Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
2Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
КошаркаДимевски нема да се кандидира на претстојното Собрание на МКФ Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски со соопштение до медиумите се обрати и појасни дека нема да се кандидира на следното собрание на МКФ кое ќе биде изборно. - Во целокупната моја 10-годишна кариера како предводник на Македонската Кошаркарска Федерација, сета своја енергија, ентузијазам и посветеност ги ставав во функција на сесрдна поддршка на клубовите и на македонската репрезентација, како најсветиот дел од македонската кошарка. Во овие драматични моменти за иднината токму на македонската репрезентација, во пресрет на Евробаскетот во Хрватска, како човек кој чувствува дека е еден мал, но сепак нераскинливо сврзан дел со нашата репрезентација, впрочем како што било и секогаш во добро и зло, со овој личен чин сакам да направам се што е во моите можности да спречам едно црно сценарио за иднината на македонската кошарка, се наведува во соопштението. Изборното собрание на МКФ е закажано за 27 април. - Доследно почитувајќи ги Актите, сочувувајќи го интегритетот на МКФ како основен приоритет, на демократски начин со тајно гласање, што согласно Деловникот е дискреционо право на Претседателот за изборот на начинот на изјаснување, членките на МКФ ќе можат да го изберат идниот предводник помеѓу повеќето кандидати кои ќе достават свои програми и визија за иднината на македонската кошарка. Јас лично не планирам да се кандидирам по четврти пат, но тоа не значи дека се повлекувам од македонската кошарка, нведува Димевски во соопштението. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКОМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво. Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување. Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.Тагови: ГРЕКО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функцијаПо повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи. „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски. Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција. Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи. „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас. Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните? Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови? Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа? Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи? Зошто се молчи за овие прашања? Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто? Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор? Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter