Девојка со мачета го принудила бившото момче на секс

Вооружена со мачета , 19 годишната Американка Саманта Реј Маерс го натерала поранешното момче на секс.

Девојката насилно влегла во домот на поранешното момче во градот Грејт Фолс во државата Монтана. Таа се скрила зад вратата и кога момчето влегло во собата , му ја ставила мачетата на вратот и го присилила на секс. Момчето пред полицијата изјавило дека се плашело за сопствениот живот и затоа не се обидело да избега. Цело време девојката ја држела мачетата во раце.

По извесно време меѓу нив избила кавга , по што вооружената девојка уринирала по креветот и ѕидот. Преправајќи се дека му се јавува на пријател , момчето успеало да повика полиција. Девојката сега се соочува со обвинение за насилен упад, напад со оружје , незаконско заложништво , насилство над љубовен партнер и уште две кривични дела.

Според локалните медиуми , Маерс има некаков вид душевна болест , бидејќи тврдела во полицијата дека момчето нејзе ја киднапирало. Таа во април била обвинета дека го давела партнерот по кавга. Тој успеал да ја совлада , но не сакал да ја пријави за да нема проблеми со законот.

На суд се дозна дека 19 годишната Маерс била во врска со нападнатиот околу седум години .

Салфетката на Меси се продава на аукција, веќе се понудени 300.000 евра

Денеска е отворено наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише со тогаш 13-годишниот Лионел Меси, а предвремените понуди достигнаа речиси 300.000 долари.

Салфетката беше потпишана во декември 2000 година кога Карлес Рексах, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со агентот Хорасио Гаџиоли да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (274.824,00 долари) набргу по отворањето на продажбата, според веб-страницата на аукционерот. „Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.

Меси ѝ помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови. Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами. „Ако го сакате фудбалот, ќе знаете сè за Лионел Меси и ќе знаете дека тој го дефинираше фудбалот со генерации. Ако сакате дел од акцијата, ова е местото“, рече Сендс. Онлајн продажбата завршува на 17 мај.

Димитриевски: ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија

Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва изспиша историја, истакна лидерот на движењето Максим Димитриевски.

Димитриевски посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остнати политички субјекти.

Тој упати и честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и победата на Гордана Силјановкса Давкова и и поска успешен мандат.

притисни ентер