ресторанот“.

@dylanpcarlino Dont come for the breakfast waitress #server #comedy #restaurant #serverproblems #serverlife #breakfast #jokes ♬ original sound - Dylan

На крајот рече дека во таква ситуација ниту сака ниту очекува бакшиш.

„Кога се однесувам вака, претпоставувам дека нема да добијам бакшиш. Но, слободно чувајте си ги парите, не ми требаат. Ми дадоа нешто повредно. Шанса за одмазда“, заклучил тој.

@dylanpcarlino As a waitress #comedy #server #restaurant #serverlife ♬ original sound - Dylan

Треба да се напомене дека на својата страница Дилан има снимено неколку стенд-ап (комичарски) настапи, па останува нејасно дали навистина работи како келнер - или се работи за подготвен скеч.

притисни ентер