ДИК vs медиуми-Има ли министерката за правда двојни стандарди кога е ДИК во прашање? - Канал 5

ДИК vs медиуми-Има ли министерката за правда двојни стандарди кога е ДИК во прашање?

ДИК vs медиуми-има ли министерката за правда Рената Десковска двојни стандарди.

ДИК vs медиуми-Има ли министерката за правда двојни стандарди кога е ДИК во прашање?

Има ли министерката за правда Рената Десковска двојни стандарди кога се работи за Државната изборна комисија и медиумите. Повеќе од 3 месеци националните телевизии но и другите, се обидуваат да им објаснат на Дерковски, Кондарко и другите членови на ДИК дека математиката е егзактна наука. Имено после неколкуте состаноци ДИК донесе упатство во кое објаснува дека просечната цена за рекламирање кај радиодифузертите за овие избори е воедно и максималана цена, што е навистина зачудувачки. Но незаконското толкување на членовите на ДИК е работа која за која еден ден ќе мора да се понесе одговорност за евентуалните финансиски штети кои ќе ги трпат радиодифузерите. Она што изненадува е индиферентниот однос на министерката за правда Десковска во интервјуто за канал 5 каде вели дека е неприфатливо да се менуваат клучни правила среде изборен процес.

Во истото интервју Десковска проблемот го лоцира не во нормата туку во толкувањето од страна на Дик но што можат радиодифузерите да направат во однос на катасрофалното толкување на ДИК кога тие го изедначуваат терминот просек и максимална цена. Која е моќта на радиодифузерите кои сега ќе трпат штети, ако тоа не го направат Владата, министрите или партиите. Министерката Десковска тврди дека ги немала видено претставките од радиодифузерите ниту пак скандалозните одлуки на ДИК што е многу чудно. Како министерката за правда која беше дел од тимот за преговори со ВМРО ДПМНЕ не ја интересираат и засегаат лошите упатства на ДИК или пак ја интересираат само изборните проблеми за тоа дали се 21 ден како што ги толкува партијата или 50 до 60 дена како што бара ДИК , па не упатува за решение на проблемот на Управен суд.

За политичките аналитичари одлуката на ДИК околу ценовникот за рекламирање во медиумите е не уставна бидејќи ја загрозува слободата на претприемништвото- категорија загарантирана во уставот.

-Би требало одлуката за медиумското претставување да биде без ограничување односно како што била и досега, тоа не е ни одредено во изборниот законик па не може да се одреди со одлука што е спротивна на самиот законик и спротивна на уставот. Член 8 од уставот предвидува слобода на пазарот и претприемништвото па поради тоа не може да се ограничува.

Од наши извори дознаваме дека веќе беше подготвена уредба, Владата да ја до прецизира уредбата на ДИК поврзана со радиодифузерите само нејасно остана зошто министерката Десковска мистериозно се откажа од носење на оваа уредба. Единствено што бараат радиодифузерите е до прецизирање на еден член во изборниот законик со цел да се надмине проблемот со катастрофалното толкување од ДИК. Останува зачудувачки како владата во време на вонредна состојба можеше да расправа и му даде дозвола за производство на канабис на синот на осудениот градоначалник на ново село Боро Стојчев познат како ,,Боро Малборо,, а со прст не мрдна за медиумите. За крај само може да се заклучи дека институциите практикуваат, не двојни, не тројни туку многубројни стандарди во ова кризно време. И повторно нешто што е за рубриката ,,верувале или не,, - како е можно министерката за правда, првиот човек кој треба да се грижи за праведноста да не ги знае уредбите на ДИК кои ќе предизвикаат милионски штети кај радиодифузерите? Времето ќе покаже.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џаред Лето во центар на скандал по документарец

Актерот и музичар Џаред Лето се најде во центарот на вниманието по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“.

Џаред Лето во центар на скандал по документарец

Актерот и музичар Џаред Лето се најде во центарот на вниманието по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“, во кој десет жени изнесоа обвинувања за несоодветно и недозволено сексуално однесување во периодот меѓу 2002 и 2016 година, додека четири жени го обвинуваат добитникот на „Оскар“ за сексуални престапи.

Лето категорично ги негираше сите обвинувања, изјавувајќи дека никогаш во животот не извршил сексуално злоставување врз никого и дека тврдењата се „апсолутно и категорично невистинити“.

Една од жените во документарниот филм тврди дека Лето сексуално ја нападнал во мотел во Лас Вегас кога таа имала 17 години, но Полициската управа на Лас Вегас соопшти дека во нејзина надлежност не била поднесена пријава за сексуален напад против актерот. Документарниот филм изнесува и други обвинувања поврзани со инциденти во кои биле вклучени малолетни девојки; авторите на филмот истакнуваат дека повеќето од жените за првпат јавно зборувале за своите искуства.

Случајот привлече значително внимание во јавноста и повторно ја поттикна дебатата за одговорноста во филмската индустрија.

Според „Дејли мејл“ (Daily Mail), Лето не е обвинет ниту осуден за ниту едно од наводните дела и цврсто ги негира сите изнесени тврдења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Сури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. 

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите.

Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. 

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose).

Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми.

Ема ќе се натпреварува во седум категории.

Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“.

Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер