ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од изборите и ќе ги врачи уверенијата на избраните пратеници

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која ќе се донесе заклучок со објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

По завршувањето на оваа седница, закажаана е свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата на избраните пратеници.

Седницата е закажана откако вчера Управниот суд одлучуваше и по последните четири тужби.и ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори, со што ги потврди решенијата на ДИК.

Пресудите коишто ги донесе Управниот суд се конечни, односно како што појасни Ивана Смугреска од oвој суд., против истите нема право на жалба.

– Откако ќе бидат изготвени, верификувани пресудите, истите веднаш се доставуваат до ДИК и до тужителите, односно до партиите. Роковите сега течат, не од понеделник, изјави Смугреска.

Ссудечките совети, како што појасни таа, нашле дека тужбите се неосновани, односно се судело врз основа на Изборниот законик, така што во тужбите не може да се предлагаат нови докази, нови околности.

Со врачувањето на уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав, практично се окончува целиот изборен процес.

Според Уставот, претстои Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, а конститутивната седница на новиот собраниски состав треба да ја свика поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, најдоцна до 4 август. Ако Џафери, кој вчера беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

Инаку, Џафери неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред одржувањето на конститутивната седница и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.

На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, според првичните неофицијални резултати што ги соопшти ДИК, коалицијата „Можеме" предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

По конституирањето на Парламентот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.

Ова беа десетите парламентарни избори и петти предвремени парламентарни избори од независноста на земјата, кои се одржаа во специфични услови на пандемијата со Ковид-19 и под посебни здравствени протоколи за заштита на изборната администрација, учесниците во изборниот процес и населението од коронавирусот /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

Белгиски суд го закажа првото сослушување за случајот „Фајзергејт“

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за 17 мај закажа рочиште во чии рамки ќе се одржи сослушување по кое ќе треба да одлучи дали истрагата за сомнежите за неправилности околу набавката на вакцини против Ковид-19 од американската компанија „Фајзер“ од страна на ЕУ е во надлежност на Јавното обвинителството на Белгија или на Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО).

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за случај, кој во медиумите беше наречен „Фајзергејт“, со кој се поврзува актуелната претседателка на Европската комисија и главна фаворитка за реизбор на функцијата Урсула фон дер Лајен.

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Врз основа на овие наводи, белгискиот активист и лобист специјализиран за трговски односи Фредерик Балдан лани во април поднесе тужба против Фон дер Лајен пред Судот во Лиеж обвинувајќи ја за „злоупотреба на функцијата и звањето“, „уништување на јавни документи“ и „незаконско богатење и корупција“. Дополнително кон тужбата се приклучија и десетина организации и поединци, но и две земји членки на ЕУ - Унгарија и Полска, кои во тоа време беа во спор со Фон дер Лајен, поради одлуката на Европската комисија да ја замрзне исплатата на средства од еврофондовите за нив.

Истрагата веднаш ја презеде Европското јавно обвинителство со образложение дека во негова надлежност се „нанесувањето штета на буџетот на ЕУ, случаи од наднационална природа, како и процеси кои веројатно ќе влијаат на угледот на институциите на ЕУ и довербата на граѓаните“.

Но, од друга страна се појави и спротивно мислење на белгиски истражен судија кој смета дека случајот треба да остане во надлежност на Јавното обвинителство на Белгија и иницираше паралелна истрага по наводите на национално ниво.

Согласно правилата на ЕУ, во случај на судски спор на институција на Унијата со земја членка „за одредување на јурисдикцијата треба да одлучат надлежните национални органи“.

Тоа во конкретниот случај значи дека Судот во Лиеж ќе треба да одлучи во чија надлежност ќе биде истрагата во понатамошната постапка на ЕППО или белгиското Јавно обвинителство. Се очекува на сослушувањето двете страни да изнесат аргументира која од нив треба да биде надлежна за истрагата. По ова, Судот ќе треба да оцени која од двете истраги е законска и треба да продолжи, а која треба да биде прекината.

Инаку ова не е прва правна постапка поврзана со т.н. скандал „Фајзергеј“. Истрага спроведе и Омбудсманот на ЕУ, кој во јуни 2022 година оцени дека станува збор за случај на „лошо администрирање“, додека „Њујорк Тајмс“ во февруари годинава покрена процес пред Судот на правдата на ЕУ.

Сослушувањето во Судот во Лиеж доаѓа на 20-тина дена пред изборите за членови на Европскиот парламент, на кои Фон дер Лајен е т.н. „шпиценкандидат“ на Европската народна партија (ЕПП), односно кандидат за втор мандат на чело на Еврокомисијата. /МИА

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска полицијата преку објава на апликацијата Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот убиени се двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. Потоа по нив беше распишана потерница. /МИА

притисни ентер