Димче Арсовски: Русковска покажа дека целата истрага за Рекет е само една обична фарса

Катица Јанева, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски Кичеец не се сами во скандалот „Рекет" и тоа е еден факт којшто неколку пати е потврден.

Да немале политичка и институционална поддршка и премолчена согласност од страна на Зоран Заев и СДСМ веројатно немале да имаат можност да изнудат ниту 100 денари, а не пак 20 милиони евра, како што говорат информации во јавноста.

Вчера за жал Вилма Русковска односно Русковска обвинителството покажа дека целата истрага за овој рекетарски октопод е само една обична фарса. Тие без срам ја прогласија истрагата за завршена, а дури и врапчињата знаат дека многу повеќе лица се вклучени во овој мега скандал односно скандал најголем до сега во историјата на Македонија.

Впрочем од мај месец кога бил пријавен случајот во обвинителството Русковска со сите сили се обидувало да го забошоти целиот случај за да не се открие главата на октоподот. Сите знаат дека главата на октоподот се наоѓа во владата. Веројатно и Катица Јанева немаше да биде обвинета, ако за тоа не излегоа материјали во италијански медиуми.

Со месеци Катица Јанева не беше приведена и во меѓувреме се губеа телефони, па се наоѓаа, па се форматираа телефони и компјутери, па компјутери од СЈО беа форензички бришени. Во сред истрага Вилма Русковска си беше на одмор колективно со целото обвинителство коешто беше задолжено за овој случај и никој ништо не преземаше со недели.

Сето тоа говори дека истрагата била контаминирана и постојат сериозни индиции дека Русковска со ваквиот начин на работење ги штитела од проширување на истрагата лицата коишто беа споменувани под псевдоними во јавноста Кики, Фрики, Шеки, Баки и слични, но и целокупниот Меѓународен Сојуз кој бил еден од главните канали за рекетирање од страна на организираната група којашто имала поддршка од страна на владата и СДСМ.

Русковска веќе го изгуби кредибилитетот да го води случајот „Рекет". Премногу е очигледен обидот да се спречи проширување на истрагата, а веќе постојат индиции дека постојат пазарења и со обвинитети да не ја откриваат целата мрежа која што постоела и којашто функционирала и работела да изнудува пари.Затоа исказите на клучните во случајот доцнат или се бранат со молчење додека целиот случај не се забошоти или додека не се испазарат со правдата.

Ова не е правна држава, ова е правен циркус.

Затоа правда и одговорност мора да има за сите.

Прашање:СДСМ штотука повика на нов политички дијалог околу Законот за обвинителство, велат дека се задоволни од тоа што постапките на СЈО продолжуваат, но дека е неопходен закон за обвинителство за право и правна држава на којашто и вие се повикувате. Ќе го прифатите ли овој предизвик, имајќи предвид дека вчера работните групи не ни имаа практично средба туку го прекинаа со состанокот со образложение дека имаат различно толкување околу тоа што се случувало?

Одговор: Видете право и правдина на СДСМ им се слаба страна и на владава. Во однос на вчерашната средба би сакал да ви откријам еден момент, тоа е делот околу предлогот на министерката, Рената Дескоска којашто дошла на средбата, можеби и на некој начин неподготвена односно со спротивен предлог од тој што бил претходно разговаран на лидерската средба односно предлог којшто е доставен до Собранието на Република Македонија. Практично со тоа сака да добие повеќе на време.И Дескоска и Зоран Заев и СДСМ да се одолговлечи целиот процес на носење на нов закон и воедно да овозможи уште еден мал период кадешто можеби на некој начин ќе успее да издејствува некакво амнестирање на криминалите коишто ги прават во моментот СДСМ.Нормално за нас е неприфатливо да се доаѓа на средба кадешто се водат преговори за еден така сериозен закон со несериозен пристап и кадешто носи истата министерка којашто поднесува закон сосема спротивен предлог на вчерашната средба.Затоа еве оставаме простор, оставаме и можност доколку се искрени во намерите, повторно не е проблем да се седне, меѓутоа да се разговара за онашто беше претходно разговарано на лидерската средба и да се разговара до оној момент до кадешто беше усогласено помеѓу работните групи.

Прашање:Блиску сте или не сте блиско до договор?

Одговор: Па после вчерашната средба кадешто министерката Дескоска доаѓа со спротивен предлог од оној што таа го предложила односно две различни обвинителства за гонење на висока корупција со одредени надлежности, а практичнои беше согласено и прифатено да има едно обвинителство за гонење на висока корупција, очигледно е дека многу се различни ставовите односно многу сме далеку.Затоа какошто реков оставаме простор доколку се освестат и пристапат сериозно кон преговориве да продолжат практично преговорите од онаму од каде што застанаа.

Прашање:Околу вчерашната информација односно изјава на Верушевски во суд, коментар на партијата, кој е ставот?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ многу одамна наназад со години потенцираше, јавно изјавуваше, укажуваше дека Зоран Заев е подготвен буквално на се, буквално да манипулира, да лаже, да модифицира се со една цел тоа е да се дограби до власта. Кога ќе се дограби до власта, тоа е единствено само заради личен бенефит на семејството Заеви, односно само заради печалење пари и крадење.И тоа ние го зборуваме неколку години наназад дека беше подготвен на се, само за да дојде на власт. И еве неколку години подоцна работите излегуваат на виделина дека тоа е така, дека практично и скандалите коишто наназад неколку години излегуваа дека власта е вмешана во криминал семејството Заеви е вмешан во криминал се потврдува дека се што правел, правел единствено само за Зоран Заев да дојде на власт и да го прави сето тоа, тоа го потврди и нормално сведок на обвинителството коешто го води тој случај односно го потврди сведок на јавен обвинител којшто работеше во СЈО.

Прашање:Еден дел од содржината беше потврдена и од самите осомничени подоцна и обвинте и вештачењето покажа дека има конзистентност во снимките и дека не се до толку сечени, лепени, монтирани.Дали вие велите дека се што било на снимките е лага?

Одговор:Видете, затоа е створено тоа СЈО да утврди правдината или криминалот каде што има простор да се утврди, односно за оние случаеви за коишто постојат снимки.Снимките требаше да бидат обработени од страна на СЈО, кое што видовме дека служело за рекет и за уцени, наместо да ги обработи и да донесе право и правдина. Затоа би оставил на правосудните органи да утврдуваат, јас само би прокоментирал дека сето она што го зборевме изминатиот период, односно години наназад, дека Зоран Заев е подготвен и да модифицира и да манипулира и се што треба да направи само за да дојде до власта и единствено да створи личен бенефит за своето семејство.

Прашање:Ве обвинуваат дека Орце Камчев ви ја финансирал претседателската кампања?

Одговор:Веќе одговоривме на тоа прашање. Власта може буквално се што сака да каже јавно, да постави како прашање.Тоа е само со една единствена цел, тоа е да дефокусира од вистинската тема од вистинската работа која што се случува во моментов, а тоа е најголемиот скандал кој што во моментов се случува случајот „Рекет", за кој што како што напоменавме можно е да има повеќе, еве излезе и втор дел на „Рекет", а можеби има и други. Така да, единствено што им е намерата на СДСМ и на власта е да дефокусираат од она во кое што се фатени живи, а тоа е дека се фатени во најголемиот случај на „Рекет", односно главата на октоподот се наоѓа во врвот на СДСМ и во врвот на власта.

Прашање:Која е целта на власта?

Одговор:Веќе одговоривме, имаше одговор на тоа. Уште еднаш ќе ви потврдам дека единствено со тие прашања со тие изјави пробаа да манипулираат како и се останато, да спинува, а да дефокусира од актуелниот случај.

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Управниот суд денеска ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија" за избирачкото место 1470 во Долнени.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите се оформени предмети и закажани во текот на денешниот ден.

Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194 во Општина Крушево.

ДИК на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Од вкупно 27 поднесени приговори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.

Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18, Коалицијата „Вреди“ со 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Јувентис го смени тренерот Алегри- дивеел по победата во Купот на Италија

Јувентус го отпушти тренерот Масимилијано Алегри два дена по освојувањето на Купот на Италија победувајќи ја Аталанта во финалето.

Во официјалното соопштение, клубот од Торино објасни дека Алегри добил отказ поради „однесување за време и по финалето на Купот на Италија, кое клубот го смета за некомпатибилно со вредностите на Јувентус“.

Да потсетиме, дивеењето на Алегри започнало кога беше исклучен поради протестирање на судиската одлука. Во исто време, тој го започна своето шоу во кое што од бес ја соблече јакната и им се фрли во лице на другите, а по исклучувањето ја соблече и вратоврската, ја фрли и почна да си ја откопчува кошулата.

Неговиот конфликт не застана тука. Пред доделувањето на трофејот, тој беше снимен како го турка спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли. По натпреварот тој ги навредуваше и новинарите. Директорот на италијанскиот Tuttosport Гвидо Вакаиго откри: „По натпреварот Алегри ми кажа дека сум лут менаџер и дека треба да ја напишам вистината во весникот, а не она што клубот ми го сервира“.

Потоа го цитираше Алегри и неговите закани: „Ми рече: „Гледај, знам каде можам да те најдам. Знам каде можам да те начекам. Ќе дојдам и ќе ти ги скинам двете уши. Ќе дојдам и ќе ти удрам тупаница во лице, почни да ја пишуваш вистината во твоите весници.“

Претходно се очекуваше дека Јувентус ќе се раздели со Алегри на крајот од сезоната, иако тој имаше уште една година од договорот. Сепак, Алегри нема да го дочека крајот на сезоната и во последните два натпревари од сезоната тимот ќе го предводи Уругваецот Пауло Монтеро, кој досега беше тренер на селекцијата до 19 години. Фабрицио Романо пишува дека Јувентус веќе испратил официјална понуда до тренерот на Болоња, Тиаго Мота, кого сакаат да го доведат следната сезона.

Ова беше втор мандат на Алегри на клупата на Јувентус, а започна на стартот од сезоната 2021/22, кога го наследи Андреа Пирло. Годинешниот Куп е единствениот трофеј што Јувентус го освоил во тој период. Првиот мандат на Алегри, кој траеше од 2014 до 2019 година, беше многу поуспешен. Потоа беше шампион во сите пет сезони, а четири пати ја освои двојната круна, додека два пати играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Вучиќ: Никогаш нема да прифатиме независно Косово

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон. 

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека нашиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон и дека тоа нема лесно да се запре и рече дека ќе никогаш нема да прифати независно Косово, пренесе Телеграф.

„Во секој случај, ние ќе се спротивставиме на нивните незаконски и на сите други акти на насилство, со политички средства и ќе направиме сѐ што можеме за нашиот народ на Косово и Метохија. И секако не морам да ви повторувам дека никогаш нема да прифатиме независно Косово како остварен факт“, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека секојдневно на различни начини не само од срце и душа, туку и физички се обидуваат целосно да ни го одземат КиМ.

притисни ентер