ЗабаваДилета Леота ги гасне роденденските свеќички , никој не гледа во тортата (ФОТО)Дилета Леота го прослави својот 29-ти роденден, а фотографијата од нејзиниот Инстаграм каде што ја дува роденденската свеќа, започна да се шири масовно на социјалните медиуми.Нејзините обожаватели од Италија и другите делови на Европа полудеа по фотографијата на која нејзините гради засенија сè друго, а фотографијата доби повеќе од 800.000 лајкови на Инстаграм. View this post on Instagram 29 ❤️🎂 A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Aug 16, 2020 at 6:44am PDT Најатрактивната спортска новинарка во Италија ја следат скоро седум милиони луѓе на Инстаграм и дефинитивно станува се попопуларна. Поради неа, многумина сакаат фудбалот да се врати во нашите животи во целосна слава за да може да ја гледаат на телевизија што е можно почесто. View this post on Instagram Il primo bagno non si scorda mai 😄🌅 #summer20 A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Aug 4, 2020 at 11:23am PDT До тогаш, им останува Инстаграм ... View this post on Instagram leopard cannot change its spots. A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Aug 3, 2020 at 7:27am PDT View this post on Instagram Oggi ho il pollice verde! E con @u.power_official sto senza pensieri 😌🌺🍀🌼 #adv A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Jul 15, 2020 at 7:40am PDT View this post on Instagram Istantanee da San Siro 🏟 A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on Jun 25, 2020 at 2:37am PDT View this post on Instagram I bambini quando vedono il pallone cominciano a sorridere... bentornato campionato ⚽️ A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on May 30, 2020 at 1:34am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВИДЕО: Гори ферибот близу Бали,еден загинат во тек е потрага по преживеаниЕдно лице загина, а 172 се спасени откако рано утринава во средата избувна пожар на траект што пловеше од Бали.Инцидентот се случи во водите кај островот Ломбок, а спасувачките екипи сè уште го пребаруваат подрачјето во потрага по евентуални исчезнати лица, пренесува Ројтерс. Траектот „КМ Путри Јасмин“ испловил од пристаништето Падангбаи на Бали, упатувајќи се кон пристаништето Лембар на Ломбок. 🇮🇩⚡️ A passenger ferry carrying an estimated 130 people caught fire off the coast of Lombok Island, Indonesia, according to local authorities. pic.twitter.com/KHjvFnG3dp — Mr. Guardian (@MrGGuardian) August 12, 2026 Според Мухамед Харијади, раководителот на локалната спасувачка служба, пожарот избувнал во теснецот Ломбок во 4:39 часот наутро по локално време. Харијади потврди дека, заклучно со попладнето во средата, спасени се 172 лица и пренесени во пристаништата на Бали и Ломбок. Меѓу нив има еден австралиски државјанин, додека останатите се Индонезијци. INDONESHIA इंडोनेशिया के बाली के पास बुधवार को एक बोट (Ferry) में भीषण आग लग गई। समुद्रकी खतरनाक लहरों के बीच और तेज हवा के बीच आग ने पूरी फेरी को पलभर में ही चपेट में ले लिया है। #indoneshia #bali #fire #boat pic.twitter.com/zbq9nl2g0K — media_sunilkumar (@sunilkhimachali) August 12, 2026 Потврдена е смртта на еден индонезиски државјанин. „Испративме неколку пловни објекти за евакуација и ја координираме операцијата со други бродови што се затекнале во близина“, изјави Харијади. Тој додаде дека во операцијата за спасување учествуваат повеќе од 200 луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПОЦ: ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандардиЈП „Паркинзи на Општина Центар" продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. По успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина, со што се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето. Сертификатите му беа официјално врачени на директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, од страна на претставник на сертификациското тело „Интерцерт“, кое го спроведе процесот на сертификација. На примопредавањето присуствуваа и дел од вработените во ЈП ПОЦ кои беа директно вклучени во воспоставувањето и имплементацијата на системите. „Овие сертификати се резултат на конкретна работа и ангажман на повеќе служби и вработени во претпријатието. За нас тие не се само формално признание, туку воспоставен систем според кој треба да продолжиме да работиме – со јасни процедури, мерливи резултати и постојано подобрување. Особено ни е важно што паралелно со квалитетот на услугите воведуваме и повисоки стандарди во односот кон животната средина“, истакна директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски. ISO 9001:2015 претставува потврда за воспоставен систем на управување со квалитет, насочен кон ефикасност, подобрување на работните процеси и задоволството на корисниците. Неговата примена придонесува кон поголема организираност, јасно дефинирани процеси и континуирано унапредување на услугите. Од друга страна, ISO 14001:2015 ја потврдува определбата на ЈП ПОЦ за одговорен однос кон животната средина. Преку примената на овој стандард, претпријатието се насочува кон унапредување на еколошките практики, поодговорно управување со ресурсите и намалување на влијанието врз животната средина. Имплементацијата на меѓународните стандарди е дел од определбата на ЈП ПОЦ за создавање современо и ефикасно јавно претпријатие, кое континуирано ги следи современите практики и ги унапредува своите услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанел-дискусија за годишнината од охридскиот договорПод покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресорОхридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен. Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот. По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter