Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
2„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Остануваме на остварување на јасната определба за одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансииМинистерството за финансии останува посветено на градење поотпорен, постабилен и поефикасен систем на јавни финансии. Унапредувањето на фискалната рамка е во интерес на економската стабилност и долгорочниот развој на државата. Ова го порача министерката за финансии на стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Македонија“, во организација на Фискалниот совет. „Современото управување со јавните финансии бара долгорочна визија, јасни правила и институционална стабилност коишто овозможуваат предвидливост, дисциплина и одговорност во носењето на одлуките.Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со комплексен предизвик на балансирање меѓу потребата од консолидација и потребата од развој. Затоа е неопходно внимателно управување, силни институции и доследна примена на фискалните правила“, истакна министерката. Таа посочи дека денешната расправа се одвива во фазата на усвојување на Фискалната стратегија за период 2027-2031 година како клучна рамка за среднорочното управување со јавните финансии. „Оваа стратегија е резултат на јасна определба за одговорно и дисциплинирано управување со јавните средства во услови на зголемени глобални ризици, енергетска нестабилност и потреба од зачувување на макроекономската стабилност. Таа има за цел да обезбеди стабилен и предвидлив фискален пат, без да се наруши економската активност и социјалната сигурност на граѓаните“, рече Димитриеска-Кочоска и додаде дека со неа во периодот до 2031 година е предвидено постепено намалување на буџетскиот дефицит и негово светување на ниво од 2,8%. Според неа тоа претставува јасен сигнал за определбата за постепена фискална консолидација и усогласување со европските фискални стандарди, како и за зајакнување на кредибилитетот на фискалната политика. Таа појасни дека во насока на постигнување на овие цели, Владата ќе спроведува континуирани мерки и на приходната и на расходната страна на буџетот, со цел да се обезбеди одржливост, ефикасност и поголема транспарентност во управувањето со јавните финансии. Министерката ја истакна и улогата на Фискалниот совет во креирањето на фискаланта политика преку своите анализи и мислења. „Министерство за финансии, ја гледа оваа улога како важен партнерски елемент во креирањето на фискалната политика. Независната експертиза и критичката анализа ја прават политичката одлука поинформирана, поквалитетна и поодржлива“, посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБаба Дронијак (96) не се откажува од забавите во домот и покрај заканите за исфрлањеДури и на 96 години, Лилијан Дронијак не се одмара.Популарната инфлуенсерка, позната како „Баба Дронијак“ на Инстаграм и ТикТок, неодамна сподели детали за инцидент во нејзиниот дом за стари лица во САД, тврдејќи дека менаџментот се заканил дека ќе ја исели поради организирање „диви забави“. Лилијан стекна милиони следбеници споделувајќи хумористични анегдоти од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и нејзината љубов кон дружењето со пријателите. @grandma_droniak i cant believe this. i have to party #partygirl #nursinghome #drama #grandma ♬ original sound - grandma_droniak Предупредување за бучава и алкохол Во видео што го објави, таа покажа писмо што го добила од менаџментот на домот, во кое се наведува дека може да биде иселена поради забави и пиење. „Ме исфрлаат од домот за стари лица. Го добив ова писмо. Во него пишува дека ќе ме исфрлат ако не престанам да се забавувам“, рече Лилијан. Во писмото се детално опишани правилата на домот: „Ви пишуваме поради бројни поплаки за бучава од вашата соба. Забавите не се дозволени и не ви е дозволено да им служите алкохол на другите жители. Ова е безбедносен ризик. Иако ги охрабруваме жителите да се дружат и да уживаат во активностите во заедницата, не можеме да дозволиме диви забави. Безбедносните снимки покажуваат луѓе како ја напуштаат вашата соба во 1 часот наутро минатиот вторник.“ Во писмото, исто така, се предупредува дека „континуираните инциденти од ваков вид“ може да резултираат со ограничен пристап до заедничките простории и „да доведат до понатамошно преиспитување на вашиот статус на престој во заедницата.“ И покрај предупредувањето, Лилијан не се откажа. Таа им рече на своите следбеници: „Плаќам 12.000 долари месечно за да живеам тука. Претпоставувам дека можам да се забавувам ако сакам.“ Таа додаде: „Моите пријатели доаѓаат вечерва. Ќе пиеме неколку пијалоци и ќе озборуваме. Не е забава, но стануваме гласни.“Тагови: дом за стари лица Баба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколовски: Маратонот и достоинството се субјективна работа„Бугарија си го фатила местото, без разлика дали е правилно или не е правилно. Јас сум сега на оваа маса викнат и без разлика какво мислење имам и без разлика што ќе ми кажат. Но, тој што не е на оваа маса, може да си зборува дома колку сака“Треба да седиш на масата, треба и ние на Бугарите да им ставиме некогаш вето за нешто. Ако ние останеме маратонски вечно, не знам колку трае маратонот дали додека е Мицкоски Премиер или додека сме ние живи, или додека е Богдан жив или додека е внук ми жив. Колку е тој маратон и колку тоа достоинство трае? Колкумина ќе останат во Македонија, колку патриоти ќе живеат во оваа земја? Тој маратон и достоинство се субјективна работа. Ајде нека направат референдум, да видиме точно колку се за ЕУ, колку не, за да не се караме. Која е стратегијата, освен што одат во Брисел да ги убедат. Бугарското министерство сега вели дека се 250 илјади пасоши, а нека се и 100 илјади, дали ним достоинството им падна? Тие се „за“ бугарите ви устав или не? Си правиме дневна политика, браниме едни напаѓаме други. Сигналите се едно, тие може да имаат резултат, колку е моќта на тие Европјани да сменат знаејќи каква е надворешната политика на Бугарија изминатите 1000 години, вели Љубиша Николовски во „Само вистини со Видиновски“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
СветТешки трговски разговори меѓу ЕУ и Кина, Брисел постави рок за договорЕврокомесарот за трговија Марош Шефчович се сретна со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао во Брисел, велејќи дека сака опипливи резултати од трговските разговори до октомври.Разговорите беа „интензивни, фокусирани и конструктивни“, изјави Шефчович за новинарите во понеделник, додавајќи дека двете национални делегации ќе продолжат со разговорите во текот на вечерта. „Сметаме дека до октомври нашите тимови имаат доволно време да постигнат опипливи резултати“, рече тој. Ванг го покани да го посети Пекинг во октомври. Спротивни ставови Шефчович инсистираше дека ЕУ сака разговорите да се фокусираат на растечкиот трговски јаз. „Кинескиот извоз во ЕУ продолжува да расте, додека нашиот пазарен удел во Кина продолжува да се намалува. Овој тренд не е одржлив и статус кво не е опција“, рече тој. Шефчович рече дека двете страни формирале групи за да разговараат за трговскиот баланс, контролата на извозот, интелектуалната сопственост и реформата на СТО. Кина ја уверува ЕУ дека контролата на извозот на ретки метали нема да ги наруши синџирите на снабдување на ЕУ, рече тој. Лидерите на Европската унија побараа од Комисијата, задолжена за трговските односи на блокот, да ги оствари резултатите од дијалогот со Кина, бидејќи нејзиниот трговски суфицит со ЕУ достигна 360,6 милијарди евра во 2025 година, што претставува зголемување од 15 проценти во споредба со 2024 година. Суфицитот се зголеми за 10 проценти во првите четири месеци од оваа година. Извор: Индекс.хрТагови: ЕУ Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook