Девојка отишла на божикна забава- сите се смеат што направила пред нејзината куќа (ВИДЕО) - Канал 5

Девојка отишла на божикна забава- сите се смеат што направила пред нејзината куќа (ВИДЕО)

Камерата на вратата го сними урнебесниот момент откако младата тиктокерка @tiaowenx се врати од божиќна забава на компанијата.

Девојка отишла на божикна забава- сите се смеат што направила пред нејзината куќа (ВИДЕО)

Таа на своите следбеници прво им покажа како се подготвувала за забавата – во долг црвен кадифен фустан, а потоа како изгледа кога се вратила дома, пренесува Newsweek.

„Традиционални неколку пијачки на дружбата за Божиќ“, напиша девојката со објавеното видео и додаде: „Камерата секогаш ги снима моите најдобри моменти“.

А што снимила камерата? Гледаме млада тиктокерка како танцува и се врти пред вратата, додека во рацете носи нешто што личи на домашно милениче?!

По некое време се појавува нејзиниот партнер и ја внесува внатре.

Голем број корисници реагираа на видеото, главно со хумористични коментари. Така едниот напишал: „Честитки како танцуваш во штикли“, а другиот додал: „За среќа типот влезе во куќата“.

@tiaowenx Door bell cam forever capturing my best moments x #workschristmasparty #christmasparty #worksdo #foryoupagе #fyp ♬ Behind These Hazel Eyes - Bounce Projectz

Поединци коментираа и за предметот што таа го носи, а едно лице се пошегува: „Ми се допаѓа! Секогаш доаѓав дома со нешто што мислам дека е корисно“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2.

В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување.

Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута.

Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство.

YouTube video

Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот.

По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер