Девојка бара сопруг преку билборди, направила и сајт- добила над 4.000 понуди (ВИДЕО) - Канал 5

Девојка бара сопруг преку билборди, направила и сајт- добила над 4.000 понуди (ВИДЕО)

Пронаоѓањето на вистинската личност не е лесно во денешно време, па затоа една жена одлучи да направи еден прилично необичен чекор. 

Девојка бара сопруг преку билборди, направила и сајт- добила над 4.000 понуди (ВИДЕО)

Лиса Каталано (42) од Сан Франциско инвестираше илјадници долари во билборди и реклами на такси со пораката „Ожени се за мене“, а повеќе од 4.000 мажи одговорија на нејзиниот повик, според „Калифорнија пост“, пренесе Индекс.

„Луѓето ќе бидат шокирани од тоа колку потрошив“, рече Каталано. „Дефинитивно ќе објавам преглед на трошоците кога сè ќе заврши и ќе се свршам“.

Кампања вредна илјадници долари

Како што вели таа, поголемиот дел од парите отишле на билборди по автопатот 101 помеѓу Санта Клара и Јужен Сан Франциско. Бидејќи во самиот Сан Франциско нема такви билборди, девојката одлучи да користи дигитални екрани на такси, од кои во еден момент имало околу дваесет. Престанала да рекламира на такси на 1 јануари, а рекламите се прикажувале во циклуси од околу триесет секунди.

Првично, кампањата вклучувала десетина локации за билборди, но до октомври бројот се намалил на шест на осум. За Денот на вљубените, таа поставила 14 специјални билборди со порака за Денот на вљубените .

Покрај рекламирањето, Лиса инвестираше во домен и хостирање за веб-страница што самата ја создаде, како и во промотивни материјали како визитки, флаери и значки. Таа исто така купи печатач и ги покри трошоците за хартија и мастило за печатење и рачно прегледување на илјадници апликации.

@marrylisaofficial Special Valentine’s Day billboards from Marry Lisa - MarryLisa.com #marrylisa #billboards #sfbayarea #valentinesday #billboardbachelorette ♬ original sound - Lisa

„Сè правев рачно, сама, без никаква помош“, рече Лиса, која работеше во технолошката индустрија со години, а сега работи како фриленсер и препродава винтиџ облека. Во областа на заливот Сан Франциско, каде што трошоците за живот и рекламирање се многу високи, целиот потфат ја чинеше илјадници долари, вели таа.

Од 4.000 апликации до први состаноци

Откако доби повеќе од 4.000 апликации, Лиса ги прочита сите и го стесни изборот на 50 мажи, потоа на 20, а минатата есен закажа пет први состаноци за д аго одбере идниот сопруг. Таа исто така вели дека секој кандидат со кој излегува мора да потпише договор за доверливост, за да се заштити и себеси и нив.

Иако сè уште не влегла во ексклузивна врска, 42-годишната вели дека ужива во излегувањата и запознавањето нови луѓе. Денот на вљубените го поминала со маж со кој се гледа околу еден месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?

Ќе успеат ли Синдикатот во културата и Министерството за култура да постигнат согласност за нов колективен договор, откако Уставниот суд во петокот одлучи да го укине сегашниот? 

Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?

Ниту ќе работиме без права од први април, ниту ќе дозволиме да се намалат веќе стекнатите права – порачаа од синдикатот на културата на Македонија, кои одлуката на Уставниот суд да го укине колективниот договор ја нарекоа исфорсиран и изнуден процес без преседан. Според нив, ваквата постапка претставува тежок удар врз вработените во културата, а Македонија велат, испраќа порака дека е рушител на работничките и синдикалните права во државата. Протестите, најавуваат ќе продолжат, а не го исклучуваат ниту штрајкот како опција.

„Ние како синдикат си остануваме доследни на нашите права што ги имаме стекнато и ќе си ги браниме нашите права. Дали тоа ќе биде преку социјален дијалог, кој што нели ќе се одвива во овој нареден период, или преку форма на синдикално делување, протести, а можни се најави и за штрајк во културата. Ние продолжуваме со протестите, следната недела ќе биде соопштен денот кога ќе одржиме протест пред министерството за култура, и натаму ќе продолжат протестите, бидејќи правата на вработените не можат да бидат избришани со една одлука на Уставниот суд.“

Одлуката на Уставен суд, кој колективниот договор го преиспитува од април е очекувана, вели за Канал 5 националниот координатор за култура – Зоран Љутков. Според него, вината што состојбите се во слепа улица е кај СКРМ, бидејќи, вели не покажале капацитет за преговарање. Љутков тврди, им биле понудени бројни решенија, но без никаква реакција од другата страна.

„Очигледно дека ова раководство на СКРМ нема никаков капацитет за преговарање, а тоа се гледа од состаноците кои што се направени и неколкуте работни групи. Ние како министерство и како тим досега имаме дадено неколку предлози како може да се надмине проблемот, а од другата страна, од страната на СКРМ досега немаме добиено ниту еден конкретен предлог, и од тие причини целата вина ја префрлам јас таму во неможноста за преговарање од страна на ова раководство на СКРМ, мислам дека ова раководство дека нема никаков капацитет.“

Колективниот договор, кој беше укинат од Уставниот суд важи до први април 2027 година, вакуум простор во кој двете страни треба да најдат заеднички јазик и да ги уредат правата на вработените во културата, оти во спротивно, по престанувањето на важењето на договорот, ќе нема начин за ислата на плати.

Според Уставниот суд, спорното во колективниот договор е тоа што не постои законска методологија за пресметување на платите, можноста за нееднаквост меѓу вработените, како и уредување на прашања надвор од законските рамки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер