Шок на ЗОИ во Милано: Биатлонец освои медал, па пред милиони призна дека ја изневерил девојката - Канал 5

Шок на ЗОИ во Милано: Биатлонец освои медал, па пред милиони призна дека ја изневерил девојката

Мистериозната девојка на ѕвездата од Зимските олимписки игри, кој призна дека ја изневерил во живо на телевизија, одговори на неговиот јавен испад – и вели дека не му простила.

Шок на ЗОИ во Милано: Биатлонец освои медал, па пред милиони призна дека ја изневерил девојката

Норвешкиот биатлонец Стурла Холм Легрејд (28) во вторникот освои бронзен медал во машката индивидуална трка на 20 километри на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, но беше совладан од емоции кога за време на интервју по големата победа призна дека бил неверен кон својата девојка со која бил во врска шест месеци.

Но неговата драматична изјава за љубов, очигледно, не била добро прифатена.

Навредената девојка на Легрејд, која сака да остане анонимна, му порача: „Тешко е да се прости.“

Во писмо до норвешкиот весник „VG“, таа напиша: „Дури и по изјава за љубов пред целиот свет, тешко е да се прости. Јас не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Имавме контакт и тој е свесен за моите ставови по ова прашање.“

Таа додаде дека сака да изрази благодарност „до своето семејство и пријатели кои ме прифатија и ме поддржаа во овој период. И до сите останати кои мислеа на мене и сочувствуваа, без да знаат која сум.“

„VG“ го контактираше Легрејд за коментарите на неговата мистериозна девојка, но тој првично не сакаше да одговори.

Сепак, кратко потоа објави нова изјава за „VG“ во која рече: „Длабоко жалам што ја изнесов оваа лична приказна на ден кој требаше да биде радосен за норвешкиот биатлон. Денес не сум свој и не размислувам јасно.“

Парот бил заедно шест месеци пред Легрејд приватно да признае за неверството, неколку дена пред настапот на Зимските олимписки игри.

Говорејќи за норвешката телевизија „NRK“ по трката, Легрејд, чие неверство се случило пред три месеци, призна: „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не гледа.

Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот и најубавата и најдобра личност на светот. А пред три месеци ја направив мојата најголема грешка и ја изневерив.“

Тој низ солзи изјави: „Имав златен медал во мојот живот... Само неа ја гледам. Не знам што сакам да постигнам со ова што го кажувам... Би сакал да можев да го споделам со неа.“

Легрејд сè уште немал контакт со девојката кога се појавил на прес-конференција и рекол: „Среќен сум затоа што можеби не го видела ова и можеби ќе го види во вистински момент. Се надевам дека нема да ѝ направам полошо.“

Тој бил забележан како плаче пред камерите додека ја давал својата шокантна исповед по освојувањето на медалот.

Откако се смирил, биатлонецот продолжил, велејќи за „NRK“ дека бил подготвен метафорично да „фрли нуклеарна бомба“ за време на интервјуто за да се обиде да ја врати својата девојка.

„Затоа што таа веќе ме мрази, а се надевам дека можеби тоа ќе ѝ покаже колку ја сакам“, додаде тој.

Кога бил прашан за идентитетот на девојката, спортистот одбил да го открие нејзиното име од почит.

„Веројатно сè уште ја обработува пораката од минатата недела, но се надевам дека има светло на крајот од тунелот за двајцата. И дека сè уште може да ме сака“, изјави тој.

Легрејд откри дека одлучил јавно да зборува за неверството вечерта пред големата трка, велејќи за телевизијата: „Синоќа имав некакво откровение дека треба да ја фрлам оваа бомба... Па ќе видиме што ќе се случи. Немам што да изгубам.“

Неговиот соиграч Јоханес Дале-Шјевдал подоцна откри дека бронзениот медалист му кажал за неверството, додавајќи: „Знаевме за тоа, да. Немам многу коментари сега. Добро е што е искрен, и ако сака да зборува за тоа, во ред е.“

Гледачите брзо реагираа на телевизиското интервју, при што еден корисник на „X“ напиша: „Тука скршеното срце е толку длабоко што очајнички се обидува да ја врати љубовта во вистински холивудски стил. Му симнувам капа!“

Други го исмеваа драматичниот настап, па еден корисник напиша: „Најглупавото нешто што сум го видел... Вака никогаш не се враќа девојка. Само во филмови, никогаш во реалноста.“

Признанието дојде откако тој го освои својот прв олимписки бронзен медал во напната машка индивидуална биатлон трка на 20 километри на арената Антхолц-Антерселва во вторникот.

Извор: Дејли Мејл

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер