Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ: Продолжуваме со дисциплинирана фискална политика - Канал 5

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ: Продолжуваме со дисциплинирана фискална политика

Владата цврсто е определена за спроведување на фискаланата политика дефинирана со Законот за буџети и Фискалната стратегија, а насочена кон зацврстување на макроекономската стабилност. 

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ: Продолжуваме со дисциплинирана фискална политика

Целта е постепена фискална консолидација и заштеди во Буџетот и поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и на состаноците со извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд Јерон Клик, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за РС Македонија Анет Кјоб.

На средбата министерката истакна дека Буџетот се реализира согласно планираното при што на приходната страна е забележан раст на приходите во првиот квартал од 2025 година за 11,4 % во споредба со тој период претходната година, додека на расходната страна растот е понизок и изнесува 2,1%, со што полека но сигурно одиме кон фискална консолидација.

Таа додаде дека во тек се подготовки на новата Фискална стратегија за перидоот 2026-2030 година и дека фокусот со новата стратегија останува на континуирана постепена фискална консолидација.

Министерката на средбите се осврна и на очекувањата за економскиот раст, којшто е проектиран на 3,7% во 2025 година при тоа наведе дека се следат и актуелните состојби и се земаат предвид неизвесностите на глобално ниво. Тој ќе се темели на реализација на инвестиции, за што, рече во Буџетот, има висок износ од 47,2 милијарди денари. Дополнително ќе биде поддржан и со проектите кои се насочени кон локалниот економски раст и инвестициите во приватниот сектор. Исто така силна поткрепа, според министерката, се и странските директни инвестиции, за што наведе, дека во минатата година се реализирани рекордни 1,255 милијарди евра. Исто така на средбата беше посочено дека се очекува и продолжување на надолниот тренд кај инфлацијата и нејзино стабилизирање.

На средбите беа нотирани напорите за спроведување на реформи за унапредување на управувањето со јавните финансии и дека е важно да се оствари раст на приходите преку намалување на сивата економија, како и дигитализација на процесите.

РС Македонија добива значајна поддршка во спроведување на овие реформи од Меѓународниот монетарен фонд. Тоа беше потенцирано на средбата на министерката со претставници на Одделот за фискални прашања при ММФ на која беше изразена благодарност за досегашниот развој на капацитетите во различни области од управувањето со јавните финансии преку обезбедената експертиза во клучните реформи за управување со јавните финансии. Тоа, како што посочи министерката, е дел и од реформите поврзани со нашата ЕУ интеграција.

Средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се реализираа во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка што оваа недела се одржуваат во Вашингтон. Министерката покрај средбите со ММФ, оствари средби и со високи претставници на Светската банка, на Трезорот на САД, финансиски корпорации, а претходно беше во посета на македонската дијаспора во Чикаго, соопштуваат од МФ.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика дебатите за миграцијата да се водат со „разум“, во услови на зголемени гранични контроли под новата влада на земјата.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

- Имиграцијата никогаш не била лесна, рече Штајнмаер во Берлин на настан по повод 50-годишнината од Интеркултурната недела, национална иницијатива против расизмот.

- Тоа не е само приказна за проблеми. Тоа е исто така секогаш важен дел од приказната за успехот на нашата земја, додаде тој.

Штајнмаер рече дека дискусиите за миграциската политика треба да вклучат и „искрен став кој кажува што сакаме и можеме да направиме“, како и „консензус дека сме и ќе останеме земја со многу потекла, религии и култури“.

- Да се биде Германец денес значи и еднакви права за оние со имигрантски биографии, додаде германскиот претседател.

Околу 21 милион луѓе во Германија, околу една четвртина од населението, или мигрирале во земјата, или се деца на мигранти, рече Штајнмаер.

- Ние сме повеќе од земја со луѓе со имигрантско потекло. Германија е земја со имигрантско потекло … Без имиграција, Германија несомнено би била посиромашна земја, истакна тој. /МИА

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

 Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, ја презедоа водечката позиција на крајот од првата слободна тренинг сесија пред Големата награда на Емилија-Ромања, со која започнува европскиот дел од сезоната во Формула 1 во 2025 година.

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

Во Имола, лидерот во светскиот шампионат, Пјастри, запиша време од 1:16.545, победувајќи го својот тимски колега Норис за 0,032 секунди. Сепак, Британецот го постави својот најбрз круг во својот втор летечки круг на меките гуми, кои се од смесата Ц6, која го има своето деби во Формула 1 овој викенд.

Трет на крајот од првиот час подготовки во Имола беше Карлос Саинц, 0,052 зад Пјастри, додека Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа четврти и петти. Двајцата беа за 0,054 и 0,096 побавни од Пјастри, соодветно.

Викендот на Големата награда на Емилија-Ромања, седмата рунда од сезоната 2025 во Формула 1, продолжува во 17:00 часот по наше време со втората слободна тренинг сесија во Имола.

Русија и Украина разменија останки на војници

Русија и Украина повторно ги разменија телата на војниците убиени во конфликтот.

Русија и Украина разменија останки на војници

-Киев ги прими останките на 909 војници, соопшти денеска персоналот одговорен за прашања поврзани со воените заробеници. Војниците беа убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Харков и Суми.

Некои од останките дојдоа од мртовечници во Русија. Украинската армија со месеци окупираше делови од западниот руски регион Курск во близина на границата.

Според соопштението, Меѓународниот Црвен крст посредувал во размената. Руските медиуми објавија дека руската страна примила 34 тела.

притисни ентер