3Почина авторот на бестселери, писателот Рју Мураками- неговиот прв роман е продаден во 3,5 милиони примероци
3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Обединетото Кралство еден од најважните економски партнери, посветени сме на стратешкото партнерствоСилна е посветеноста и на македонската и на британската влада на договорот за стратешкото партнерство, што ќе овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти, како и доверба меѓу деловите заедници. Цврстите економски односи се проследени со раст на вупната трговска размена, но и на инвестициите од Британија во Македонија,- беше истакнато денеска на одбележувањето на третата годишнина од формирањето на Британската бизнис-асоцијација (ББА) во државата. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека Обединетото Кралство е еден од најважните економски партнери на државата истакнувајќи дека особено важен сегмент се и британските инвестиции како силен сигнал за довербата во македонската економија. Британската бизнис-асоцијација во држававт, според неа, прерасна во значајна платформа за продлабочување на македонското-британските економските врски, силен глас на британската бизнис-заедница во земјата, но и важен партнер на институциите во креирањето подобра и поконкурентна деловна средина. Според министерката Димитриеска Кочоска, македонските производи го зголемуваат присуството на британскиот пазар како еден од најконкурентните во Европа, а меѓу деловните заедници во двете држави има силна економска динамика и доверба. Во 2025 година вкупната трговска размена достигнала 1,57 милијарда евра, што претставува раст од 18,9 проценти во однос на претходната година. Според министерката за финансии, уште поохрабрувачки е фактот што само во првите два месеци од 2026 година трговската размена изнесува 374 милиони евра, што е раст од 43,4 проценти на годишна основа. - Овие податоци јасно покажуваат дека економската соработка меѓу двете земји не само што е стабилна туку и добива нов интензитет. Извозот на македонски производи на британскиот пазар во 2025 година достигна 116 милиони евра, со раст од 14,3 проценти, а во првите два месеци од оваа година бележиме дополнителен раст од 1,9 процент. Ова е значаен показател дека македонските компании постепено го зголемуваат своето присуство на еден од најконкурентните европски пазари - рече министерката Димитриеска-Кочоска. Увозот од Обединетото Кралство во 2025 година изнесува 1,46 милијарда евра, што претставува раст од 19,3 проценти, а во првите два месеци од 2026 година тој раст е уште поизразен. Тоа, посочи министерката, зборува за силната економска динамика и за довербата што постои меѓу нашите деловни заедници. Во периодот од 2014 до 2025 година кумулативниот прилив на странски директни инвестиции од Обединетото Кралство достигнал 250,1 милиони евра, што е 4,5 проценти од вкупните странски инвестиции во земјата. Највисок прилив е регистриран во 2024 година кога британските инвестиции достигнале 221,3 милион евра, што, според министерката, е силен сигнал за довербата на британските инвеститори во македонската економија. Димитриеска Кочоска истакна дека потпишувањето на стратешкото партнерство меѓу Обединетото Кралство и Република Македонија, како и аранжманот Влада со Влада, ја издигнале соработката на ново, повисоко ниво. - Овој договор, кон кој двете влади се силно посветени, ќе овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти. Овие рамки испраќаат силна порака за долгорочната посветеност на Обединетото Кралство кон натамошно продлабочување на политичките, економските и на трговските односи меѓу нашите две земји. Британската бизнис-асоцијација има значајна улога во овој процес. Таа е важен мост меѓу институциите и приватниот сектор, меѓу британските компании и македонската економија, но и меѓу идеите и нивната реализација - рече Димитриеска-Кочоска изразувајќи уверување дека во годините што следуваат со Велика Британија ќе имаме уште посилна трговска соработка, поголем прилив на инвестиции и нови заеднички проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за нашите граѓани и за нашите економии. Британскиот амбасадор Метју Лосон нагласи дека воспоставувањето на ББА се совпадна со период на значајни пресвртници во билатералните односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија. Основањето, укажа, се надоврза на одбележувањето на 30 години дипломатски односи, а од неодамна беше и зајакнато со потпишувањето на Стратешкото партнерство меѓу Обединетото Кралство и Македонија и Меѓувладиниот договор, кои заедно ја подигнаа нашата соработка на ново ниво. - Меѓувладиниот договор, на кој двете наши влади се силно посветени, ќе ги поддржи критичните инфраструктурни проекти во транспортниот, енергетскиот, здравствениот и технолошкиот сектор, како дел од рамката за финансиска поддршка од 5 милијарди фунти од страна на Министерството за гарантирање на извозните кредити на Обединетото Кралство. Овие рамки испраќаат силен сигнал за долгорочната посветеност на Обединетото Кралство на продлабочувањето на политичките, економските и трговските врски меѓу нашите две земји. Таа посветеност, јасно се отсликува во цврстината на нашите економски односи, рече амбасадорот Лосон. Тој дополни дека Македонија е моментално најголемиот трговски и инвестициски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан, со вкупна билатерална трговска размена во вредност од околу 1,6 милијарди фунти во 2025 година. Боријан Борозанов, претставник на Британската бизнис асоцијација и директор за производство за Европа во „Џонсон Мети“, истакна дека е реалност целта за која беше основана ББА - да ги поврзе компаниите, да поттикне соработка и да отвори нови можности. Борозанов рече дека како дел од европското раководство на „Џонсон Мети“ секојдневно гледа важна промена во начинот на кој функционира бизнисот. Истакна дека успехот не се мери само со индивидуални резултати, туку преку партнерства, доверба, размена на знаење и заедничка визија за иднината, што е и улогата на ББА. - Нашата амбиција е Асоцијацијата да стане платформа каде соработката станува двигател на растот. Место каде идеите стануваат иницијативи, иницијативите стануваат партнерства, а партнерствата создаваат вистинско економско влијание. Пред нас стојат огромни можности во одржливоста, иновациите, дигиталната трансформација и развојот на таленти. Но најголемата сила на ББА не е во структурата, туку е во луѓето. Во лидерите кои се подготвени да соработуваат. Во компаниите кои размислуваат долгорочно. И во заедницата која верува дека заедно можеме повеќе, рече Борозанов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава. „Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски. Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
Црна хроникаДвајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
КултураПочина авторот на бестселери, писателот Рју Мураками- неговиот прв роман е продаден во 3,5 милиони примероци Јапонскиот писател, кој без срам пишуваше за насилството, отуѓеноста и темната страна на општеството, изгради кариера што траеше половина век. Покрај неговите најпродавани романи, тој помина две децении интервјуирајќи ги најмоќните бизнисмени во Јапонија, но неговото вкупно богатство никогаш не беше со сигурност објавено. Јапонскиот писател Рју Мураками почина на 17 октомври на 74-годишна возраст, а веста за неговата смрт беше објавена на 23 октомври. Тој остави зад себе кариера што покажува дека литературата може да биде многу повеќе од уметнички израз: може да стане долгорочен комерцијален производ, извор на приход преку разни медиуми и платформа за влез во светот на телевизијата и бизнисот. View this post on Instagram A post shared by Anadolu English (@anadoluagency) Мураками првпат го привлече вниманието на јавноста во 1976 година, додека сè уште беше студент, со својот дебитантски роман „Скоро транспарентно сино“. Книгата, која се занимаваше со младоста, дрогата, сексот и чувството на загуба, предизвика контроверзии, но во исто време освои две значајни јапонски книжевни награди - наградата Гунчо за нови писатели и престижната награда Акутагава. Сепак, најважното нешто за економската страна на неговата приказна е тоа што романот стана огромен комерцијален успех. Според извештаите на јапонските медиуми, продадени се околу 3,5 милиони примероци, вклучувајќи изданија со тврди и меки корици. Милиони продадени книги, но не и познато богатството Три и пол милиони продадени примероци се импресивен резултат, особено за роман кој е дебитантско дело на млад автор. Сепак, бројот на продадени книги не е ист како парите што ги заработил авторот. За да се пресмета неговата заработка, би било потребно да се знаат продажните цени на различните изданија, договорените авторски хонорари, приходите на издавачот и дистрибутерот, даноците, трошоците за репрезентација и начинот на кој се организирани приходите. Овие податоци не се достапни во доволни количини за да се направи сигурна проценка на вкупната заработка. Примерот на Мураками затоа ја покажува другата страна на пазарот на издаваштво: дури и кога е познат тиражот, не е можно едноставно да се помножи бројот на продадени книги со нивната цена и да се припише добиениот износ на авторот. Најголемиот дел од малопродажната цена оди за трошоците на издавачкиот синџир, додека авторот добива договорен дел од приходите. Не е пронајдена сигурна, официјално потврдена проценка за вкупниот имот или годишниот приход на Мураками. Затоа, секое тврдење дека бил милионер со одредена сума на сметка би било шпекулација, а не потврден економски факт. me entero de que ha muerto Ryu Murakami, autor de Azul casi transparente (1976). Recuerdos de la adolescencia... https://t.co/natGQbVcHc — Rafael Mateos (@RafaelMateos7) October 23, 2026 Уште еден бестселер: Книга што стана водич за кариера Комерцијалниот успех на Мураками не беше ограничен само на литературата во потесна смисла. Еден од неговите најпознати проекти беше книгата „13 години - Водич за занимања“ (13-sai no Hello Work), објавена во 2003 година. За разлика од темните романи по кои стана познат, оваа книга беше наменета за млади луѓе кои размислуваат за својата идна професија и избираат професионален пат. Според официјалната веб-страница на проектот, продадени се околу 1,3 милиони примероци, а книгата е користена во повеќе од 8.000 основни и средни училишта во Јапонија. Ова е исто така важна информација од деловна перспектива. Мураками успеа да го пренесе своето име и углед од еден жанр во друг, обраќајќи се кон сосема поинаква публика. Книгата не остана само издавачки производ, туку прерасна во долгорочен образовен проект, со официјална веб-страница која продолжи да ја развива својата основна идеја. View this post on Instagram A post shared by Julian Cortes (@literary.julian) Токму ваквите примери покажуваат како брендот на авторот може да преживее надвор од својот оригинален пазар. Кога книгата станува дел од образовниот систем и пошироката општествена дебата, нејзиното влијание повеќе не се мери само со продажбата во книжарниците. Две децении разговори со најмоќните бизнисмени во Јапонија Мураками имаше и друга, помалку очекувана професионална улога. Од 2006 година, тој е главен интервјуер за емисијата „Камбрија Палас“ на јапонската телевизија ТВ Токио, економска програма посветена на бизнисот, компаниите и нивните лидери. Тој остана на оваа позиција приближно 20 години, до март 2026 година. Во збогумската изјава, ТВ Токио рече дека во тој период бил домаќин на повеќе од 1.000 испитаници, првенствено раководители и бизнис лидери, и дека на емисијата ѝ ја дал препознатливата форма благодарение на неговиот авторски пристап и остри прашања. Ова значи дека професионалниот живот на Мураками не зависел само од продажба на романи. Неговата работа вклучувала литература, филмски проекти, уредување на електронско списание за економија и финансии, како и долгорочен телевизиски ангажман. За автор од таков профил, постојат неколку можни извори на приход: авторски права, права за нови изданија, преводи и екрански адаптации, како и хонорари за телевизиска работа. Сепак, без договори и финансиски извештаи од неговата компанија, не е можно да се утврди колку пари донел секој од овие извори. Литературата како долгорочен бизнис Кариерата на Мураками покажува дека успехот на еден писател не мора да се базира на еден голем хит. Неговиот дебитантски роман стана бестселер, но во текот на следните децении објави и други значајни дела, вклучувајќи ги „Деца од лента за багаж“, „Во мисо супа“ и „Полуостровот излегува“. Некои од неговите книги се адаптирани во филмови, а неговите дела се преведени и објавени надвор од Јапонија. Таквиот меѓународен живот може да ја продолжи комерцијалната вредност на книгата многу години по нејзиното прво објавување. Сепак, секој превод, филмска адаптација или ново издание вклучува посебни договори, така што приходот на авторот не може да се пресмета само од бројот на објавени наслови. Неговиот случај е особено интересен бидејќи Мураками беше и писател кој се занимаваше со најтемните страни на современото општество и телевизиски интервјуер кој разговараше со раководителите на големи компании. И во двата света, тој беше заинтересиран за тоа како функционираат луѓето, моќта, парите и општествените промени. RIP Ryu Murakami (村上龍) 「今回、オウムに関していろいろなところからインタビューをさせてほしいって声がかかったんだけど、全部断ってる。僕はなにもいわないよ。もっとも、今日は喋っちゃったけど。椹木さんだとどうも、喋っちゃって」(村上龍/『エスクァイア日本版』1995年10月号) https://t.co/aLn2gWvs5T — 中西大輔 (@diceque) October 23, 2026 Па колку заработил Рју Мураками? Нема сигурен јавен запис за неговото вкупно богатство. Она што може да се документира е дека неговиот прв роман се продал во околу 3,5 милиони примероци, дека неговата книга за млади се продала во околу 1,3 милиони примероци и дека тој бил водител на една од најпрепознатливите економски телевизиски емисии во Јапонија две децении. Ова се мерливи индикатори за кариера што далеку го надминала неговото литературно деби. Неговото богатство можеби не е прецизно пресметано, но неговиот дострел на пазарот останал видлив преку неговите книги, неговиот образовен проект и неговото долгогодишно присуство на телевизија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05