Дијагностицирана шуга кај двајца професионални војници на обука во велешката касарна - Канал 5

Дијагностицирана шуга кај двајца професионални војници на обука во велешката касарна

Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга).

Дијагностицирана шуга кај двајца професионални војници на обука во велешката касарна

Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираат попладнево со соопштение од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата во соработка со Министерството за одбрана.

Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени дома, а освен двајцата кај кои е дијагностицирана шуга, останатите војници во понеделник треба да се вратат во касарната во Велес.

Од Армијата информираат дека заедно со Воено - медицинскиот центар се преземени сите потребни мерки за спречување на евентуално ширење на заболувањето, како и дека е спроведен епидемиолошки надзор и се постапува согласно препораките на стручните лица.

-Армијата континуирано презема соодветни превентивни и против епидемиски мерки за заштита на здравјето на персоналот во Армијата. Дополнително, ве информираме дека сместувањето на војниците е регулирано согласно Правилото за сместување и ред во Армијата. Пред почетокот на обуката се обезбедени соодветни услови за сместување, престој и работа, во согласност со армиските стандарди. Пред сместувањето на персоналот извршена е комплетна дезинфекција на просториите, а на користење се дадени чисти и испрани постелнини и ќебиња, се наведува во соопштението.

Воедно појаснуваат дека капењето на војниците е организирано и се спроведува плански и во соодветни услови.

- Во изминатиот период во Армијата беа реализирани повеќе активности со значителен број на ангажирани припадници. Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес беше реализиран прием и сместување на повеќе класи на новопримени професионални војници, со бројка поголема од 300 лица, како и најголемата ситуациска вежба SEVEN STARS 2025”, со учество на над 150 национални и странски претставници, се наведува во соопштението од Армијата.

На ниво на Армијата, беше реализирана и вежбата „Immediate Response 25“ на АП „Криволак“, каде во теренски услови беа сместени над 2 200 припадници од Армијата и странски вооружени сили.

Воедно потенцираат дека во ниту еден од наведените случаи и покрај големиот број на ангажирани лица, не била евидентирана појава на ваков тип на заболување.

Од Министерството за одбрана велат дека постапуваат согласно барањата на Армијата и дека за конкретниот случај ќе се преземат мерки според насоките на Воено-медицинскиот центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Нема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП.

Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.

Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.

Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независност

Свечената програма започна со интонирање на хрватската и македонската државна химна, со моќна и импресивна изведба на професионалниот хор ПРО АРС, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски.

Амбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независност

Амбасадата на Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, со свечен прием и врвна културно-уметничка програма го одбележаа 8. Септември еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја во знакот на 35 години независност на Македонија.

На свеченоста која се одржа во Хрватскиот државен архив во Загреб присуствуваа високи претставници на државни институции, дипломатски претставници на амбасадите акредитирани во Република Хрватска, верски великодостојници, високи претставници на Македонската православна црква во Хрватска, Македонци кои живеат во Хрватска, како и бројни гости.

Во своите обраќања, амбасадорот на Македонија во Хрватска Н.Е. Драган Ѓурчевски, директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска и директорот на Македонскиот државен архив Димитар Богески, истакнаа дека 8. Септември е повеќе од државен празник – тој е симбол на државноста, на достоинството и на националното заедништво.

Свечената програма започна со интонирање на хрватската и македонската државна химна, со моќна и импресивна изведба на професионалниот хор ПРО АРС, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски.

Централниот дел од прославата беше свечениот концерт на македонска хорска музика на меѓународно реномираниот хор ПРО АРС под диригентство на маестро Сашо Татарчевски со дела од македонски композитори, инспирирани од македонската историска традиција и изложбата на македонскиот Државен архив, „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ на авторите Бранислав Светозаревиќ, Марина Ѓоргиевска и Никица Тасевска.

ПРО АРС со својата маестрална интерпретација и силен емотивен набој ѝ даде посебна свеченост на вечерта, претставувајќи ја убавината, богатството и живата сила на македонската музичка традиција, а изложбата на Македонскиот државен архив – „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“, создаде впечатлива целина во која македонската култура и историја беа претставени на најдостоинствен начин.

Музиката и архивскиот документ, секој на свој начин, ја раскажаа истата приказна – приказната за еден народ, за неговата колективна меморија и за неговата вековна борба за сопствена држава.

Преку средбата на музиката и историската документаристика беше потенцирана важната улога на културната дипломатија во процесот на приближување и на соработка меѓу народите и државите. Културната дипломатија не е само претставување на сопственото наследство, туку создавање простор за меѓусебно разбирање, почитување и продлабочување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска.

Централниот настан по повод одбележување на 35 години независност на македонската држава во Хрватскиот државен архив во Загреб носеше длабока порака: архивскиот документ го чува паметењето, музиката го оживува, а културата го претвора во трајна врска меѓу луѓето и државите.

Вечерта беше збогатена и со дегустација на македонска храна и вино.

Во текот на месец септември во Загреб и Хрватска следуваат уште десетици културни настани по повод 35 години независност на Македонија како дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер