Келнер откри трикови како ги казнува непријатните гости: Не ми е гајле за бакшишот (ВИДЕО) - Канал 5

Келнер откри трикови како ги казнува непријатните гости: Не ми е гајле за бакшишот (ВИДЕО)

Дилан Карино од Тексас објави неколку видеа на TikTok, каде што открива дека „казнува арогантни клиенти во ресторан“.

Келнер откри трикови како ги казнува непријатните гости: Не ми е гајле за бакшишот (ВИДЕО)

Тој тврди дека поединците често ги игнорираат правилата на кафеаната - и очекуваат добра услуга, па во такви моменти применува одредени „трикови“.

На почетокот открива дека дозволува „грубите гости да чекаат по 20 минути“, а потоа се преправа дека не ги видел.

„Седнавте на масата со валкани чинии? Никој не те послужил? Дали го прашавте дали е слободно? Тоа не е во ред“, објасни младиот човек.

Дилан ги посочува и клиентите кои сами носат пијалоци во барот. Потоа применува поинаква „тактика“.

„Сакате палачинки? За жал, немаме повеќе смеса. Сакате да појадувате? Престанавме да го служиме пред шест минути. Можеби не требаше да носите кафе во ресторанот“.

@dylanpcarlino Dont come for the breakfast waitress #server #comedy #restaurant #serverproblems #serverlife #breakfast #jokes ♬ original sound - Dylan

На крајот рече дека во таква ситуација ниту сака ниту очекува бакшиш.

„Кога се однесувам вака, претпоставувам дека нема да добијам бакшиш. Но, слободно чувајте си ги парите, не ми требаат. Ми дадоа нешто повредно. Шанса за одмазда“, заклучил тој.

@dylanpcarlino As a waitress #comedy #server #restaurant #serverlife ♬ original sound - Dylan

Треба да се напомене дека на својата страница Дилан има снимено неколку стенд-ап (комичарски) настапи, па останува нејасно дали навистина работи како келнер - или се работи за подготвен скеч.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките

Хајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформира

Хајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките

Славната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации.

Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките.

Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк.

На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници.

Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things).

Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав.

Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марк Маркез на тронот во Малезија – има „меч-топка“ за титула

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во шампионатот Мото ГП.

Марк Маркез на тронот во Малезија – има „меч-топка“ за титула

Маркез ја оствари својата седма победа сезонава во Сепанг и е на чекор до одбрана на титулата, откако неговиот главен ривал Хорхе Мартин од тимот на „Априлија“ се здоби со скршеница на зглобот.

Возачот на КТМ, Педро Акоста, го освои второто место, додека Алекс Маркез од тимот „Гресини“ заврши трет. Аи Огура заврши на четвртата позиција.

До бодови на трката во Малезија стигнаа и Енеа Бастианини, Марко Бецеки, Лука Марини, Фабио ди Џанантонио, Бред Биндер, Франко Морбидели, Фабио Квартараро, Алекс Ринс, Франческо Бањаја, Маверик Вињалес и Икер Лекуона.

Марк Маркез води во генералниот пласман со 399 поени, Мартин е втор со 355, а Бецеки е на третото место со 332. До крајот на сезоната во шампионатот Мото ГП остануваат уште три тркачки викенди, а следниот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Катар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер