МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Трезорот работи, работите се извадени од контекстПред неколку дена слушнавме една хистерична изјава дека 60 милијарди нема да се наплатат, денес видете, заклучок со петокот, ќе видите дека не е така. Буџетот е во добра кондиција и до крајот на годинава приходите, кои треба да изнесуваат околу 6 милијарди ќе бидат според проекциите, уверува министерката за финансии Гордана Димитриевска – Кочоска иако на фискалниот бројач на сајтот на министерството и приходите и расходите се на 86% реализација и во моментов недостасуваат околу 700 милиони евра. Таа тврди дека има се уште приливи кои што треба да пристигнат на државна сметка до крајот на декември како даночните приходи и придонеси и дека опозицијата создава паника. -Пред неколку дена слушнавме една хистерична изјава дека 60 милијарди нема да се наплатат, денес видете, заклучок со петокот, ќе видите дека не е така. Прво ќе видите дека 315 милијарди денари до овој момент се наплатени, притоа кажувам даночните календари како одат, значи сега почнува наплатата на даночните приходи, придонесите до последниот ден ќе се прибираат, затоа што знаете дека многу од компаниите исплаќаат плата во декември наместо во јануари, така што месец декември секогаш е поразличен во однос на другите месеци. Не постојат пари кои што треба да ги прибираме, постојат, на сопствените сметки се и тоа опозицијата, која до вчера беше власт, треба да знае како функционира буџетот,- - Гордана Димитиревска – Кочоска – Министер за финансии. Што се однесува до Трезорот и стравувањата дали ќе се исплати К-15, кочовска смирува. Тој останува отворен... Според неа, и во оваа насока е направена паника од страна на опозицијата и уверува дека трезорот ќе работи и на неколку часа пред Нова Година, како што било и во минатото. До денеска е предвидено како што кажа да се испратат налозите за во последните две недели од декември да можат да се направат пресметките, но ако некој задоцнил не значи дека налогот нема да биде примен, вели таа.. -Трезорот прима налози до 15, што не значи дека ако некој задоцнил, но има исклучоци, дека нема да ги примимаме, како може? Што, затвораме и ќе одиме на скијање? Ќе го затвориме, заминува цел трезор. Мислам дека е многу сериозно да се каже, трезорот затвора. Не, трезорот ги прибира налозите со цел подобро да се организира до крајот на годината, навистина е несериозно, пак ќе речам, сега ние ќе затвориме, клуч ќе ставиме на министерствово ќе одиме на зимување, не е така. Трезорот ќе си работи до 31ви,- - Гордана Димитиревска – Кочоска – Министер за финансии. Премиерот Мицкоски вечра исто така посочи дека денеска нема да се затвори трезорот, туку рокот 15ти бил поставен како пожелен за сите институции да ги достават тековните потреби, расходи за да може навреме да се завршат исплатите, односно, да не останат нерешени работи кои би се префрлиле во 2026 година. Целта е според него, да се воведе ред, оти праксата покажала дека до сега сите работи се завршувале во 5 до 12. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажаниБезбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг. „Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц. Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“. Русија ги негираше обвинувањата. Фото: ВИТагови: аеродром Германија драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријаваНа 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“. Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук. Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали. NOW - Live firing incident hit gas line at CFB Wainwright in Alberta, Canada causing explosion that killed at least 7 military members and injured dozens more, igniting large fire on base. Hospitals overwhelmed with patients and under code orange. https://t.co/xuQ0lz8H1Z — Confidential Post (@C_Post_News) October 18, 2026 „Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој. Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата. Болниците преполни Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз. 🔥At least seven people died and dozens more were injured in an explosion and fire at the Wainwright military base in Canada. The incident occurred during a live-fire exercise, in the course of which a gas pipeline at the base was damaged. This triggered an explosion. https://t.co/JUC1bcjm8V — Abraracursix abdala (@Abraracurs64713) October 18, 2026 „Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра. „Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“Тагови: канада пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42