Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
2Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
СветДевојка била силувана од двајца германски војници во касарна, едниот го снимал другиотМлада девојка (18) запознала двајца војници во клуб во Келн кои наводно ја однеле во касарната по забавата каде брутално ја нападнале.Ова се наведува во обвинението што јавниот обвинител го прочита во средата пред регионалниот суд во Келн. Двајца од обвинетите, војниците Асмир Д.(23) и Хасан К.(24), тврдат дека немало сексуален однос за кој се обвинети. Војниците тој ден дежурале во касарната Конрад Аденауер, од каде отишле во ќебапчилница, а потоа во „Дијамат клубот“ во центарот на Келн. Таму сретнале млада жена која не можела да го најде својот пријател со кого излегла, па ѝ понудиле да ја одвезат дома, пишува Билд. Како што тврдат, девојката била многу пијана и потенцијално под дејство на дрога. Меѓутоа, обвинителството во обвинението ја претстави и другата страна на приказната: војниците ја прошверцувале жената на задното седиште од автомобилот покрај стражарите и ја донеле во касарната. Таму тие наизменично ја силувале и се снимале како го прават тоа. За време на малтретирањето, жртвата била во несвест и неподвижна лежела на креветот. Откако завршиле со наводното малтретирање, двајцата војници ја сокриле 18-годишната девојка во автомобил и ја оставиле дома. Бундесверот засега ги ослободи обвинетите војници, а судскиот процес продолжува. Се очекува пресудата да биде изречена кон средината на декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостовски: Бутел е лидер во спортот – доделени 349 спортски стипендии Општина Бутел информира дека вчера се доделени 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината. Општина Бутел информира дека вчера се доделени 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината. Со конкретни дела и историски вложувања во спортот, локалната самоуправа поставува високи стандарди во Македонија. Општина Бутел спроведе транспарентна постапка со јасно утврдени критериуми и обезбеди месечна и еднократна финансиска поддршка за сите спортисти кои аплицираа на јавниот повик. Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека е особено горд и верува дека стипендистите се идните европски, светски и олимписки шампиони кои ќе ја прослават Македонија ширум светот. Воедно, градоначалникот нагласи дека ќе продолжи биде цврст партнер на секој спортист и спортски клуб од општина Бутел. Лидерската позиција не се стекнува со зборови, туку со дела, инвестиции и резултати. Во општина Бутел вредноста на спортот е најголема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаЃорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж... Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж, две нови училишта и противпожарна станица.Во телевизиско гостување градоначалникот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски најави интензивирање на реализацијата на неколку капитални проекти во главниот град, меѓу кои завршување на дел од проектот „Лимак“, изградба на две училишта, нова противпожарна станица и активности за возобновување на Луна паркот. Ѓорѓиевски истакна дека проектот „Лимак“ е еден од најзначајните инфраструктурни зафати за Скопје, кој, според направените студии, треба да го намали сообраќајниот метеж за најмалку 33 проценти. „Лимак е еден од најзначајните капитални проекти во главниот град којшто по сите студии, сообраќајни за 33 проценти најмалку ќе го намали сообраќајниот метеж во главниот град, тоа е државнички потег и проект не е само градски. Е сега, Лимак, целта ни е, втората половина од наредна година, да го завршиме овој дел, фазата од Кисела Вода, таму содржи два кружните текови големи, рампата пристапна во тунелот и се останато, и напоредно да влеземе во процес со последната фаза, тоа е од кај Нова Македонија“, рече Ѓорѓиевски. Меѓу инфраструктурните зафати градоначалникот Ѓорѓиевски ја посочи и изградбата на третата лента на влезот во Скопје, во општина Гази Баба, која исто така е планирана за следната година, а воедно најави и изградба на две нови училишта. „Тука би јас споменал третата лента на влезот на Скопје во Гази Баба, кој што исто така наредната година, ќе го правиме и уште еден сет капитални проекти. Многу е добро што предвидовме средства за брзо од денес кај распишеме тендерска постапка после години, во градот Скопје ќе почнат паралелно да се градат две училишта. Едно ново училиште средно во Ѓорче Петров, едно училиште е во Драчево, тоа се руинирани стари бараки, ние треба многу да инвестираме во образованието и затоа имаме годинава капитални инвестиции како никогаш до сега во образованието“, истакна Ѓорѓиевски. Како дел од развојните планови за Скопје, градоначалникот ги најави и противпожарна станица и Луна паркот за кој во наредниот период треба да започнат конкретни активности. „И еден од клучните проекти е нова противпожарна станица која што ќе биде на Тромеѓе, средства обезбедивме, земјиштето ни го предаде Владата. Веќе во катастар се направи промената и за брзо од денес ќе ја распишеме тендерската постапка, така да јас ќе бидам исто така градоначалник кој што ќе биде запаметен дека после многу, многу години изградил противпожарна станица во главниот град, изградил две училишта, го изградил Лимак и уште неколку клучни капитални проекти за главниот град. И тука би го додал и Луна паркот за кој што многу брзо од денес ќе почнеме со одредени активности“, вели Ѓорѓиевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на ФлоридаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во Флорида следниот месец, но дека би можел да дојде доколку сака.„Ако сака да дојде, сигурно може да дојде“, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-центар во Флорида во четвртокот, велејќи дека некои луѓе нема да бидат среќни да го видат Путин на состанокот на 14 и 15 декември и дека се сомнева дека самиот Путин би сакал да присуствува, објави Ројтерс. Трамп истакна дека лично би сакал Путин да дојде на самитот на Г20 во Флорида. Кремљ синоќа објави дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин на самитот на Г20. По средбата со Трамп минатата недела, Путин рече дека ќе размисли да дојде на состанокот откако ќе разговара со американскиот претседател, но истакна дека ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија при донесувањето одлука за патување во Соединетите Држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter