МакедонијаДимитриеска-Кочоска на Евроазискиот економски форумДимитриеска-Кочоска на Евроазискиот економски форум – Заеднички иницијативи и соработка за надминување на предизвиците.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на работната посета на Турција, денеска имаше воведно обраќање на 28. Евроазиски економски форум организиран од Мармара Фондацијата на кој истакна дека заедно преку заеднички идеи, иницијативи и соработка може да се надминат предизвиците пред кои се исправени сите. „Годините што изминуваат особено ковид-пандемијата донесе една нова реалност и создаде многу предизвици со кои се соочивме и се соочуваме се уште. Војната во Украина, енергетската криза, инфлацијата, нови променети услови на финансиските пазари, актуелните политики со царините се неизвесности на глобален план кои повеќе или помалку ги чувствуваме сите, а напорите што ги вложуваме и енергијата за справување со нив е различна. Некој плива по брановите полесно, некој потешко, но заедно може да направиме многу повеќе“, рече министерката. Таа додаде дека Македонија како мала и отворена економија она што се случува на глобално ниво, а особено во Европа, го чувствува и на домашен терен и затоа политиките на Владата се насочени на краток рок да се поддржи домашната економија со цел да се намали ударот од овие надворешни влијаниja и да се зголеми нејзината конкурентност. При тоа истакна дека со Турција негуваме пријателски односи и дека таа е наш голем поддржувач во спроведување на реформите кои ќе го забрзаат нашиот пат кон цврст просперитет. Министерката Димитриеска-Кочоска денеска ќе учествува и на панел дискусија во рамки на Евроазискиот економски форум на тема „Каде сме и каде сакаме да бидеме? Предизвиците дома и во Европа – пат до успешна иднина“. Овогодинешниот Самит на Фондацијата Мармара е посветен на тема „Похуман свет“, каде се присутни евроазиски лидери кои зборуваат на актулени теми поврзани со екологија, економија, енергија, вештачка интелегенција, меѓународна соработка во здравствениот сектор и слично.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News. „Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти. Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник. BREAKING: Nvidia’s board of directors has reinstated Jensen Huang as CEO https://t.co/XQnc7BjZ60 — Visegrád 24 (@visegrad24) November 23, 2026 Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот. Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите. Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.Тагови: Нвидија Џенсен Хуанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСледните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави МицкоскиВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности, но тие не се подготовка за предвремени избори, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Тој повтори дека следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а неговиот мандат како претседател на владата завршува за нешто повеќе од една година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаОд денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во ОхридПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона. Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook