Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди
Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
1Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди
2Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФФискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст. „Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти. Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години. На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст. Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година. На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост. На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваУтре почнува есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ со 26 современи ракотворциУтре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар - „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци.Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар - „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври. Во текот на трите денови, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата на 26 современи ракотворци и домашни креативни брендови, кои создаваат рачно направени уникатни производи во мали серии, со голема вештина, прецизност и посвестеност на секој изработен предмет. На базарот ќе учествуваат: GAIA, БУВ – раскажува приказна за дрвото, PURE BEAUTY by Emma, Forest Stories, SIRA Leather, Solar Creations, Zen.Zeal, Epoxy Handmade by Clay, Филигран од срма Софија, Crochet by Frosi, Игнеа козметика, Декупаж катче, Монкдолс, Јуник Корнер, Добро ми стои, Filigree LARGO, Еко восочни обвивки, Marcy_s_handmade, Шарено ќоше, Julie Decoupage, Ignis Creative, Витрум Студио, Custom Cakes by B, Јордан WoodWorkers, Тилиа органика и Фантаст уметничко студио. На едно место ќе бидат претставени разновидни рачно изработени производи – од модерен накит, современ филигран и накит од епоксидна смола и полимерна глина, до рачно насликана керамика, производи од кожа, дрво и природни материјали. Понудата ја дополнуваат органска козметика, миризливи свеќи, декупаж, декоративни предмети за домот, уметнички дела, детски рачни изработки и низа други оригинални производи кои се создаваат локално и носат современа естетика. Зад секој од овие производи стои човек, идеја и време вложено во создавањето – токму она што масовното производство не може да го понуди. Базарот „Обоена есен, рачно создадена“ ја претставува разновидноста на домашната креативна сцена. Со организирањето на вакви тематски базари, Скопје Сити Мол продолжува да им дава простор и поддршка на локалните ракотворци и малите креативни брендови, овозможувајќи нивната работа да стигне до поширока публика и да стане дел од современата градска понуда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на АудиДенес објавуваме значајна вест за домашната економија.Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на потпишување договор за нова инвестиција. Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект каде што во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места. Она коешто тамо ќе се произведува се автомобилски компоненти за германскиот гигант Ауди. Не треба да ве потсетувам што е Ауди и што значи за автомобилската индустрија. Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди. Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Инаку, проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството. „Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Ќе ме коригирате ако нешто погрешам, во Битола до сега се околу 5.300 или 5.280, во Скопје се нешто над 1.700, со овој проект ќе дојдеме веќе до 10.000 вработени. Така што довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјата е огромна. За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност. Нашата цел е да бидеме препознаени како сигурна и конкурентна инвестициска дестинација, со силна индустрија, зголемен извоз. Тоа го разговаравме пред почетокот на оваа прес-конференција, следната година од „Кромберг и Шуберт“ очекуваат да надминат 400 милиони евра извоз од своите производни капацитети кај нас. И подобро платени работни места, навистина просечните плати, посебно за висококвалификуваниот кадар се над 80% над просекот во Македонија. Упатувам благодарност до раководството на „Кромберг и Шуберт“ за довербата, како и до сите вработени кои со својата стручност и посветеност придонесуваат за реализација на вакви проекти. На крај, сакам да испратам јасна порака. Ова се нашите цели, ова се нашите приоритети и вака треба да работиме и во иднина за сопствената татковина. Со конкретни инвестиции, со отворање работни места и со резултати. За жал имаме сѐ уште политички сили коишто се преокупирани со секојдневни политички пресметки, кои што се базирани на конструкции, лаги и измислици, а ние ќе останеме посветени на она што им е важно на граѓаните, тоа се капитални инвестиции, и проекти и приватни инцијативи од овој тип, коишто овозможуваат илјадници работни места, добро платени илјадници работни места. Со тоа ја правиме разликата, којашто е во делата, а не во зборовите. Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, и по тој пат ќе продолжиме. Ви благодарам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Шоу бизФото: Таа има 54 години, а сите сè уште ѝ се восхитуваат на фигурата: „Леле, какви нозе!“Славниот топ модел, Хајди Клум повторно позираше во провокативно издание, но овој пат за потребите на промовирање на нова линија долна облека од познат италијански бренд.Поранешната манекенка Хајди Клум повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд „Калцедонија“ (Calzedonia). Таа се појави во нова кампања и уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со своите смели изданија. Речиси секојдневно таа му покажува на светот дека го обожава своето тело на 54-годишна возраст, па така, оскудната облека, па дури и фотографиите на кои е без горниот дел од облеката, за неа не претставуваат никаков проблем. Напротив – нејзините профили на социјалните мрежи се полни со такви објави! За оваа пригода, таа позираше во две изданија, при што и во двете акцентот е ставен на чипката. На едната фотографија таа носи бордо боди и чорапи, а на другата позира во црн чипкаст комбинезон, под кој се гледа црна долна облека.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11