ДИК интензивно се подготвува за двојните избори на осми мај

Со зајакнати човечки и технички капацитети Државната изборна комисија интензивно се подготвува за вториот круг од претседателските и парламентарните избори, уверува првиот човек на комисијата Александар Даштевски.

За да се забрза изборниот процес на избирачките места наместо пет ќе има по седум лица, вели Даштевски во интервју за МИА, со што откако ќе заврши гласањето на 8 мај, според него, резултатите од изборите би можеле да се знаат до полноќ.

-Ние презедовме мерки на овие избори и тие мерки се состојат во зајакнување на хардверот за да може во исто време да прима повеќе информации, понатаму во обучување на повеќе луѓе на терен. Значи, сега беа обучени некаде околу 1.700 луѓе да внесуваат, обезбедивме за сите тие 1.700 лаптопи во соработка со Државниот завод за статистика, обезбедивме таблоиди наместо компјутери некаде за да одат побрзо податоците и сега тоа е втората работа. Морам да кажам дека со оглед дека се двојни избори не може да биде толку ефикасно, меѓутоа секако дека ќе биде прилично ефикасно и во вториот круг,- изјави – Александар Даштевски – Претседател на ДИК.

На денот на двојните избори граѓаните ќе можат на гласачкото место да дојдат само еднаш. Имаат право да гласаат за двата вида избори или само за парламентарни или само за претседателски избори. Упатството за ваквиот начин на гласање кое беше донесено е со цел потранспарентна работа на ИО, ќе се има и јасен увид за излезноста на двата паралелни процеса.

-Кога ќе дојде постапката прво ја дава личната карта да се види дека е тој, потоа оди на биометриска идентификација, потоа го бараат во списокот да го заокружат и му даваат ливчиња. И после оди гласа. Е сега кога ќе дојде и кога ќе го праша овој што е на уредот ќе го праша дали сакате да гласате за едни, односно за првите за претседателските или за парламентарните или сакате да гласате за двата и за претседателските и за парламентарните, бидејќи тоа после нема да можете да го направите,- изјави – Александар Даштевски – Претседател на ДИК.

Инаку вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување болни или изнемоштени гласачи да ги посетат своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори. Пријавувањето се врши во општинските изборни комисии и важи само за парламентарните избори, а прифатените барања на болни и изнемоштени лица да гласаат на претседателските избори на 24 април важат и за вториот круг од претседателските избори.

Мајка од Њујорк го држела своето 2- годишно дете во кафез, живеело во ѓубре и фекалии (ВИДЕО)

Наеша Лампкин (24) од Њујорк е обвинета дека ја загрозила безбедноста на своето дете (2) оставајќи го затворено во кафез во нивната семејна куќа.

Американската полиција во четвртокот на 16 мај соопшти дека мајката била уапсена откако нејзиниот син бил пронајден во страшни услови, со модринки по целото тело. Подоцна било утврдено дека тој претходно имал скршеници на две поголеми споени ребра, што укажува дека повредите настанале многу порано, пренесе Њујорк Пост.

На испрашувањето, мајката рекла дека момчето ги повредило ребрата кога паднало од скала на крајот на минатата или на почетокот на оваа година, но дека не мислела дека неговите повреди се „страшни“, поради што не го однела на лекар.

За време на лекарската проценка во болницата, медицинскиот персонал потврдил дека двегодишното дете има „модринки по лицето и телото“. Утврдено е и дека детето има две скршени ребра кои се лекуваат, а според нивните проценки, повредата настанала помеѓу десет дена и две недели пред детето да пристигне во болница, соопшти полицијата.

Несреќното момче било откриено откако полицијата на почетокот на годината по друга основа дошла да ја уапси неговата мајка.

Кога пристигнале во куќата за да ја уапсат, го пронашле нејзиниот двегодишен син во посебна спална соба во „импровизиран кафез“ направен од ограда за игра покриен со парче креветче врзано од три страни. Во соопштението за медиумите се наведува дека во кафезот немало доволно простор за детето „да застане или да излезе од кафезот“.

Полицијата сподели фотографија од мал кафез, на кој се гледаат пар сиви креветчиња врзани заедно. Околу кафезот имало расфрлано ѓубре и фекалии, се вели во полицискиот извештај, во кој се додава дека со измет бил извалкан и ѕидот до него.

„Имаше остатоци од храна.“

@faitsdiverstiktok Naesha lumpkin doit être jugée au mois de Juin! mais cela fait polimique car elle va peut être pouvoir récupérer sont enfant de 2 ans! ppfff . #enfants #cage #mere #faitsdivers #crimestories #pourtoi ♬ Disturbing Suspense-Psychological Thriller (with drama)(890116) - CHROMA

Полицијата во пријавата навела дека малото дете и кафезот биле покриени со „човечки измет и урина“.

"Имаше голем број оправдувања зошто детето беше така во тој кафез. Ниту едно од нив не беше со добра причина. Да бидам искрен, ниту едно дете не заслужува да живее така", додал О'Калаган.

Инспекторите во местото на живеење ги повикале Службите за заштита на децата од округот Ири и ЕМС во домот за да го лекуваат детето. Детето потоа било префрлено на лекување во детската болница Оишеи, соопшти државната полиција.

Според американските закони, доколку судот ја прогласи мајката виновна, таа се соочува со затворска казна до една година.

Гајдов: Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада

“Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија“

Овие другиве што се „попитоми“ завчера беа на баци „рака“ во Приштина и дрско велат ние ќе добиеме спикер на Парламент и шест ресори. Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада. Прв пат беа сите четворица таму кај Курти кој сега има амбиции да стане лидер на балканските Албанци. Тој да решава за судбината на Албанците во Македонија, тоа е далеку од памет, како што Еди Рама порано решаваше со Али Ахмети и со другите. пор Не може никој од надвор да решава како ќе се прави влада овде, кој ресор ќе го има, тоа е многу важно. бидејќи сегашниот министер оди во Мадрид, да лобира Шпанија што не го праизнава Косово, да го признае. И завчера трите минути во Совет на ЕУ да ги користи за промоција на Косово. Чиј министер е тој? Или петте милиони евра што ги потроши наместо да направи нов конгресен центар. “Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија, а нема да биде султан, рече Љубомир Гајдов во Само Вистина.

На жена со операција ѝ извадиле чаша од мочниот меур, докторите шокирани како влегла

Неверојатна приказна се случила во Тунис, каде лекарите пронашле „туѓо тело“ во мочниот меур на 45-годишна жена, која се пожалила на уринарна инфекција.

По прегледот било јасно дека треба да се организира операција, а резултатот ги остави без зборови искусните медицински лица.

Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Жената чиј идентитет не се соопштува, премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело.

Сепак, тоа не е најшокантниот детал. Туѓиот предмет не бил внесен преку гениталниот орган, туку преку уретрата, пренесува Lakalle Blu Radio.

Рентгенот првично открил чаша од осум сантиметри која била покриена со калкулус.

Постапката за отстранување не била лесна, имало ризици, но на крајот сѐ завршило без последици. Чашата била отстранета, а лекарите сфатиле дека е практично неоштетена.

Приказната постојано се ажурира на социјалните мрежи, а корисниците главно се шокирани.

„Што се случува со луѓето?“, „Се исплашив од камен во бубрег од 2,8 мм, но ова...“ беа дел од пораките.

притисни ентер