Девојчиња играле тенис на кровови на згради , кога ги изненадил Федерер (ВИДЕО)

Карола и Виторија на 11 и 13 годишна возраст се италијански девојчиња кои, среде најголемата пандемија на коронавирус, играа тенис на кров на две згради, секоја на свој покрив. 

Снимката на нивниот натпревар стана светски позната, па стигна и до Роџер Федерер.

Познатиот Швајцарец реши да ги изненади и да одигра партија тенис со нив. Се започна како интервју со девојчињата, а во еден момент, зад грб им се појави Федерер.

„Бабо, Федерер е на покривот со нас, шампионот!“, викаа девојчињата.

„Сум играл на толку многу места во мојата кариера, низ целиот свет, но ова е дефинитивно едно од моите омилени игралишта затоа што ме потсетува на посебен момент“, рече Федерер, победник на 20 Гренд слем турнири и за многумина најголем тенисер во историјата.

Разменија неколку поени, секој на свој покрив, а потоа завршија и на вечера. На крајот на краиштата, Федерер ги покани девојчињата во неговиот камп, па затоа е можно оваа приказна да добие продолжение.

Банка на Јапонија ги укина негативните каматни стапки

 Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. 

Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување.

Со одлуката, БОЈ се откажува од политиката воведена во 2016 година – надомест од 0,1 проценти за одредени финансиски институции кои имале вишок резерви во Банка на Јапонија.

Централната банка исто така ја напушта контролата на приносите, политика што се применуваше од 2016 година и која ги ограничувапше долгорочните каматни стапки околу нула.

Бојмацалиев: 27 милиони денари вложени во објектот на ЕВР Гази Баба

Во делокругот на кривичните дела на подрачје на ЕВР Гази Баба случени се 248 кривични дела кои се гонат по службена должност, каде за истите се сочинети 40 кривични пријави против 61 сторител и расчистени се 43 кривични дела, информираше Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска имал работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Гази Баба, каде што беше брифиран за активностите и изготвените планови од СВР Скопје, а по кои постапуваат полициските службеници од оваа организациска единица, во насока на гарантирање на безбедноста на училиштата, јавниот превоз, сузбивање мигранти, обезбедување спортски натпревари, итн.

-Во делокругот на кривичните дела на подрачје на ЕВР Гази Баба случени се 248 кривични дела кои се гонат по службена должност, каде за истите се сочинети 40 кривични пријави против 61 сторител и расчистени се 43 кривични дела, информираше Бојмацалиев. Притоа, како што се наведува во соопштението од МВР, тој истакнал дека вработените во ЕВР Гази Баба имаат драстично подобрени работни услови преку реконструираниот објект во вредност од 27 милиони денари.

-Кога станува збор за ЕВР Гази Баба целиот објект е квалитетно решен и просторниот проблем на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи-Скопје при Одделот за граѓански работи, но и на Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје, унапредувајќи го квалитативното ниво на работа на овие организациони единици кои се од исклучителна важност, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев ги посетил и раководителите на организациските единици во рамки на СВР Скопје кои во моментот во ЕВР Гази Баба слушаат обука „Улогата на полицијата за време на изборите 2024”, во насока на гарарантирање на безбеден и мирен изборен процес.

-Уверен сум дека колегите на обуката ќе ги утврдат веќе стекнатите знаења кои ги демонстрирале и во претходните изборни циклуси. Можам да кажам дека МВР е целосно подготвено за спроведување на фер, слободни и демократски избори по европски терк, рече Бојмацалиев, се наведува во соопштението од МВР.

Борусија е подготвена за Санчо да му плати 35 милиони евра на Манчестер јунајтед

 Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кој е позајмен од Манчестер јунајтед, може да остане во германскиот клуб, пишува новинарот Флоријан Плетенберг.

Дваесет и тригодишниот Англичанец би сакал да остане во Дортмунд. Раководството на клубот исто така е задоволно од играчот и е подготвено да плати до 35 милиони евра за целосен трансфер.

Бундеслигашот од Дортмунд го позајми Санчо од Манчестер јунајтед во јануари 2024 година. Фудбалерот на осум натпревари постигна еден гол и две асистенции.

Санчо играше за Дортмунд од август 2017 до јули 2021 година пред да се пресели во Манчестер јунајтед за 85 милиони евра.

Порталот „Трансфермаркт“ моменталната вредност на играчот од средниот ред ја проценува на 25 милиони евра.

притисни ентер