Девојката на Кристијано Роналдо го смени имиџот: Повеќе не е бринета (фото)

Девојката на прославениот фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригез на социјалните мрежи го покажала својот нов изглед.

Георгина (23) се одлучила да стане русокоса па со шеговит коментар ја прокоментира својата нова фризура: „Полудев. Станав русокоса“.

I went crazy... I went blonde⚡️🖤

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Кристијано и Георгина ја имаат ќерката Алана Мартина, која според зборовите на Родригез уште повеќе го зацврстила нивниот однос.

„Тоа нас уште повеќе не зближи. Посреќни сме од било кога“ – изјавила неодамна Георгина за магазинот „Hello”.

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти.

Холандската интервентна полиција рано утринава го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремено насилните судири, соопштија властите.

Во пораките објавени во текот на ноќта на социјалната мрежа X, полицијата наведе дека мора да дејствува за да го запре овој настан и да ги растури шаторите поставени од демонстрантите кои беа насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред. Ги гледаме снимките на социјалните мрежи. Разбираме дека тие снимки може да изгледаат интензивно“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстрантите пукаат со пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко... полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсајланд“, соопшти полицијата подоцна на X.

Холнадскиот министер за образование во заминување, Роберт Дијкграф, изјави дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

Студентските протести поради војната и академските врски со Израел почнаа да се шират низ Европа, но останаа многу помали од оние во САД.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

притисни ентер