ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти

Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, Канада и Лондон (вкупно пет гласачки места) соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, Канада и Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи низ земјава, вкупно 13, се затворени и до 17 часот излезноста е 64,69 отсто. Гласале 1.008 од евидентираните 1.558 лица со право на глас.

Според информациите од општинските изборни комисии, во своите домови гласале 1.520 болни или изнемоштени лица од запишаните 1.859, но ова гласање се уште трае додека сите што се пријавиле, не добијат можност да гласаат.

До овој момент, беше речено на прес-конференцијата, ДИК добила три приговори за заштита на личното избирачко право, но сите се одбиени.

Пресекот од гласањата и излезноста до 19 часот ДИК ќе ги објави во текот на утрешниот ден. /МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер