Шоу бизДиЏеј Дипло се спасува заедно со Крис Рок од фестивалот во Невада, заглибен во кал (ВИДЕО)Диџеј Дипло и комичарот Крис Рок успеаја да се извлечат од фестивалот Burning Man кој викендов се претвори во катастрофа поради невремето.Диџејот на својот Инстаграм профил објави видео во кое објасни дека еден фан нему и на Крис Рок им понудил да се спасат од фестивалот со неговиот камион. „Одев со часови со дупка во чевелот бидејќи имам шоу вечерва и не сакав да ве изневерам. Исто така, чест на овој човек што паметно купи пикап, не знаејќи дека тоа ќе го доведе до овој момент“, се пошегува диџејот во описот на клипот. Тој додаде дека пред тоа пешачеле речиси 10 километри низ калта за да побегнат од фестивалот каде што загина едно лице. View this post on Instagram A post shared by diplo (@diplo) Американците го нарекоа фестивалот „Burning Man“ „национална катастрофа“ откако 73.000 посетители останаа заробени во пустината поради дождот и калта. Според американските медиуми, на посетителите им било кажано да останат во камповите и да чуваат храна и вода откако дождот го претвори целиот фестивал во куп кал. „Движење е дозволено само со возила за итни случаи. Доколку сте во градот Блек Рок, засолните се во вашето место и останете безбедни“, велат организаторите, додавајќи дека евакуацијата може да потрае некое време. Поради вонредните временски услови, проблем имало и со празнење на тоалетите поставени во фестивалскиот камп, поради што целото искуство забрзано се претвора во (смрдлива) ноќна мора. Голем број посетители немаат ниту сигнал на своите мобилни телефони. Фестивалот требаше да трае до утре, но до вечерва се очекуваат нови врнежи, па не се знае што ќе биде со фестивалот и посетителите. Програмата, се разбира, засега е прекината. Инаку, проблеми со фестивалот имаше уште на самиот почеток поради ураганот Хилари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16