ДИК: Европски фронт и ВРЕДИ со по 8 мандати во шестата изборна единица

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски ги соопшти резултатите од прегласувањето на седум гласачки места.

ДИК: Европски фронт и ВРЕДИ со по 8 мандати во шестата изборна единица

Европски фронт 4 мандати, коалиција Вреди 1 мандат во 5 изборна единица

Во шестата изборна единица коалицијата Европски фронт освои 8 мандати , коалиција ВЛЕН 8 мандати, соопшти Даштевски и додаде дека течат роковите за жалба. Додаде дека кусата прес конференцијата доцнела речиси два часа поради тоа што требало да ги пресметаат резултатите.

Излезноста на денешното прегласување до 18.30 часот беше 50,10 проценти или гласале околу 2.000 гласачи. .

Денеска се гласаше на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест изборачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во рамките на 5-тата изборна единица.. .

Изборна единица 5 Изборна единица 6

Крушево – избирачки места 1194 и 1202 с. Ларце - Желино - 2101

Долнени – избирачки места 1470 и 1470/1

Струга – избирачко место 1884

Охрид – избирачко место 1272

Викендов почнува летното сметање на времето- стрелките се поместуваат еден час нанапред

Викендов почнува летното сметање на времето.

Викендов почнува летното сметање на времето- стрелките се поместуваат еден час нанапред

На 30- март во 02 :00 часот стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред,и ќе се смета како три часот...

Со оваа промена како и секоја година, денот ќе биде подолг а ноќта пократка..Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. 

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.

Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден) што ќе услови зголемување на водостоите.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Се предупредува на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Поранешниот романски фудбалер Адријан Муту верува дека можел да ја освои Златната топка доколку не ја направел најголемата грешка во кариерата и конзумирал кокаин.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Муту, кој сега има 46 години, се пресели од Парма во Челзи во 2003 година за 16 милиони фунти и беше редовен во својата прва сезона, постигнувајќи 10 гола под водство на Клаудио Раниери. Меѓутоа, со доаѓањето на Жозе Мурињо, неговиот статус се промени, а ситуацијата кулминираше во октомври 2004 година, кога тој беше позитивен на тестот за кокаин и доби седуммесечна суспензија.

- Земањето кокаин за време на мојот период во Челзи беше најлошата одлука во мојата кариера. Бев сам и тажен, но ниту депресијата ниту ништо друго не ги оправдува моите постапки. Требаше да побарам помош, но не побарав. Сепак, учиш од се во животот, таа лекција ме направи подобра личност, многу позрела и свесна за моите постапки – изјави Романецот.

По скандалот, Муту никогаш повеќе не заигра за Челзи, но кариерата ја продолжи во Италија, каде блесна во дресот на Фиорентина со 69 гола во пет сезони - додека еден помина и во Јувентус. Сепак, тој е убеден дека можел да постигне многу повеќе.

- Многу пати сум размислувал за тоа. Верувам дека повеќе од една сезона бев меѓу најдобрите фудбалери во светот, па лесно можев да ја освојам Златната топка. Но, лошите одлуки ми го ускратија тоа. Сепак, се трудам да не се обвинувам премногу.

По завршувањето на кариерата во 2016 година, Муту се сврте кон тренерската работа. Раководеше шест клуба и беше селектор на романската репрезентација до 21 година, а последен ангажман му беше во Петролул од кој си замина по само четири месеци.

притисни ентер