Димитриеска-Кочоска на Пролетни средби на ММФ и СБ, средби со високи претставници - Канал 5

Димитриеска-Кочоска на Пролетни средби на ММФ и СБ, средби со високи претставници

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 18 април 2026 престојува во САД, Вашингтон каде што ќе учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. 

Димитриеска-Кочоска на Пролетни средби на ММФ и СБ, средби со високи претставници

За време на престојот министерката ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и

Светска банка, ќе оствари средби во Трезорот на САД, како и со претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и инвеститори.

Димитриеска Кочоска ќе оствари средби со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Јерон Клик, заменик-извршниот директор Марникс ван Рај, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, со шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинеишвили, како и со претставници од Одделот за фискални прашања при Меѓународниот монетарен фонд. Се очекува на средбите да бидат потврдени напорите на Владата за фискална консолидација и истовремен фокус на обезбедување економски раст, како и влијанието на кризата врз јавните финансии и врз економијата.

Во Светска банка, Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, како и со извршниот директор во Одборот на Групацијата Светска банка – Холандска Конституенца, Јуџин Ругенат. На средбите во Светска банка ќе стане збор за реализација на Рамката за партнерство што нашата земја ја има со оваа меѓународна финансиска институција и можностите за нејзино искористување во реализација на проекти коишто се приоритет за развој на државата.

Исто така, министерката за финансии ќе оствари средби во Трезорот на САД, Канцеларијата ОТА, преку која се реализираат проектни активности во областа на јавните финансии со цел градење поефикасни институции, подобро управување со ресурсите, намалување на ризиците и поголема заштита на граѓаните.

Министерката во Вашингтон ќе оствари средба и со финансиски институции кои работат на меѓународните пазари.

Пролетните средби на ММФ и Светска банка традиционално се одржуваат во април секоја година и обединуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на бизнис заедницата, невладиниот сектор, експертската јавност коишто отвораат актуелни теми од интерес за светската економија, како и предизвиците со кои се соочува светот и можностите за нивно надминувaње, соопштуваат од МФ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Најдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички награди

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Уметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

На почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. 

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија.

„Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“

Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери.

„Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“

18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер