ФудбалДилета Леота се обидува таткото на своето дете да го смести во Интер Третиот голман на Њукасл, Лорис Кариус (29) и неговата девојка Дилета Леота (31) секој момент ќе станат родители.Познатата италијанска водителка работи на тоа Кариус наскоро да се пресели во Италија, пишува италијански Дагоспија. Имено, Леота се обидува да го внесе Кариус во Интер, каде би бил замена за Андре Онан и Самир Хандановиќ. Врската на Кариус и Леота моментално е на далечина, но наскоро треба да пристигне ново засилување. Наводно, Леота им предложила на сите нејзини колеги и пријатели да се обидат да го препорачаат Кариус на миланскиот гигант. Кариус и Леота ќе добијат девојче во август, а потоа ќе направат и свадба. Германецот Кариус минатата сезона забележа еден настап за Њукасл, во финалето на Лига купот кога загуби од Манчестер Јунајтед. Кариус фудбалските фанови го паметат по финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога со катастрофални грешки му го подари трофејот на Реал Мадрид. Кариус во својата кариера бранеше и за Мајнц II, Мајнц, Бешикташ и Унион Берлин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањетоМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во СкопјеТранспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..Тагови: ЕУ протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МетеоДенес сончево и топлоВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44