Димитриеска - Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација - Канал 5

Димитриеска - Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација

Веќе почнуваат да се гледаат и видливи се резултатите од нашата работа.

Димитриеска - Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација

Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска, осврнувајќи се на податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за невработеноста, индустриското производство и извозот.

- Државниот завод за статистика објави податоци за стапката на невработеност во земјава за четвртиот квартал од 2024 година и која евидентира намалување на ниво од 11,9 отсто што е историски најниско ниво, забележувајќи пад од 0,4 процентни поени во однос на претходниот квартал и 0,7 процентни поени намалување во однос на 2023 година. Истовремено расте вработеноста и изнесува 46,2 отсто. Позитивни резултати забележани по подолг временски период има и кај индустриското производство кое за јануари 2025 забележа раст од 1,4 отсто, рече Димитриеска - Кочоска на прес-конференција во Владата.

Таа информира дека тоа се податоци дека се реализирани над 13 067 нови вработувања во четвртиот квартал лани во однос на истиот квартал од 2023 година, што е економска поткрепа за нововработените лица и еден показател дека во компаниите се создал раст кој поттикнал отворање нови работни места, а тоа во четвртиот квартал од 2024 година се регистрираше и преку остварениот раст на БДП од 3,2 отсто.

- Државниот завод за статистика забележа и податок кој покажува позитивни резулати и кај извозот. Во јануари 2025 година вкупниот извоз бележи пораст од 5.0 отсто во однос на истиот период од претходната година. Затекнавме економија која беше во стагнација и тоа бараше од нас итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки од 5 отсто на раст, рече министерката за финансии.

Клучно е, како што дополни, дека за овој процес да се покрене, а имајќи ги предвид достигнувањата на економијата во првите два квартала од 2024 година, е создавањето предуслови за сигурно бизнис опкружување кое влијае на реализација на инвестиции, отворање нови работни места и повисок стандард. Дополнително ова е клучно и за привлекување и реализација на странски директни инвестиции за кои минатата недела објавивме дека во 2024 година е реализиран историски највисок износ од над 1 милијарда евра.

Таа посочи дека иако станува збор за краток период од имплементација на нашите политики, сепак податоците се охрабрувачки за нас и, како што рече, да продолжиме со спроведување на поставениот план.

- Владата става фокус особено на економијата и инвестициите и на нив го темели вистинскиот напредок. Економијата и компаниите, како и вработените секогаш ќе имаат партнер во Владата. Обезбедивме и веќе почна исплатата на средствата од унгарскиот заем наменет за домашните компании, тоа ќе покрене инвестиции од околу 300 милиони евра, кои ќе отворат нови дополнителни работни места наменети за нашите граѓани, за нашата младина кои ќе можат да ја бараат иднината тука во својата земја, рече Димитриеска - Кочоска.

Таа потенцира дека дополнително и што е многу значајно, а за што Владата, создаде предуслови е намалување на трошоците на компаниите за внатрешната трговија со поголем дел од земјите во ЕУ, кои се дел од Единствената област за плаќања во евра СЕПА, каде Македонија се приклучи како 39-та членка.

- Нашите граѓани кои работат во странство во некоја од СЕПА земјите и кои праќаат пари во Македонија, провизиите при праќањето двојно ќе се намалат од околу 7 отсто на околу 3 отсто. Тоа претставува сериозна заштеда ако се има предвид дека стотици милиони евра се праќаат секоја година. Заштедите на компаниите би биле и поголеми, не само во износи туку и во време. Така, плаќањата помеѓу компанија од Македонија и компанија од земја од СЕПА би биле за само еден ден, а во одредени случаи и за само неколку минути. Со ова ќе се олесни водењето на бизнис и конкурентноста на македонските компании, рече Димитриеска - Кочоска.

Министерството за финансии во насока на приклучување на земјата во СЕПА областа во изминатиот период работеше на усогласување со ЕУ регулативите и направи измени на повеќе закони, односно Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам коишто беа услов за нашето приклучување во СЕПА.

- Очекувам ваквите тенденции да продолжат и во наредниот период и да ја оствариме стапката на раст за оваа година која е проектирана на 3,7 отсто. При тоа ги имаме предвид сите предизвици кои стојат пред нас и на домашен план и сите ризици кои произлегуваат од надворешните случувања и нивното влијание врз нашата економија. Концептот е поставен и ќе ги вложиме сите напори за да ги поддржиме и компаниите и стандардот на граѓаните, порача министерката за финансии.

Почнува Евровизија 2025- ќе има нов начин на прогласување на финалистите и правила за гласање

Вечерва, 13 мај, во Базел официјално започнува Евровизија 2025, 69-та по ред, а фановите ширум светот веќе планираат вечер полна со музика, спектакл и страсно гласање.

Почнува Евровизија 2025- ќе има нов начин на прогласување на финалистите и правила за гласање

Доколку сте меѓу оние кои сакаат да бидат подготвени за ова музичко натпреварување, еве комплетен водич за тоа како да го следите натпреварувањето, да гласате за вашите омилени и да дознаете за големите промени во начинот на кој се објавуваат финалистите.

Како да ја гледате Евровизија 2025?

Сите три вечери – двете полуфиналиња и големото финале – ќе бидат емитувани во живо на националните телевизиски станици во земјите учеснички, како и преку нивните веб-страници и услуги на барање. Освен во Европа, шоуто ќе се емитува и во многу други делови од светот, бидејќи на крајот на краиштата, ова е најголемото музичко натпреварување на планетата.

Она што е особено интересно е што Евровизија 2025 ќе ја емитуваат и некои земји кои не се натпреваруваат оваа година, вклучувајќи ги: Македонија, Монако - кое ќе го емитува натпреварот за прв пат од 2007 година, Молдавија, Соединетите Американски Држави.

Ова е одлична вест за фановите од овие земји, бидејќи ќе можат да уживаат во спектаклот иако немаат претставник на сцената.

Доколку ви е полесно да гледате онлајн, официјалниот YouTube канал на Евровизискиот натпревар исто така ќе го емитува настанот, со ограничувања во некои региони.

Како да гласате?

Како и во претходните години, во полуфиналето гласа само публиката, од земјите што учествуваат таа вечер, плус три земји од „големата петорка“ и домаќинот, а особено остатокот од светот, за гледачите од земјите што не учествуваат во натпреварувањето.

Ако вашата земја е во полуфинале, можете да гласате само во тоа полуфинале.

Доколку доаѓате од земја која не учествува оваа година, можете да гласате онлајн преку www.esc.vote или апликацијата.

За вас, гласањето започнува на полноќ на денот на полуфиналето и трае до почетокот на преносот во живо. После тоа, паузира и повторно се отвора 18 минути по завршувањето на последната песна.

Земји учеснички: Гласате само во полуфиналето во кое учествува вашата земја. Земјите кои се квалификувале директно за финалето (Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и Швајцарија) ќе бидат пласирани во едно од двете полуфиналиња каде што ќе можат да гласаат. Гласањето трае приближно 18 минути по последната песна. Можете да гласате до 20 пати. Земји кои не учествуваат: Гласањето за вас започнува порано – на полноќ на денот на полуфиналето и трае до почетокот на преносот во живо, а потоа се отвора повторно по последната песна.

Во големото финале, правилата се слични, но гласањето трае подолго – се отвора пред првата песна и останува отворено околу 40 минути по последната изведба.

Големи вести - поинаков начин за објавување на финалистите

Најинтересната промена оваа година доаѓа во начинот на кој се објавуваат полуфиналистите. Организаторите одлучија дополнително да ја зголемат тензијата со воведување на поделен екран.

Како ќе изгледа тоа?

Пред секое објавување (освен последното), на екранот ќе бидат прикажани три изведувачи, но само еден од нив ќе продолжи во финалето. Ниту една земја нема да биде прикажана повеќе од три пати во текот на овој процес, за да се обезбеди рамномерна застапеност и да се избегне фаворизирање. Идејата е да се даде повеќе простор на делегациите и изведувачите, а помалку простор само на водителите на шоуто.

Ова не е прв пат да се експериментира со форматот на прогласување. Да се ​​потсетиме на 2023 година во Ливерпул, кога изведувачите стоеја сами на сцената за време на генералната проба додека беа објавувани резултатите - концепт кој беше критикуван за додавање дополнителен стрес кај натпреварувачите и брзо беше повлечен, и пред преносот во живо и по петиција од фановите.

Организаторите велат дека новиот метод од 2025 година има за цел да постигне подобра рамнотежа помеѓу тензијата во шоуто и почитта кон изведувачите.

Вечерва состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ за вечерва закажа состанок на најтесното партиско раководство по одлуката на Таравари да ја напушти владината коалиција...

Вечерва состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Пред седиштето е Маја Стојановска, Маја дали може да се очекува да биде избран наследникот на Таравари во Владата?

YouTube video

Бугарскиот парламент го одби предлогот на Радев за референдум за еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.

Бугарскиот парламент го одби предлогот на Радев за референдум за еврото

Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.

„Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето што би се поставило.

Владата го критикуваше тоа, а еден министер рече дека тоа е обид за саботирање на нејзините напори за воведување на еврото.

Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој не е во согласност со неколку членови од бугарскиот устав и договорот за ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.

Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за организирање референдум за воведување на еврото.

Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка во јуни оценат дека земјата ги исполнила сите критериуми.

притисни ентер